Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Македонска Историја

Важни забелешки

Македонска Историја Македонска и Светска историја.
СAMO Македонски или Англиски!

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 23-01-2008, 18:08   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Born To Be Wild
 
Аватарот на Makedon-666
 
Регистриран: Apr 2006
Локација: Bogdanci, Macedonia
Возраст: 19
Знак: Шкорпија
Мислења: 119
Популарност: Makedon-666 Новодојденец
Испратете порака преку MSN до Makedon-666 Испратете порака преку Skype™ до Makedon-666
Post Името Орион не е грчко, туку чисто македонско

Јас како љубител на астрономијата, но и како голем љубител на нашата античка култура и историја забележав уште одамна голема сличност помеѓу зборот Орион, името на најпознатото соѕвездие и македонскиот јазик, односно објаснение коешто не можев логички да го објаснам. Пред некој ден одговорот сосема случајно го пронајдов и се остварија сите мои проценки и очекувања, Орион е сепак македонски збор и македонско древно име. Еве доказ за тоа кое би бил уште еден удар за преценетата и фалсификувана грчка историја.


Орион.Име кое можеме да го сретнеме многу често околу нас и кој што најголем дел од нас го имаат слушнато независно од тоа дали го знаат неговото значење.Сепак, името Орион и воопшто поимот Орион во астрономијата е многу значајно од причини што со името Орион е именувано наубавото и највпечатливото соѕвездие кое може да се види на ноќното небо.Во Соѕвездието Орион има седум највпечатливи ѕвезди кои се доста јасни, тоа се ѕвездите: Бетелгез, Белатрикс, Саиф, Ригел, и трите ѕвезди од познатиот и доста впечатлив таканаречен Орионов појас кој се состои од три многу јасни и карактеристични ѕвезди за кои се вели дека според нивната положба пред 10.000 години биле градени пирамидите во Египет: Алнилам, Алнилак и Минтака.Имињата на ѕвездите во астрономијата се претежно арапски, но за имињата на соѕвездијата се вели дека се по потекло од стара Хелада, односно дека таа поделба и именување ја направиле старите Грци. Сепак тука се доаѓа до многу препреки кои оспоруваат некои многу важни факти кои за некој се безначајни, но за љубителите на астрономијата и нејзината историја се многу важни од причини што со тие откритија би се скршиле веќе постоечките теории за некои нешта, во овој случај приказната и митот за Орион. Општо познато денеска е дека името Орион е грчко име односно име со грчко потекло за кое што сите слепо веруваат дека е тоа така, едноставно консумирајќи ги податоците кои се нафрлани, без притоа да се истражи и докаже нешто, туку само грчевито да се тврди нешто без испитувања. Но тука се среќава парадоксот на модерната наука којашто за сето она што е античко и древно вели дека е по потекло од Грција, при што паѓа во ГОЛЕМА ЗАБЛУДА. Денешната наука тврди нешто што не може да го објасни логично. Но одговорот за тоа кое е потеклото на името Орион и воопшто неговото занимање како ловец, по што денес е познат како Орион ловецот се наоѓа токму во нашата маргинализирана култура којашто наместо на светско ниво е сведена на локално ниво, додека Грција упорно краде се, па дури и имињата на соѕвездијата од нас Македонците тврдејќи дека се грчки, без никаков доказ! Одговорот го пронајдов во народното македонско толкување на ѕвездите кое што мислам е едно од основните нешта на модерната астрономија. Која е вистината за потеклото на Орион? Имаме веќе едно тврдење кое што е општо прифатено без пречки кое вели дека Орион е митскиот ловец, легенда која произлегла од старите Грци. Но ситуацијата не е таква како што би сакале да биде нашите јужни соседи. Вистината сепак се крие во древната Македонија. Како нашите предци до пред 50 години, кога сеуште се живеел стариот начин на живот се раководеле по ѕвездите? Во македонското народно толкување на ѕвездите постојат 3 ѕвезди кои се нарекуваат трите орачи, а тоа се ѕвездите од Орионовиот појас: Алнилам, Aлнитак и Минтака. Овие ѕвезди уште од прастари времиња му помагале на Македонецот да се ориентира и да може да го знае времето на изгревање на сонцето и времето за одење на нива, кое што е неизбежен момент на Македонецот со векови наназад, односно земјоделието како секојдневие и единствено нешто кое би му помогнала на нашиот човек да се издржува и преживее. Оттука и најверојатно името на ѕвездите од Орионовиот појас, тројцата орачи, кои му навестуваат на земјоделецот дека е време да се оди во полето, во летниот период кога работата е најголема. Анализирајќи и од порано се јавува голема односно зачудувачка случност на името Орион со двата македонски збора ори и он. Зборот Орион е кованица од два збора и буквално значи Орач! Да го разгледаме потеклото и поврзаноста на зборот Орион со зборот Орач:

Орион => Ори он => Ори тој => Тој ори => Орач

Едноставно, Орион како кованица од двата збора ори и он претставува Орач, потполно исто со толкувањето на народната македонска астрономија. Додека од друга страна пак, Грците кои тврдат дека зборот Орион е грчки збор немаат апсолутно никакво објаснување за потеклото на зборот, туку тие едноставо овој поим и толкување го украле од Македонското толкување и му дале свој белег кој што е лажен, а додека вистинското значење на Орион е сеуште неоткриен. Орион или пак како што вели нашата народна астрономија се трите орачи или пак само Орач (со текот на времето настанале повеќе варијанти на токлување, но сржта е иста, односно орачот или орачите останале тоа што се). Доколку го споредиме значењето на Македонскиот и грчкиот Орион ќе видиме голема сличност што значи дека некој од некој го украл вистинското толкување. Но во овој случај македонецот не би можел никако да ја украде таа легенда бидејќи е очигледно потеклото на зборот Орион којшто е чист македонски збор, збор сздаден со кованица на два збора. По горе увиденото заклучокот сам по себе се наметнува и ја крши теоријата дека Орион е грчко име и збор, но со тоа се кршат и повеќето грчки лаги кои велат дека грците дале најголем придонес во астрономијата, додека најубавото и најголемото соѕвездие носи чисто македонско име и има македонска легенда, која под грчко влијание едноставно мутирала, па наместо Орион Орачот или пак само орачите, светот учи дека Орион е ловец, што е апсолутно погрешно! Оригинално заклучив дека легендата за Орион не е воопшто грчка, туку грчката верзија за Орион е една обична бесмислена мутација на македонската легенда која има и цвсто покритие, а тоа е едноставо името Орион кое едноставно значи Орач, додека зборот Орион нема никаква врска со лов, ловење или ловец. Во тие стари времиња па и денеска најразвиена гранка во Македонија е земјоделието. Тоа е единствено нешто од кое што преживувал македонскиот народ, обработувајќи ја земјата. Орачот е синоним за работа и земјоделство кај македонскиот народ до денес, па како такви древните Македонци по зборот орање едноставно го крстиле најубавото и највпечатливото соѕвездие на ноќното небо, посветувајќи го на орачите како неопходни за преживување, а притоа креирајќи и легенда за тоа. Додека на југ од Македонците живееле Хелените, кои едноставно ја украле целата оваа легенда од Македонија претварајќо го орачот или орачите во ловец. Територијата на стара Хелада е добро позната како неплодно земјиште и каменит регион непогодно за земјоделие. Така македонската легенда мутирала во легенда за Ловецот Орион. Наместо земјоделие, населението претежно би требало да се занимава со лов, па така Орион станал наместо орач ловец во античка Хелада, прилагоден за условите и традициите на грчиот народ,а изобличената легенда и денес продолжила да живее, додека вистинската приказна сеуште се крие во малкуте глави на стари македонци кои успеале да ги запаметат преданијата од своите баби и дедовци во времињата кога се живеело без електрична енергија и воопшто сите угодности коишто денес ги имаме. Таму се крие клучот кој ја отклучи вистината и ја покажа вистинската приказна за најпознатото соѕвездие Орион. Орион повеќе не е ловец, ори он, тој е орач, симбол за многу милениумската борба за преживување на Македонецот, олицетворение на секојдневието на намачениот Македонец којшто тој митски орач го оживеал меѓу ѕвездите и кој му помагал да се ориентира во работата и животот.



Крсте Лештов 15.01.2008
Makedon-666 моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Грчко, Името, Орион, туку, чисто

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
„Под исто сонце“ BorisVM Дневни Вести 0 29-06-2008 23:00
Не по врат, туку по шија? Sisi Образование и Право 100 13-06-2008 15:58
Вистинската загриженост на Грција не е името туку правото на Македонија на сопствен идентитет BorisVM Дневни Вести 0 19-04-2008 08:40
Исто мислење eva2marija Дружење и Кафе 12 17-03-2008 23:23
Чисто информативно vardarce #macedonia и прашања поврзани со IRC 9 03-07-2006 19:07


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 11:40.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68