Христо Чернопеев
Чернопеев е еден од оние кои што сакаа искрено и поштено да помогнат во борбата на македонскиот народ за неговото ослободување. За многу кусо време со својата упорна дејност се издигна над останатите борци, дотолку, што подоцна самиот формира чета со која што ја дава првата борба против Турците во с. Бајалци, Гевгелиско. Тој учествуваше во ред борби против турските војски и врховистичките чети.
Чернопеев има видна улога и во Хуриетот. Тој учествува во настапот на Сандански за Цариград, како началник на одред составен само од Македонци, за симнување на Султан Хамид во 1909 год.
Загинува за време на Првата светска војна при Криволак во 1915 год.