Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Македонска Историја

Важни забелешки

Македонска Историја Македонска и Светска историја.
СAMO Македонски или Англиски!

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 10-06-2008, 03:04   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Форум почетник
 
Регистриран: Feb 2008
Возраст: 37
Знак: Риба
Мислења: 14
Популарност: rudi71 Новодојденец
Стандардно Хипотеза

Читам по сите можни форуми на балканот како едни други се убедуваме дека овие биле Македонци, оние биле Бугари, Срби итн. Се оди и до такви ситници да некои момчиња тука на форумов биднаа стручњаци за тумачење на потписи, некои станаа доктори од областа на историјата, географијата и што ли уште не. Само уште дипломи нема кој да им даде.
Јас имам една своја теза за народот наш Македонски.
Под претпоставка дека и бил Македонец, Александар кога тргнал во поход со себе ги повел и најхрабрите мажи од овие краишта. Тука останале килавите, плашливите и неспособните за војна машки изданоци на гордите тогашни Македонци. Со тек на време и разните други освојувачи од овде си ги зимале оние поспособните што останале така да воопшто не ми е чудно што сега ние како горди Македонци сме едни од најнеспособните народи во светот по сите основи.
Сега ќе ви објаснам зошто се срамам од мојот народ односно од повеќето припадници на Македонскиот народ (секоја чест на исклучоците).
Имено летото 2007 год. со моето семејство бев во Грција на одмор. Сакавме да изнајмиме кола за да може да прошетаме по околината. Пред агенцијата за рентакар имаше една група од околу 5-6 локал момчиња кои беа подпијанети и пееа некакви песни. Кога ги прашав има ли слободни коли за изнајмување на англиски еден од нив кој очигледно работеше во агенцијата ме праша од кај сум, јас му одговорив дека сум од Македонија. Во тој момент една група дечки кои беа во близина на македонски ме опоменаа да не кажувам дека сум од Македонија демек овие можеле да ми прават проблеми. Тензиите почнаа да растат Грците нешто почнаа да се прегрупираат очигледно спремни за расправија. Кога видов колку е саат и реков на жена ми со детето да си оди. По завршувањето на формалностите во агенцијата излегувам кога пред мене Грците гордо стојат пред мене за да се пресметаат. Еден од нив ме бутна другиот ми се нафрли со боксови. Јас почнав да се бранам меѓутоа не бев Брус Ли за да во тој момент ги средам сите. За цело време групата од 7-8 горди Македончиња ( патриоти ) само стоеше на некои десетина метри и немо посматраа што се случува на еден нивни сограѓанин. Откако паднав на земја и почнаа да ме шутираат се вмешаа две момчиња кои покасно се испостави дека се од Белград а кои седеле во блиското кафуле и гледале што се случува. Настана еден здрав бој, па и јас се осоколив, рипнав од земја и за некои 30-на секунди ги средивме Грците кои очигледно не очекуваа на нивна територија дома дека некој така здраво ќе ги излупа. По тоа грчињата се разбегаа зашто овие момчињава што ми помогнаа немаа баш многу разбирање за Грчко Македонските проблеми. По тоа седнавме во блиското кафуле да ги почастам двајцата нови пријатели за добро завршената работа.
Во меѓувреме ни пријдоа 2-3 од групата на горди Македончиња патриоти со нацерени усти дека ептен било добро како ги средивме грчињата. Во тој момент еден од двајцата мои нови пријатели од Белград кога слушна дека овие биле од Скопје рипна како попарен им подели по едно 2-3 вруќи шамарчиња, по некоја клоца у гс и им се развика дека ако уште еднаш ги види ќе ги тепал како магариња по улиците.
По таа случка јас со мојата фамилија си продолживме со нашиот одмор, грчињата ги гледав секојдневно но немав повеќе проблеми со нив, а нашите патриотчиња си заминаа на пола одмор. Со дечките од Србија се почастивме уште неколку пати во наредните денови.
Ете затоа се чувствувам така како што се чувствувам.
П.С. Ако ми се пружи прилика да ги видам моите мили сограѓани кои тогаш немо посматраа што се случува со мене некаде по Скопските кафулиња само ќе ги плукнам бидејќи повеќе и не заслужуваат
rudi71 моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Хипотеза

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:


Времето е според зоната GMT +2. Моментално часот е 02:05.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74