20-04-2008, 16:34
|
#1 (Линк до мислењето)
Најгоре |
| Администратор
Регистриран: May 2002 Локација: Rejkavik Популарност:  | "Европа нe избриша во поим" "Европа нe избриша во поим"
Posted by Goce on 16-Mar-04 at 05:23 PM со УРЕДБА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПАЕвропа н' избриша во поим
Секретаријатот на СЕ препорача да се користи "македонски (словенски јазик", а за националноста "лице од бившата југословенска Република Македонија" Советот на Европа на 2 март издаде интерна уредба со која налага во официјалното обраќање спрема Република Македонија да се користи референцата "бивша југословенска Република Македонија". Според тој "интерен и неофицијален документ", за реферирање на националноста се препорачува да се употребува "лице од бившата југословенска Република Македонија", а за јазикот, културата и традицијата, освен македонски, во заграда да се става словенски. Тоа значи дека има "македонски (словенски јазик, "македонска (словенска култура", "македонска (словенска традиција" итн. Во врска со тој документ, Министерството за надворешни работи на Република Македонија вчера соопшти дека амбасадорот Звонимир Јанкулоски во постојаната мисија во Стразбур вчера се сретнал со Валтер Швимер, генерален секретар на СЕ и остро реагирал на тој документ што е во спротивност со принципите на СЕ. Швимер, пак, се чудел како било можно интерен документ да се дистрибуира и да се печати во македонските медиуми. - Република Македонија очекува соодветен чекор и одговор од Секретаријатот на Советот на Европа - се вели во соопштението на МНР. Документот е за интерна употреба и е потпишан од Јан Клајсен, директор во канцеларијата на генералниот секретар на СЕ, Валтер Швимер. Освен повикување на употреба на референцата, под која нашата земја е примена речиси во сите значајни меѓународни организации, Советот на Европа оди чекор подалеку. За македонска националност се препорачува да се употребува терминот "граѓани на бившата југословенска Република Македонија". За лица од нашата земја што живеат во странство, пак, ќе се употребува следната терминологија: "Македонец", а во фуснота ќе стои "термин за самоидентификација што го употребува лицето за кое станува збор". Ова обраќање кон нашата земја е многу подискриминаторско отколку што тоа е предвидено од Резолуцијата 95 од 1995 година, кога Република Македонија стана членка на Советот на Европа. Во политички кругови во Стразбур и во Скопје се истакнува дека интерниот документ е издејствуван под притисок на Грција и на нејзините пријатели во СЕ, откако во Советот се почесто почнало да се употребува уставното име на нашата земја. Документот веќе бил испратен до членовите на Секретаријатот. (Х.И.) |
| |