Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Македонска Историја

Важни забелешки

Македонска Историја Македонска и Светска историја.
СAMO Македонски или Англиски!

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 15-03-2007, 14:57   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Форумџија во години
 
Регистриран: Aug 2005
Локација: с. Битуше, Macedonia, Macedonia.
Мислења: 2.014
Популарност: Makedon Новодојденец
Стандардно Бугарските комунисти и македонското прашање

Бугарските комунисти и македонското прашање по 1948 година

И во 21 век, бугарските политичари и бугарската држава не признаваат македонски народ. Како времето да застанало во 19 век во Бугарија.

Иако не признаваат посебност на македонскиот народ, буагрските официјални лица многу добро знаат Македонците постојат и ќе постојат. Проблемот е што во дел од бугарската територија, која всушност е македонска територија, живее компактно македонско население, па од страв од нивно отцепување, Бугарија беше и е принудена да пропагира и да ги побугарчува македонците. Истото се случува и со Грција, која исто така не признава македонско национално малцинство.

Почнувајки со оснјовањето на бугарската црковна формација тнр. Егзархија од 1871 г., бугарите настојуваат Македонија да ја побугарчат, а за сето тоа добивале огромна помош од тогашна Царска Русија, која сакала да создаде една голема бугарска држава од Црното Море до Егејското Море, со Македонија, Бугарија, Тракија, јужна Србија и делови од Албанија. Таа тнр. Санстефанска Бугарија требало да биде една руска колонија, целосно потчинета на Царска Русија. Не е тајна дека Русите во 19 век директно работеле на побугарчување на Македонците, потплаќајки луѓе од Македонија да шират пробугарски идеи. Но, и покрај тие руски антимакедонски напори, а од 1871 г. и пропагирани од бугарската Егзархија, македонскиот национален дух не умрел.

Уште од самиот почеток на работењето на бугарската егзархија во Македонија, бугарите се соочиле со македонската национална свест на македонскиот народ. Првиот секретар на Егзархијата во Македонија, Петко Славејков уште пред 135 години многу јасно во своите извештаи до бугарскиот Егзарх пишувал дека Македонците не се чувствувале Бугари, а потоа и бугарскиот историчар Георги Бакалов, па патописите на бугарскиот езгархиски пропаганден учител Васил К`нчов итн. Затоа пак, бугарската црква во Македонија не мирувала, туку ширела пропаганда дека Македонците се Бугари, спроведувајќи ја истата преку нивните училишта; Егзархијата имала многу повеќе училишта во Македонија, отколку во нивната Бугарија.

Со окупацијата на пиринска Македонија 1913 г., бугарската држава се соочила со македонската национална свест на тамошното население, кое тежнело кон отцепување од Бугарија и формирање македонска национална држава. Да ја сузбие таа закана по бугарската територија, царска Бугарија почнала уште поголема пропаганда и бугаризација на тамошното македонско население. Во таа насока, бугарските власти ги користат и петтоколонашите, етнички Македонци, но платеници на Бугарија. Македонските предавници својата плата од бугарската држава ја заработувале на различни начини: пропагирајки бугарски национален карактер на Македонците, пишувајки пробугарски литература, дирекнто учествувајки во бугарските воено-полициски сили итн.

Преврат доаѓа во 1944 г., со доаѓањето на власт во Бугарија на Ѓорѓи Димитров, етнички Македонец родум од град Разлог. Тогаш тој им дава на своите сонародници од пиринска Македонија, целосна културна автономија, со право на отцепување од Бугарија по извршениот Референдум, кога пиринските Македонци изгласале нивно припојување кон тогашна НР Македонија и СФРЈ. За жал, во тоа време настанува заладување на односите меѓу Југославија и УССР, па како Македонецот Димитров беше наклонет кон Југославија и Тито, во Москва 1948 г. беше ликвидиран од Сталин. На негово место Сталин го носи комунистичкиот диктатор Тодор Живков за Претседател на Бугарија. По тригодишна слобода, пиринските Македонци се најдоа пак кон нов, сега уште посилен и понасилен бран на побугарчување, спроведуван од Комунистичката Партија на Бугарија.

И покрај сите пропаганди, македонската национална свест преживеала и била масовно присутна меѓу етничките Македонци во Бугарија. Поради тоа, во бугарската тајна служба “Државна Сигурност“ се формира еден цел оддел во борба против македонштината и сузбивањето на македонската национална мисла тнр. “Четвърти отдел е специализирал в протурски и промакедонски национализъм“. Со овој факт, Бугарија докажува дека постоела масовна македонска идеја кај бугарските Македонци, штом тајната бугарска служба имала цел еден сектор во борбата против она што тие го нарекуваат “македонски национализам“. Штом имало македонски националисти, постоело и македонско национално малцинство во Бугарија и постои се` уште.

Денеска, бугарските историчари едногласно лажат дека македонскиот народ се измислица на комунистите и коминтерната. Бугарија беше комунистичка земја 1944-1991 г. за кои тие работеја, па според тоа и таа требало да ги “измислува“ Македонците, а не да забранува самоопределување и слободно јавно национално изјаснување на припадниците на македонскиот народ во Бугарија. Да немало национално свесни Македонци, немаше да има еден цел оддел во бугарската тајна служба за сузбивање на македонската борба за национална еднаквост, која бугарите ја нарекуваа “македонски национализам“.

Во Бугарија се обелодени дека најгласните негатори на македонската нација, всушност биле комунистички агенти на бугарската “државна сигурност од четвртиот оддел за сузбивање на македонскиот национализам“. Лидерот на антимакедонската ВМРО-БНД од Русе, господинот Каракачанов јавно призна дека бил комунистички бугарски шпиун и борец против македонското национално малцинство:

"В сътрудничеството си с българските служби за сигурност 100% съм работил за националните интереси на България. Работа на структури на Държавна сигурност тогава беше и борбата против македонизма, понастоящем прераснал в сепаратизъм, и пресичането активните противобългарски действия на югославското разузнаване на територията на Пиринска Македония. Изготвил съм 3-4 експертни становища по македонския въпрос и политиката на България спрямо Македония и Югославия, които не касаят вътрешни събития и хора. Никога и по никакъв повод не съм коментирал събития или хора от вътрешно-политическия живот на страната.

В разговорите си за сътрудничество с офицерите от тогавашната Държавна сигурност поставих две условия - по никакъв начин да не се говори за хора и за вътрешното управление на страната, и да мога да изказвам свободно мнението си в експертните становища по македонския въпрос, които изготвям.
И сега смятам, че за всеки български националист е гордост и дълг, да сътрудничи с българските служби за сигурност в борбата с враговете на българщината."

Значи, бугарите знаат дека постои македонски народ, национално свесни Македонци во Бугарија. Пиринска Македонија никогаш не била под српска или југословенска окупација, таму србите и југословенските комунисти никогаш не спроведувале некаква пропаганда. А национална свест, чувство на македонска национална припадност, не може некој да всади за период од 3 години, за времето на Ѓорѓи Димитров. Да ја земеме Бугарија, уште од 1871 г. се обидува преку пропаганда да ги побугарчи Македонците и покрај таа преагресивна бугаризација, во Бугарија и после 140 години постојат национално свесни Македонци.

Колега на Каракачанов по македонското прашање бил и денешниот бугарски претседател господин Прванов. Сите бугарски медиуми објавија за Првановата антимакедонска комунистичкобугарска агентска дејност, а бил познат како “Агент Гоце“.

Георги Марков, бугарски историчар и директор на “Македонски Научен Институт“ -главниот орган за бугаризација на Македонците и давање лажен пробугарски карактер на македонската историја, во едно свое интервју изјавува: “ако си специјалист по македонското прашање....мораше да работиш за општеството, за државата, разбири ја државата = партијата (Комунистичка Патрија на Бугарија)“. Како после ова, бугарските комунистички “историчари“- агенти на тајните бугарски служби имаат лице да лажат дека Македонците се измислица на комунистите, кога тие, како најокорели комунисти работеле на потиснување и уништување на македонската национална мисла? Како што гледаме, многу луѓе од Бугарија и од бугарската и македонската дијаспора, предобро заработувале и граделе кариери со ширење бугарска пропаганда и спроведувајки со тоа бугаризација врз етничките Македонци.

Агент на Бугарската Комунистичка Партија (БКП) беше и Ванчо Михајлов, кој својата плата ја заработувал пишувајки пробугарски пропагандни материјали дека Македонците се Бугари.На бугарската ТВ Емисија „Коритаров Шоу“, Константин Чак`ров, главниот советник на комунистичкиот бугарски претседател Тодор Живков, јавно објави дека Ванчо Михајлов бил цело време издржуван т.е. плаќан од КОМУНИСТИЧКА Бугарија.

Чак`ров вели дека парите од комунистичка Бугарија, Михајлов не ги добивал директно од Бугарија, туку преку „луѓе кои можеле да помогнат“, а тоа биле бугарски комунистички агенти по светот, многу од нив и Македонци.

Господин Ѓорѓи Младенов, најголем бугарофилски Македонец во Канада и издавач на еден од весниците „Македонска Трибуна“ која пак од Македонската Патриотска Организација- МПО Америка е претставена како неовластена, пишува дека пробугарските македонски иселенички организации, кои пред се биле човек-организација, испраќале пари на Михајлов. Еве што точно пишува човекот кој дојде во Скопје да формира бугарско здружение “Радко“ (Радко е прекарот на Ванчето Михајлов) и во центарот на градот го негираше македонскиот народ, нарекувајки го србо-комунистички:

Бележка на редакцията. При приключването на някой отъ нашит#1123; организации по С#1123;верна Америка, всички останали пари се изпращаха директно на Г-нъ. Иванъ Михайловъ въ Римъ Италия. Въ това писмо на Дядо Ангелъ Безевъ до Г-нъ. Иванъ Михайловъ се вижда това. Много отъ парите беха за така наречената Македонска кауза.

Господин Ѓорѓи Младенов јавно ги брани агентите на БКП, Прванов и Каракачанов па за бугарската новинска агенција “Фокус“ вели: “Всеки историк трябва да проучи македонския проблем и да го представя пред българите. Историците трябва да пишат за Македония – и Първанов, и Каракачанов не са направили нищо лошо, ако са писали, че населението от Македония е българско.“

Друг многу познат бугарски “историчар“ на македонската јавност е господин Божидар Димитров, актуелен бугарски функционер и директор на бугарскиот национален музеј, кој уште ги вергла истите антимакедонски фрази од БКП. Тој пак вели дека не требало да го моли тајната бугарска комунистичка служба да пишува антимакедонски текстови и дека тоа што Агент Гоце- господин бугарски председател Прванов го работел е за пофалба: “това, което е направил президентът Първанов, е похвално. “Аз също като него съм го правил, бих го направил и сега. Без да ме моли Държавна сигурност”, каза още проф. Божидар Димитров.

Извори:
http://www.focus-news.net/?id=n512666&chain=1
http://www.focus-news.net/?id=n512666&chain=1
http://makedonskaistorija.blog.com.mk/node/72649
http://www.makedonskatribuna.com/G.Markov%20za%20Purvanov%20MT33.pdf

http://makedonskaistorija.blog.com.mk/node/59048
http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/node/67550
Makedon моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
 

Тагови
Бугарските, комунисти, македонското, прашања

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Меккормак: Прашањето за македонското малцинство во Грција е прашање меѓу двете земји BorisVM Дневни Вести 0 19-07-2008 03:12
"Македонското прашање, кризата на Балканот“ Axios Вести и Политика од Македонија 0 14-07-2008 02:05
Промовирана книгата „Македонското прашање и балканскиот сојуз“ vlade_20 Македонска Историја 14 13-05-2008 04:01
Ламбер: “Ако во Грција немаше проблем со македонското малцинство досега ќе имав одговор на моето прашање“ BorisVM Дневни Вести 0 13-02-2008 22:50


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 20:46.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68