![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Македонска Историја Македонска и Светска историја. СAMO Македонски или Англиски! |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Пирински Цар | Антон Хампл е роден во 1875 год. во Јаромјас (Чешка). Антон Хампл омилен чешки народен трибун на еден од масовните собири Како син на железничар со бројно семејство, набргу морал да го напушти школувањето во гимназија за да работи како браварски чирак. Во 1895 год. завршува занаетчиски курсеви и работи во разни претпријатија како механичар.Во 1907 год. е именуван за генерален секретар на најголемата чешка работничка организација – организацијата на металуршките работници. По три години ќе е и Претседател на Чешкословенската Социјал-демократска партија, а потоа и пратеник во Парламентот на новата Чешкословенска република. Всушност тој е еден од најжестоките и најомилените национални трибуни за самостојна Чешкословачка држава. Заради заслугите како голем национален лидер тој обавува бројни функции подоцна, а бил и Претседател на Институтот за социјално осигурување – организација со повеќе од два и пол милиони членови, но и Министер за јавни работи. Антон Хампл објавува бројни свои дела од областа на колективното договарање на трудот. На сликата е прикажан како им држи говор на масите народ на плоштадот Венцел во Прага. - Во својот долг одговор на анкетата од в. “Балканска федерација”, Хампл меѓу другото вели: “Сегашното “решение” на македонското прашање направи цел еден народ да биде распарчен меѓу Југославија, Бугарија и Грција и подложен на политика на терор за да се откаже од националното единство и да се асимилира во владеачката нација – или да се истреби... Трагедијата на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД се состои и во фактот што тој не поседува конститутивни сили, а неговите соседи го користат тоа за да ги остварат своите грабачки апетити на сметка на овој несреќен народ..“ Или во оригиналот на француски јазик: “La solution actuelle de la question macedonienne a fait qu`un people enter a ete morcelle entre la Yugoslavie, la Bulgarie et la Grece et soumis a une politique de terreur pour lui faire perde l`unite nationale et l`assimiler a la nation dominante – ou l`exterminer... La tragedie du PEUPLE MACEDONIEN consiste cepandant aussi dans le fait qu`il ne possede pas encore des forces constituantes, et ses voisins en profitent d`une facon effrenee pour satisfaire aux depens de ce malheureux people leurs appetites de lecre et de rapine.“ А Хампл не е било кој, тој е Австриски политичар, Министер и многукратен функционер со Претседателски и лидерски функции во институти, движења, комисии и сл.. - Прашање за негаторите на македонскиот народ “Каде беше Тито кој “го измислил македонскиот народ во 1944 год “ кога уште во 1926 год.,Чехот Антон Хампл зборуваше за МАКЕДОНСКИ НАРОД и неговите окупатори кои најнецивилизациски се однесуваа кон него?!“ Максимилијан Брандајс е роден на 03.VII.1894 год. во Виена. По завршувањето на средното училиште заминал во странство каде што останал две години. Потоа се вратил во Виена и работел како трговски службеник. ![]() Максимилијан Брандајс Бил тешко ранет во војната. Од 1920 год. е Претседател на Здружението на воените инвалиди на Виена и Претседател на Централното Здружение на воените инвалиди на Австрија.Од 05.XII.1930 год. до 17.II.1934 год. бил пратеник во Австрискиот Бундесрат и активно учествува во политичкиот живот на Австрија до нејзината анексија од хитлерова Германија. Неможејќи да ја поднесе анексијата од страна на хитлерова Германија, Брандајс емигрира во САД но е непозната годината на смрт таму зашто со други податоци засега историчарите не располагаат. Во својот одговор на прашањата во анкетата од в. “Балканска федерација” Брандајс меѓу другото вели: “...Зашто сегашното решение на македонското прашање не само што е спротивно на принципите на правдата и на слободата, туку е и иронизирање на принципите на вистинската хуманост. Владеачката реакција ги презема најисконските права на малцинствата (невидените страдања на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД се доказ за тоа) и крваво ги задушува сите нивни барања.“ Или во оригиналот на француски јазик: “Car la solution actuelle de la question macedonienne est non seulement contraire aux principes de la justice et de la liberte, mais aussi une ironie aux principes de vraie humanite. La reaction dominante est toujours desireuse de mepriser les droits les plus primitives des minorities (les souffrances inouies du PEUPLE MACEDONIEN en sont les prauves) et de reprimer d`une facon sanglante toutes leurs revendications.“ - Прашање за негаторите на македонскиот народ “Каде беше Тито кој “го измислил македонскиот народ во 1944 год “ кога уште во 1926 год., Австриецот Максимилијан Брандајс зборуваше за МАКЕДОНСКИ НАРОД и неговите окупатори најнецивилизациски се однесуваа кон него?! “ А Брандез не е било кој, тој е Австриски политичар и пратеник. ![]() ![]() Роден е во Лион, во 1887 год. Бил Директор на Бирото за Училишни архиви и за педагошки истаржувања и Професор на Институтот Жан Жак Русо. ![]() Емануел Дивијар Објавени дела : Актуелните тенденции во основното образование, Училиште на иднината, Едукативната улога на Црвениот крст на младината.Бил соработник на Швајцарскиот народ, потоа Бивш Претседател на Педагошкото друштво на романска Швајцарија. Претседател на Женевското педагошко друштво. Учесник во бројни училишни реформи. Емануел Дивијар е Претседател на Женевскиот Комитет за одбрана од теророт на Балканот. Ова е краткото објаснение за овој гоем хуманист и училишен реформатор од Швајцарија. Но уште поинтересно е како тој го почнува својот одговор на прашањата од анкетата: “Србин ли си? Бугарин ли си? Грк или Албанец? На оваа серија прашања, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ДЕНЕС КАКО И ВЧЕРА, го дава истиот одговор - ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ“. Понатаму Дивијар ги опишува невозможните услов под кои е распарчен македонскиот народ и дава одговори за разрешување на неговата ропската положба.
__________________ „Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија“ Гоце Делчев ![]() |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 24 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| Бугарски, Македонскиот, народ, фалсификати |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| НДМ: Баросо да го преиспита својот одговор и да му се извини на македонскиот народ | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 30-07-2008 17:20 |
| МПЦ повторно апелира на зачувување на името и идентитетот на македонскиот народ, држава и Црква | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 26-03-2008 16:40 |
| СКАНДАЛОЗНО објавени бугарски пописни фалсификати | Makedonski | Македонска Историја | 4 | 28-09-2007 14:20 |
| Најзначаен историски настан за македонскиот народ | Jakov | Македонска Историја | 36 | 23-09-2007 00:25 |