![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Македонска Историја Македонска и Светска историја. СAMO Македонски или Англиски! |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Форум почетник Регистриран: Mar 2008
Мислења: 3
Популарност: ![]() | Апел до сите прогресивни сили во Македонија! Денеска, 3 април 2008 година е ден кога македонската нација повторно е исправена пред историската вистина за територијалните претензии на своите соседи. Овој апел е до сите прогресивни сили на Република Македонија, цврсто да застани зад својата татковина и да покаже дека ова е крај на тиранијата на нашите соседи! Сите политички партии до сега покажаа дека немаат капацитет да ја зачуваат државата, немаат храброст да го искажат својот став, само се повеќе и повеќе го туркаат овој народ во амбисот на мегаломанијата на Грција,Бугарија, Албанија и Србија! Сега, во 21 век, век кој е окарактеризиран како век на мирот и просперитет, државите околу нас на чело со Грција, сакаат да не ништат од картата, да не ништат од нашиот идентитет, да бидеме бугари,грци,албанци или срби! Тоа не смее да се дозволи, се додека тече македонска крв во нашите вени! Да не дозволиме со спуштени глави да го прифатиме и овој ВТОР катастрофален Букурешт за македонскиот народ, да го уништуваме сонот на Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и сите оние кои се бореа за независна, суверена Македонија! Едноставно, не смееме! Денес е денот Д, кога Македонија кажува НЕ на сите оние сили кои сакаат оваа земја да ја гледаат на дното. Денес е денот Д кога почнува да се менува свеста на македонскиот народ. Од денес ги симнуваме дипломатските капи и ракавици и слободно ќе го искажеме својот став и правото да бидеме она што сме – македонци! Протести, петиции, јавни трибини, користење на печатени медиуми, издавање на книги во кои ќе бидат истакнати македонските гледишта е она што треба сега да го направиме. Да покажеме на светот кои сме и зошто сме! Да покажеме на светот дека сме достојни наследници на големите идеи кои ги имаа Александар Македонски, Цар Самуил, Гоце Делчев! Ние сме македонци! Се надевам дека тоа одекнува во вас со чувство на гордост! Пред 2300 години, грците не нарекуваа варвари, сега не нарекуваат скопјани! Но, едно сите знаеме и цел свет знае, ние сме МАКЕДОНЦИ! Па, драги мои сограѓани, со глава крената горе, да се организираме, да им покажеме на сите балкански лешинари кои сме ние! На сите нас, преку глава ни е дојдено од нивното угнетување, малтретирање и омаловажување! Нека биде ова манифест на македонското единство, на она што се бориме со илјадници години, а тоа е МАКЕДОНИЈА! Време е! |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 1 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| доби, Македонија, прогресивни, сили, сите |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Апел за прием на Македонија во НАТО | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 20-05-2008 02:50 |
| До сите што се од село ЦЕР, а се надвор од Македонија | barba | Македонска Дијаспора | 6 | 08-04-2008 17:10 |
| Македонија ги исполнува сите критериуми за да добие покана за членство во НАТО | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 19-02-2008 11:50 |
| Македонија ќе ги преземе сите мерки што и стојат на располагање при евентуалното грчко ветo | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 10-02-2008 22:10 |
| Македонија - Хрватска 17 ноември сите на Градски!!! | trego | Фудбал | 45 | 07-12-2007 23:18 |