![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Македонска Историја Македонска и Светска историја. СAMO Македонски или Англиски! |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Форум зависник Регистриран: Aug 2003 Локација: Leskovo, Leskovo ostrovo, South Sandwich Islands.
Мислења: 2.005
Слики:
1 Популарност: ![]() | Антрополошки карактеристики на населението на Македонија од неолит до среден век 1.(II милениум п.н.е.) ....Во втората половина на II милениум п.н.е. на територијата на Македонија се забележани првите брахикрани краниуми. Од ова време е и најстарата појава на динарскиот антрополошки тип. Хронолошките рамки на наодите од овој период се 15 – 11 в.п.н.е. Освен серијата од Хиподром во која се јавуваат кремирани скелетни остатоци, сите останати се инхумирани... ....Според морфо-метриските карактеристики скелетните наоди од овој период припаѓаат главно на медитеранскиот и динарскиот антрополошки тип. Најбројната група на брахикрани краниуми со изразита планокципиталија, присутна особено во серијата од Уланци е претставник на динарскиот антрополошки тип. 2(I милениум п.н.е) Антрополошките наоди од I милениум п.н.е. потекнуваат од шеснаесет археолошки локалитети. Најголем дел е од Повардарието, но за првпат се јавуваат наоди од Источна и Западна Македонија. Хронолошките рамки на серијата се 8- 3 в.п.н.е. Најголем дел од краниумите во I милениум п.н.е. е брахикран што е потврдено и со распределбата на краниумите во категориите на ширинско-должинскиот индекс. Во вкупната популација 71% краниуми се брахикрани, следи мезокранијата, а најретка е долихокранијата. Некрополите од кои потекнува скелетниот материјал се одредени во железното време, архајскиот, класичниот и хеленистичкиот период.... Според морфо-метриските карактеристики, пред се поради брахикранијата и помалку или повеќе присутната планокципиталија, најголем дел од краниумите од овој период е со динарска антропотиполошка припадност. Ретките мезокрани краниуми му припаѓаат на медитеранскиот антрополошки тип. Во најголем дел од I милениум п.н.е. Македонија, конкретно Повардарието било населено со доминантно брахикрано, динарско население. Во споредба со населението од истиот простор од претходниот милениум постојат големи сличности и на морфометриските и на антропотиполошките карактеристики. 3.(Римски период) Антрополошките карактеристики на населението од римско време се познати преку скелетните остатоци од дваесет и два археолошки локалитети. Споредбата со претходниот период, покажува намалување на брахикраните краниуми за 7% и на мезокраните за 3%, но зголемување на долихокраните за 10% во вкупниот број на краниуми. Во Средно и Долно Повардарие (од Велес до Гевгелија) доминира брахи-кранијата според просечните вредности на сериите, но и според процентуалната застапеност со 80% од вкупниот број и приближно толку одделно по полови. Североисточна Македонија (скопско - кумановскиот басен и областа кон Крива Паланка) има хетероген состав со приближно еднакво учество од по една третина на сите категории на ширинско-должинскиот индекс. Малубројните наоди од Западна Македонија според процентуалната застапе-ност од приближно една третина од сите категории на кранијалниот индекс имаат сличности со Североисточна Македонија. Просечно најниски индивидуи од двата пола се во Повардарието, највисоки мажи се во Западна Македонија, а највисоки жени во Источна Македонија. На некрополите од римскиот период се појавува поголем број на антро-полошки типови во споредба со претходните периоди. Особено се зголемува бројот на долихокрани типови кои се најзастапени на некрополите на Скупи. На овој локалитет се издвојува група во која се присутни карактеристиките на нордискиот антрополошки тип. Во многу скелетни серии од овој период е присутен медитеранскиот антрополошки тип во робусна, грацилна и брахикраната варијанта. Од брахикраните типови е најчест динарскиот антрополошки тип. Според просечните вредности на кранијалните мерки и индекси, машките краниуми од Скупи имаат доста сличности со голем број на серии од римскиот-доцноантичкиот период(Лангобардите од Крањ, Виминациум - Више Гробаља, Августа Трајана, збирната серија на римски краниуми од Грција итн)рвите поголеми промени во антрополошката структура на населението на теритиријата на Македонија, од крајот на II милениум п.н.е. од кога може да се следи континуирано, се забележани во римскиот период. Во овој период постојат промени во кранио- и остеометриските карактеристики, се јавуваат просечно мезокрани серии кај двата пола, се зголемува процентуалното учество на мезо-долихокранијата, има промени во телесната градба и телесната височина и се јавуваат нови антрополошки типови. Интересно е што за најголем дел од овие промени не може да се докаже дека се статистички значајни. 4.(Среден век) Од долихокраните типови најчест е медитеранскиот антрополошки тип со грацилна и робусна ватијанта. Робустен лептодолихоморфен (т.н. словенски) тип е присутен на најголемиот број некрополи. Нордискиот антрополошки тип е констатиран на малку локалитети во Македонија. Одредени кромањоноидни карактеристики се појавуваат на некои наоѓалишта во форма на ниски, правоаголни, камеконхи орбити, но не се следени со широки и ниски лица карактеристични за овој тип. Во некои серии спротивно, постои долихокранија здружена со еурипрозопни и еуримандибуларни лица, но не и со типични орбити. Од брахикраните антрополошки типови најчест е динарскиот антрополошки тип кој во некои серии е и доминантен. Во помал број на серии се утврдени и балтидите. Монголоидни карактеристики се откриени на мал број на краниуми, најчесто женски, во неколку скелетни серии (помладата серија од Свети Еразмо, Дуње, Опила и Демир Капија). Присутни се во градбата на зигоматичните коски и нагласениот прогнатизам. Во вкупната популација постои големо опаѓање на брахикраните краниуми на 38%, што е најниска вредност во сите следени периоди и за првпат е под 50%. Двојно се зголемува процентот на мезокрани, кој со 45% претставува блиску половина од вкупниот број и за првпат е повисок од процентот на брахикрани краниуми. Најмалите промени се кај долихокраните. Нивното учество се зголемува само за 2% во споредба со претходниот период. Најголеми разлики на сите следени крарактеристики (антропо-морфолошки, остеометриски и антропо-типолошки), во споредба со претходниот, римски период, постојат во среден век. *Покрај антропоморфолошките карактеристики за секој период се одредени и основните палеодемографски карактеристики на населението Со ретки исклучоци процентуално изразената смртност има многу слично движење во сите периоди. Тоа се: висока смртност на помалите деца, опаѓање на смртноста кај повозрасните деца, понатамошно опаѓање во јувенилниот период, зголемување на смртноста во третата деценија (20-30 години), големо зголемување во четвртата деценија (30-40 години), највисока смртност во петтата деценија (40-50 години), големо опаѓање во шестата деценија (50-60 години) и многу ниски вредности во седмата деценија од животот. Во сите периоди смртноста на жените е повисока во адултниот период (20-40 години), а на мажите во периодот матурус (40-60 години). Најголем број исклучоци постои во римскиот период. Процентот на детски и јувенилни скелети во скелетните серии од овој период е многу висок (35 -46 %). Интересно е што во најголемиот дел од сериите од овој период триесеттата година не ја доживеало повеќе од половина од вкупната популација (52-56%).Споредбата на збирните серии од различни периоди покажува дека во овој период постои највисока смртност на помладите адулти, од двата пола (20-30 години). Единствено во овој период е.забележана повисока смртност на мажите отколку на жените во периодот помеѓу 30-40 години. Во категоријата адултус е забележан извонредно висок процент (40-50%) од вкупниот број на возрасни мажи и жени, со често повисок процент на машки скелети. Споредбата на движењето на палеодемографските карактеристики низ времето покажува значително влошување на животните услови во римскиот период. Немирните и несигурни времиња, војните, варварските пустошења, природните катастрофи, земјотреси и поплави, епидемии, политичките и верски судири во овој период многу јасно се одразуваат во сите следени палеодемографски карактеристики. Денешното население на Македонија е едно од најбрахикефалните на Балканот (просечно брахи-хипербрахикефално) Процесот на динаризација Со појавата на првите брахикрани краниуми во втората половина на II милениум п.н.е. се јавува за првпат и динарскиот антрополошки тип на територијата на Македонија. На двете некрополи од ова време постојат типични претставници на овој тип и во поединечните наоди (Водоврати) и како вкупна мала серија од исклучиво динарски краниуми од двата пола (Уланци). Од првото појавување, динарскиот тип е широко распространет на некрополите во Македонија низ сите периоди до доцниот среден век. На сегашниот степен на истраженост возможно е да се забележат одредени разлики на овој тип низ времето. Во I милениум п.н.е покрај нагласено широки и кратки краниуми кои се најчести на некрополите од овој период се јавува и мал број на високи, тесни и изразито планокципитални черепи. Поприсутни се кај мажите, особено во скопскиот регион. Во римско време се јавува кај мажите и во една нагласено робусна варијанта со масивна мандибула, екстремно робусна телесна градба и голема телесна висина. Во медитеранско-динарска варијанта е почест кај жените кај кои неврокраниумите се пониски, а планокципиталијата не е изразита. Присутен е на најголемиот дел на средновековните некрополи, а на некои и како доминантен антрополошки тип. Една од најраните појави на динарскиот антрополошки тип е во неолитскиот период на Кипар (Хirotiris N.,1979). На балканскиот простор негова најрана појава е забележана во Бугарија во енеолитските скелетни наоди од Русе (Воev Р., 1972). Првата појава на динарскиот антрополошки тип во втората половина на II милениум п.н.е. во Македонија се поклопува со неговата појава на територијата на (СФР) Југославија каде е констатиран во наодите од пештерата Бездањача (Р. Хрватска) во средно и доцно бронзено време (Mikić Ž, 1981). Од овие први појави, динарскиот антрополошки тип е широко присутен во скелетните наоди на балканскиот простор низ сите периоди до рецентното население. Територијата на Македонија не е исклучок. На почетокот на следениот период, последните векови од II милениум п.н.е., археологијата ги посочува последните бранови на големите праисториски миграции на балканскиот простор (егејските преселби). Скелетните наоди од овој период од Повардарието, кое е голема комуникација кон југ сосема спротивно укажуваат на претежно автохтоно балканско брахикрано, динарско население. На нестабилно време, какво би требало да се очекува во времето на егејските преселби укажува хетерогеноста на малата скелетна серија од Водоврати од каде е и единствениот краниум кој со ултрадолихокранија упатува на туѓи елементи во антрополошката структура на населението од овој период. Сите останати припаѓаат на балканскиот, медитерански и динарски круг на население. На сегашниот степен на антрополошка истраженост, на територијата на Македонија нема траги на големи етнички поместувања во овој период освен извесни индиции за нестабилно време.
__________________ „Македонциве се народ и местото нивно е Македонијa" |
| | |
| Тагови |
| дел, Антрополошки, карактеристики, Македонија, неолит, населението, среден |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Музејот на Македонија утревечер гостува во Словенија со изложбата „Неолитска уметност од Македонија“ | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 27-05-2008 16:10 |
| Населението на ЕУ старее се побрзо | BorisVM | Дневни Вести од Светот | 2 | 30-04-2008 23:02 |
| Темниот среден век - новинарите да се замолчат | Plantaza za portokali | Вести и Политика од Македонија | 124 | 02-10-2007 19:05 |