![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Македонска Историја Македонска и Светска историја. СAMO Македонски или Англиски! |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Ogan pod Zvezdite Регистриран: Oct 2006 Локација: Skopje, Macedonia. Возраст: 31
Мислења: 4.107
Блог записи: 3 Популарност: ![]() | ![]() Гоце Делчев 105 години од загинувањето на идеологот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, ќе бидат одбележани в недела со панихида на неговиот гроб во црквата Св. Спас и со положување цвеќе пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје. Организаторот на програмата, Меѓународната манифестација „Гоцеви денови“, соопшти дека цвеќе ќе положи државниот врв, претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и претседателот на неодамна распуштениот Парламент Љубиша Георгиевски, како и повеќе граѓански и политички делегации. Во Собранието на Република Македонија ќе биде врачена наградата „Гоце Делчев“ - државно признание за значајни остварувања во областа на науката. Нејзини носители за 2008 година се академик Владимир Серафимовски, награден за трудот „Клиничка панкреатологија“), д-р Фросина Ташевска-Ременски за трудот „Македонското национално малцинство во соседните земји“ и д-р Валентин Мирчески, д-р Шебојка Коморски-Ловриќ и д-р Миливој Ловриќ, автори на трудот „Квадратнобранова волтаметрија - теорија и примена“. Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, загина на 4-ти мај пред 105 години. Делчев е убиен од турска војска во 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер. Целта на неговото последно патување била намерата да го спречи или одложи предвременото востание, кое во тие денови (2 до 7 мај) се договарало на Смилевскиот конгрес во домот на Даме Груев. Делчев сметал дека се уште не се созреани политичките услови за кревање востание што, сепак, ќе се случи на Илинден, три месеца подоцна. Неговиот 31-годишен живот почнува на 4-ти февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Во зачуваните писма, Делчев пишува дека се бори за слободна и независна Македонија, со широки права на сиромашното население: „Успехот на борбата ќе дојде со планомерна работа со која ќе им се наложиме на просветените Турци, Грци, Власи, Арнаути. Ќе ги убедиме дека ние искрено се бориме за прогресивно-културна држава, основана врз радикални и социјални принципи во животот и, тогаш, тие доброволно ќе ни подадат братски рака, здружно ќе ја продолжиме сестраната борба. Јас така и го разбирам светот: како поле за културно натпреварување на народите“.
__________________ I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!! Peace is lie, there is only a passion, Trough passion i gain strength, Trough strength i gain power, Trough power i gain victory, Trough victory my chains are broken. The Force shall set me free |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 10 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| 105, Делчев, години, гоце, загинувањето |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| НИЕ ЗА ГОЦЕ | Makedonski | Македонска Историја | 22 | 20-05-2008 13:59 |
| Одбележана 105 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 05-05-2008 00:00 |
| Четири години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 26-02-2008 14:00 |
| Четири години од загинувањето на Борис Трајковски | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 26-02-2008 14:00 |
| Четири години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски | WondeR | Дневни Вести | 0 | 26-02-2008 10:56 |