![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Вести од Светот Вести и дискусии за настаните во Светот. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| ... Регистриран: Apr 2008
Мислења: 979
Популарност: ![]() | http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7...F583B796E0C2CA БРИСЕЛ - Партијата на македонското малцинство во Грција Виножито вчера им го качи притисокот на грчките новинари, парламентарци и дипломати во Брисел, организирајќи прес-конференција и презентација во Европскиот парламент на која го отворија повторно прашањето за нивното признавање и дискриминацијата. Прес-конференцијата се претвори во гневна и скандалозна грчка манифестација со цел да не се остави простор за темата и, место за правата на малцинствата, да се дебатира кој го организирал настанот, со чија поддршка, и зошто не бил обезбеден грчки превод иако работен јазик беше англискиот. Презентацијата на грчката политика кон македонското и турското малцинство беше помогната од Европската слободна алијанса и пратеникот Ирујо Амазаго од Партијата на зелените во ЕП. Тие, притоа, порачаа дека ниту одрекувањата ниту прогонувањата нема да го решат проблемот во Грција и дека е време старите проблеми да се решаваат на нов начин и во оваа земја. Презентацијата доби на актуелност поради актуализирањето на спорот околу името на Македонија и грчка демонстрација на политичка сила во Букурешт, но претседателката на Европската слободна алијанса Нели Мес тврдеше дека тоа што го правеа нема никаква врска со спорот за името, бидејќи тој е билатерално прашање меѓу Македонија и Грција, а признавањето на македонското малцинство внатрешен грчки проблем. Претставникот на Виножито Петрос Касијас ги разгневи Грците, обраќајќи се на италијански место на грчки јазик, со образложение дека не може на македонски, бидејќи не е официјален во Унијата. Според него, по ветото, притисоците врз нив се поголеми во Грција, бидејќи се засилени националистичките сили, но добро е што се зголемил интересот за нив во земјата. Тој оцени дека грчкото вето на македонскиот прием во НАТО не е добар потег кон Македонија и дестабилизирачки кон Балканот и дека Македонците во таа земја сакаат проблемот со името да се реши со помош на САД и Македонија да влезе во Алијансата и во Унијата. „Македонија има уставно име и треба да го има секогаш, а со Грција да го решава на билатерална основа. Компромис со Грција треба да се направи само околу името, но не и околу нацијата и јазикот“, изјави Касијас. Според него, Атина не се плаши толку од нив колку од нивните идеи, бидејќи тие водат до признавање на македонскиот јазик, македонската култура, до обезбедување образование на овој јазик и слично. Претседателката на Европската алијанса Мес, на прашањето зошто е толку голема толеранцијата кон Грција во НАТО и во ЕУ во однос на дискриминацијата на малцинствата, одговори дека многу од парламентарците во Брисел сметаат дека оваа земја гледа во минатото место во иднината. Сепак, на прашањето дали Македонија треба да им помогне на некој начин на нашите малцинства, таа одговори дека тие треба да и бидат лојални на државата во која живеат, а другата земја може да покаже само културна солидарност и дека не треба да си презема компетенции кон друга држава. Касијас пред присутните објави дека има околу 180.000 граѓани на Грција што зборуваат македонски јазик, но дека вистинската бројка ќе се знае само ако Атина дозволи да се организира нов попис во земјата со графа на малцинствата. Притоа, се слушна дека германското малцинство во Белгија брои само 70.000 претставници и тие имаат полна автономија наспроти македонското кое е едно од последните непризнати малцинства во Европа. Прашани од грчките новинари зошто на презентацијата нема ниту еден грчки парламентарец или официјален претставник, од Европската алијанса одговорија дека барале, но наишле на силни притисоци да се искомпромитира настанот што го организираат. Претставникот на грчкиот Хелсиншки комитет Панајоти Димитрас потврди дека десет години по формирањето, Атина одбива да ја регистрира партијата на Македонците и дека граѓаните што се декларираат како Македонци и Турци се цел на напади, нетолеранција и дискриминација. Да биде режијата комплетна, и грчките студенти на тренинг во ЕП поделија памфлети, тврдејќи дека на изборите Виножито добило толку малку гласови што практично покажува дека не постои прифаќање кај населението на оваа партија. „Јазикот не треба да се смета за пречка. Секој треба да се искажува како што сака. Јас сум грчки граѓанин од македонско малцинство, но од италијанска култура и затоа избрав да зборувам на јазикот што го знам најдобро, бидејќи македонскиот не е официјален“, беше одговорот на Касијас на грчките провокации. |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 3 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| Виножито, Брисел, качи, притисокот |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Виножито: Се уште нема промени | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 02-10-2008 02:40 |
| ХИСТЕРИЧНО НАПАДНАТ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВИНОЖИТО | barba | Дневни Вести | 0 | 02-09-2008 23:55 |
| Каде исчезнаа Македонците во Грција, прашува „Виножито“ | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 18-07-2008 15:10 |
| Притисокот врз Германија продолжува | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 07-02-2008 21:50 |
| Засилен притисокот врз Иран | BorisVM | Дневни Вести | 1 | 23-01-2008 19:32 |