Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести од Светот

Важни забелешки

Вести од Светот Вести и дискусии за настаните во Светот.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 30-04-2007, 22:29   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
MK
Форум тинејџер
 
Регистриран: May 2006
Локација: Macedonia.
Мислења: 419
Популарност: MK Новодојденец
Стандардно Тројанците биле Словени?!

Акапулко, 26 април,
Големата Мајка, придружувана од две Дами од Македонија, го стаписа Мексико. Им го зедоа умот на луѓето.
Девицата и воедно Мајка и тетовираните бутини на Дамата од Македонија се појавија среде Сиудад де Мехико и веднаш ги пленија присутните со своето сведоштво дека Првата забележана, дури опеана и до најситен детаљ, со целосен попис на завојуваните страни, опишана светска војна не е онаа од 1914 година! На еден необичен, но воедно горд начин глинените реплики на познатите археолошки наоди ја претставија Македонија среде Сиудад де Мехико како источник на западната цивилизација и како татковина и прибежиште на Хомер, подобро речено на Отмирите, кои од светот (Од Мир=свет) се вратиле тука кај нас да го пренесат аберот за Првата светска војна во историјата на нашата цивилизација. Дошле да го испеат поразот на нивната култура и злокобното данајско предавство, кое ќе им донесе илјадагодишен сургун од татковината и за навека ѕвездено место во западната цивилизација.
Ни оставија запис за ова мракобесие од пред илјадници години, запишано во хексаметарски стих, кој катадневно ги воодушевува сите тие што и ден-денес ќе го земат в раце. Темел е на она што себевљубено го нарекуваме западна цивилизација, иако првиот помен за неа е касапиница од светски размери, пренесуван од уста на уста неколку десетици столетија.
Да, станува збор за Илијадата, и да, станува збор за Македонија како местото каде што била кодифицирана Илијадата. Не знам за Вас, ама во првиот миг кога молскавично ме погоди сознанието дека чудесниот еп не е ништо друго туку опеана војна, испеана кај нас, што го сменила светот, ме обзеде некаква чудна возбуда помешана со неверица. Замислете, војната на Агамемнон и Менелај, помогнати од Ахил, против Пријам и неговите синови, вечно вљубениот Парис и несреќниот војсководец Хектор, била конфликт што од темел го потресол тогашниот познат свет. Според пописот на ахајските и данајските бродови и листата на сојузниците на Троја, се што можело да се движи и да носи оружје се кренало на нозе, едни против други. Толку биле големи последиците на војната што предизвикале цела преселба на народите на Запад, по што е создаден Рим, на север до зад Карпатите и на југ кон Македонија, каде што поменот за Светската војна израснува во кодифициран облик на Илијадата.
Според најновите откритија на Роберто Салинас Прајс, мексиканскиот истражувач, човекот што упорно веќе 30 и повеќе години тврди и докажува дека легендарната Троја, онаа правата, не е во Мала Азија кај Хисарлик, вистинската Прва светска војна била токму онаа Тројанската! Анализата на Салинас Прајс е неверојатно прецизна. Згора, тој успева да ги лоцира сите завојувани страни на еден мошне широк простор околу епицентарот на настаните - Габела и навистина, кога ќе погледнете со такви очи на хомеровскиот еп и придружната Одисеја ви се открива нов свет, вистински од крв и месо зафатен од судир на два мирогледа, две економии и два општествени поредока.
Но, нејсе.
Следејќи го своето прво откритие, хомеровската географија, објавена во првата книга „Хомеровата слепа публика“ Роберто Салинас Прајс, изложен на неверица од повеќе страни, по цели 19 години истражување се нафаќа првичната теза дека Троја, онаа од војната, е во Габела на далматинскиот брег, во денешна Босна и Херцеговина, да ја докаже и со други аргументи и докази. Најсилниот од нив е дека нема намера да ја урива службената и догматизирана наука, туку да ја објасни, да ги пополни празнините и да и даде логика!
И така би. На 18 април, во Клубот на индустријалците во Сиудад де Мехико на светот му беа прикажани „Хомеровски шепотења“, најновата книга на Мексиканецот по татко и Американец по мајка, Роберто Салинас Прајс.
Треба да се прочита оваа најнова книга на човекот што подобро не познава од нас самите, па да паднат, како што барем за мене паднаа, сите стапици што ни ги составува и поставува официјалната догматизирана наука.
Како пријател на Роберто Салинас Прајс, но и негов откривач и претставувач пред народите на Балканот, ми беше доделена честа да ја промовирам книгата во друштво на светската и мексиканска научна елита и јавност. Ги зедов со мене на презентацијата Дамите од Македонија, бидејќи и мене ме копкаше едно сознание што немав смелост да го поставам како теза се додека не се видам со Салинас Прајс. Во нив интуитивно гледав непобитни докази за постоењето на една моќна цивилизација на нашите македонски и балкански простори - Троја.
Големата Мајка дојде со мене како признание за Салинас од Музејот на Македонија, каде што неколку месеци пред промоцијата мексиканскиот истражувач се сретна и остана стаписан од неверојатните откритија за културите што ја плоделе Македонија. Таа всушност е вистинската верига што ги поврза фактите, материјалните докази и сите аргументи на Роберто Салинас Прајс.
Мошне едноставно и толку очигледно што просто боли глава. Еве, да појдеме редум. Веќе спомнатиот и обработен попис на бродови и сојузници говори за војна од светски размери, но не одговара на прашањето зошто. Никому, па ни на најнаивниот читател на Илијадата, не му паѓа на памет да мисли дека грабежот на една убава жена - Елена - може да покрене толку сила, толку војска и толку јунаци едни против други! Сите редум дотогаш познати и непознати!
Не. Очигледно нешто друго, многу поматеријално од љубовта на двајцата млади, Парис, грабнувачот и слабак, и жената на Менелај, убавата Елена, ја предизвикало војната.
Судејќи според откритијата на Роберто Салинас Прајс, Тројанската војна водена околу денешна Габела била судир на две култури, две економии, два политички система, кои од првиот контакт тргнале на патека што ги одвела во конфликт. Но, кои биле и какви се тие системи, мирогледи и економии.
И тука, гостинките од Македонија му го понудија на насобраниот свет одговорот. Во прашање е судир на моќна, но статична цивилизација на производители на храна, водена од жени, и агресивна култура на освојувачи, мажи, како што би потврдил Џаред Дајмонд, човекот што со својата книга „Оружје, бацили и челик“ и даде нова, вистинска логика на историјата на светот.
За Дајмонд и за Салинас Прајс нема никакво сомнение дека вакви две економии не можеле да коегзистираат една крај друга без судир. Потомците на номадите и собирачите на храна, освојувачите, не можеле а да не појдат во грабеж на богатството на потомците на ратарите, производителите на храна.
Ахајците и Данајците на Агамемнон и Менелај се освојувачите. Пријам и неговата Троја биле богатата цивилизација, моќна но статична на производителите на храна, наводнувачите, создавачите на вишоци и креатори на блескава култура. Толку вредности на едно место секако биле привлечи за речиси дивите Ахајци и Данајци.
Но, кој е политичкиот и религиозен поредок, кој е мирогледот и политичката организација на едните и на другите? Моќната Троја, повторно според анализата на Илијадата на Роберто Салинас Прајс цврсто аргументирана во „Хомеровски шепотења“, е под влијание на матријархатот. Ахајците и Данајците го носат како свој политички систем и идеологија - патријархатот. Уште една причина повеќе за судир на двата дела од тогашниот свет.
Убавата Елена и лукавата Атина се метафорите со кои Отмирите го редуцираат историскиот исказ за причината за војната и го синтетизираат во литературна форма. Ако ја земете Илијадата в раце, барабар со „Хомеровски шепотења“, ќе најдете уште еден доказ за ваквата разлика. Додека кај Ахајците и Данајците нема ниту еден женски лик, кај Тројанците има цела плејада доминантни ликови. Од жените на Пријам, преку жена му на Хектор, до тројанската робинка, воен пленик што го обљубува Ахил во соперничкиот табор.
Значи, две економии, два мирогледа и религии и два политички поредока се судираат и војуваат. Но, кои се доказите.
Големата Мајка и Дамите од Македонија!
Овие ретки археолошки наоди потврдуваат дека на Балканот подолг период доминирале жените, матријархатот, но и концептот Девица-мајка, жена-божица. За Салинас Прајс тетовираните Дами се следбеничките на Атина, а Големата Мајка праверзија на Девицата што го раѓа Богочовекот. Значи, нашата Голема Мајка и нашите сензационални Дами не само што потврдуваат дека во плодното и моќно царство на Пријам доминантен бил матријархатот, туку уште еднаш докажуваат дека вистинскиот Илиос, главниот град на Троја, не можел да биде другде освен во Габела.
Македонија долго време била дел од тоа царство на Дамите, а потоа и прибежиште на бегалците од Троја, бидејќи светската војна предизвикала една од најголемите преселби на народите. Според Роберто Салинас Прајс, кон Македонија тргнале Отмирите (Хомер) и таму ги кодифицирале Илијадата и Одисејата како тајни и свети книги на тогашнината. Друг крак пошол кон Италија и го основал Рим, а третиот и мошне интересен крак завршил зад Карпатите.
Овие бегалци ќе се вратат на Балканот како Словени, кои во своите записи во Велесовата книга, напишана зад Карпатите, со жалење ја споменуваат својата „стара татковина во која постојано војувале со Ахајци, Данајци и со Елини“ - Троја!

Epa sega tatari, grci i ostanati glejte si.
MK моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
биле, словени, Тројанците

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Што сте биле во минатиот живот? Penco Дружење и Кафе 28 06-10-2008 02:27
Германија мора да им исплати отштета на Италијанците BorisVM Дневни Вести од Светот 2 05-06-2008 16:59
Канада ќе го преиспитува односот кон Индијанците BorisVM Дневни Вести од Светот 0 29-05-2008 23:50
шкотите биле македонци PISTOL Македонска Историја 32 08-04-2008 11:06
Италијанците помагаат за развој на туризмот во мавровско BorisVM Дневни Вести 0 27-01-2008 07:50


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 03:15.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68