![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Вести од Светот Вести и дискусии за настаните во Светот. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Администратор | РОБЕРТ ФИСК: ЗА АВГАНИСТАН Најдов малку време да го преведам вчерашниот текст на Роберт Фиск од Independent. Можеби изгледа како анализа која не не засега нас овде, но во контекст на нашите тврдења дека без НАТО нема живот, ова може да биде просветлувачки. Robert Fisk's World: Зошто САД мислат дека можат да победат во Авганистан? Сабота, 20 септември 2008 Кутрите стари Алжирци. Им се сервира истата стара глупост од страна на нивната сурова влада. Во 1997-та владеачката каста (the Pouvoir) прогласи „конечна победа“ над нивните зли исламистички непријатели. Во најмалку три прилики, јас известував - секако, не без соодветна доза на цинизам - дека алжирските власти веруваат дека нивните непријатели се конечно победени затоа што „терористите“ биле толку очајни што ги обезглавувале секој маж, жена или дете во освоените села во планините околу Алжир и Оран. И еве ги сега повторно. По жестокото повторно појавување на автомобил-бомба од новокреираната „Ал Каеда во Магреб“, слабата и стара влада во Алжир ја прогласи „уништувачката фаза“ во својата битка против вооружените Исламисти. Како што изјави алжирскиот новинар Hocine Belaffoufi со умешна доза на хумор, „согласно политичкиот дискурс... порастот на напади претставува сигурен доказ за поразот на тероризмот. Колку повеќе се уништува тероризмот, толку се зголемува бројот на напади... така што, јакнењето на тероризмот би требало да значи и намалување на бројот на напади.“ Ние, се разбира, ја промовираме оваа никаква глупост со години во југо-западна Азија. Најнапред, во 2001-та, ја добивме војната во Авганистан преку симнување на Талибанците од власт. Потоа, одмарширавме за да ја добиеме војната во Ирак. Сега - со најмалку еден самоубиец-бомба на ден и со нација поделена на визаемно антагонистички сектаријански енклави - ние победуваме во Ирак и јуриме назад за повторно да победиме во Авгљанистан каде Талибанците, така успешно згазени од напите момци пред седум години, го докажуваат својот морален и политички банкрот преку повраќање на контролата над половина од земјата. Изгледа дека мина еден век од времето кога Donald "Stuff Happens" Rumsfeld изјави „Влада е воспоставена (во Авганистан), а Исламистите не се повеќе закон во кабул. Секако, од време на време рачна граната или ракета експлодира, но и во Њујорк и Сан Франциско исто така паѓаат жртви. Што се донесува до мене, јас сум полн со надеж.“ Бизарно, ама назад во 80-те, ја случнав буквално истата работа од еден советски генерал кај воздушната база Баграм во Авганистан - да, истиот тој Баграм каде момците на ЦИА извршија тортура до смрт неколку Авганистанци кои претходно ги избегнаа руските масакри. Само „терористички остатоцио“ останаа по авганистанските планини, не уверуваше веселиот руски генерал. Авганистанските трупи, заедно со ограничените советски „интервенционистички“ сили, го воспоставуваа мирот во демократскиот Авганистан. А сега? По „незамисливиот“ напредок во Ирак - го цитирам оној фантацист од Белата куќа - Американците ќе извлечат 8000 војници од Месопотамија и ќе фрлат уште 4,700 нови во пеколот во Авганистан. Премалку, предоцна, преспоро - како што со горчина рече еден мој француски колега деновиве. Ќе бидат потребни уште најмалку 10,000 војници за да се врати надежта дека ќе им се стави крајот на овие Талибански ѓаволи, кои се сега екипирани со пософистицирано оружје, подобро истренирани и со зголемена - тажно е, ама мора да се признае - толеранција од страна на локалното цивилно население. Бидејќи Авганистан, значи Иракистан. Назад во 19 век, Талибанците - да, Британците всушност ги нарекоа Талиби своите непријатели со црни турбани - им ги сечеа грлата на заробените британски војници. СЕга, таа несреќна традиција продолжува - и ние сме изненадени! Двајца од заробените американски војници кои беа фатени кога Талибанците ја нападнаа нивната планинска база на 13 јули оваа година беа егзекутирани. И сега дознаваме дека четворица од десетте француски војници убиени во Авганистан на 18 август им се предале на Талибанците, и биле речиси веднаш егзекутирани. Нивниот преведувач исчезнал токму пред почетокот на мисијата - не заслужува награда оној кој ќе погоди што значело ова - а двата француски хеликоптери, кои можеле да помогнат во спасувањето, биле зафатени чувајќи го безнадежниот и немоќен авганистански Претседател Хамид Карзаи. Еден француски војник ги опиша Талибанците со брутална искреност „Тие се одлични борци, но безмилосни непријатели.“ Советскиот генерал кај Баграм сега има заменик во генералот David McKiernan, висок американски офицер, кој минатиот месец со гордост изјави дека американските сили убиле меѓу 30-35 Талибанци во нападот на Азизбад близу Херат. „Во светлина на новите докази за значителни (sic) цивилни жртви ... во операцијата“, баксузниот генерал сега вели дека тој чувствува дека е „мудро“ - уште едно големо sic овде - да ја преиспита првичната истрага. Доказот за „значителни“ жртви, секако, укаѓува дека Американците најверојатно убиле 90 луѓе во Азизбад, од кои најмногу жени и деца. Ние - да бидеме искрени и да ја признаеме нашата улога во несреќната НАТО алијанса во Авганистан - досега убивме повеќе од 500 авганистански цивили само во текот на оваа година. Тука влегува и ракетниот напад на НАТО на свадбената веселба во јули, кога загинаа 47 гости насекаде низ селото Deh Bala. И Обама и Мек Kејн навистина мислат дека ќе ја добијат војната во Авганистан - претпоставувам, пред да ги испратат итно назад своите војници во Ирак, кога владата во Багдат ќе се урне. Она што Британците не можеа да го сторат во 19 век, и она што Русите не можеа да го сторат во 20-иот, ние ќе го направиме на почетокот на 21 век, внесувајќи ја нашата ужасна војна во нуклеарно вооружениот Пакистан. Џозеф Конрад, која ја разбра немоќта на моќните нации, сигурно ќе направеше нешто од ова. Да, ние изгубивме откако победивме во Авганистан и сега ќе изгубиме додека се обидуваме да победиме повторно. Stuff happens.
__________________ ![]() ![]() |
| | |
| Тагови |
| Авганистан, ФИСК, Роберт |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| „Авакси“ над небото на Авганистан? | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 30-07-2008 17:20 |
| Киднапирани двајца Французи во Авганистан | BorisVM | Дневни Вести од Светот | 0 | 19-07-2008 22:00 |
| Почина Роберт Мондави | achtung_panzer | Вести од Светот | 0 | 17-05-2008 19:38 |
| Шефот на набљудувачката мисија на ОДИХР Роберт Бери во мисија во Тетово | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 10-05-2008 01:01 |
| Роберт Попов во Оксер!? | darebt | Фудбал | 6 | 25-02-2008 17:48 |