Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести од Светот

Важни забелешки

Вести од Светот Вести и дискусии за настаните во Светот.

 
 
Линкови (2) Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 04-01-2008, 09:56   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Пирински Цар
 
Аватарот на vlade_18
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: Macedonia, Macedonia.
Возраст: 19
Знак: Девица
Мислења: 4.391
Популарност: vlade_18 Новодојденец
Испратете порака преку MSN до vlade_18
Стандардно Претседателски избори во САД 2008

Поради актуелноста на темата и значењето на изборите во САД, насловот е променет.
Овде можеме да ги пратиме и коментираме сите случувања околу изборите во САД закажани како секогаш во првиот вторник во месец ноември.




Молете господ да победи републиканецов зошто ако победи овој....

Тешко нас ќе биде


МИА
04.01.2008 09:21
Мајк Хакаби и Барак Обама


Сенаторот Барак Обама освои најмногу гласови меѓу претседателските кандидати на демократите, додека Мајк Хакаби е победник меѓу кандидатите на Републиканската партија, покажуваат резултатите од синоќешното гласање на партиските конвенции во државата Ајова.

Според обработените 93% од гласовите кај демократите, прв е сенаторот на Илиноис со 37,2%, на второто место со 30% е поранешниот сенатор на Северна Каролина Џон Едвардс, а сенаторот на Њујорк Хилари Клинтон е трета со освоени 29,6% од гласовите.

Кај републиканците на првото место е поранешниот гувернер на Арканзас и баптистички проповедник Мајк Хакаби со 34%, а втор е Мит Ромни со 25%.

Гласањето во Ајова во голема мера уште од 1973 година ја одредува судбината на потенцијалните кандидати за претседателските избори, иако во суштина претставува неформално собирање на граѓани во 1.784 окрузи, кои во текот на 30-минутна сложена процедура ги даваат своите гласови за кандидатите кои ги поддржуваат.

Според аналитичарите, успехот на Обама може да предизвика нов бран на популарност за првиот сериозен црномурест кандидат за претседател на САД и да ја засени маркетиншката „офанзива“ на Хилари Клинтон.

Обама по победата вети дека ќе донесе промени во САД ако стане првиот „црн претседател“.

Според резултатите на гласањето на партиските конвенции на демократите во Ајова учествувале 220.000 лица, за разлика од 2004 година кога нивниот број бил 124.000.

Републиканците соопштија дека гласачката активност ќе го надмине рекордот од 2000 година кога нивните конвенции во Ајова учествуваа 87.000 лица.

За кампањата во Ајова двете партии потрошиле околу 50 милиони долари, од кои 17 милиони биле наменети за реклами.

Водечка тема во светските весници денеска е почетокот на трката за Белата куќа.

Резултатите од оваа прва етапа покажаа дека кај демократите победник беше црномурестиот сенатор од Илиноис Барак Обама, а сенаторката од Њујорк, поранешната прва дама Хилари Клинтон е едвај трета.

Пред неа е Џон Едвардс. Кај републиканците прв е баптистичкиот проповедник и поранешен гувернер на Арканзас Мајк Хакаби, следен од поранешниот гувернер на државата Масачусетс Мит Ромни.

Британски „Гардијан“ посочува дека партиските собири во Ајова, на кои победија Обама и Хакаби, дадоа доста непредвидени резултати како за демократите, така и кај републиканците.

Настапи големиот миг на Обама, додава весникот, коментирајќи, дека причината за неговата победа е во начинот на водење на предизборната кампања, која веројатно ќе биде изучуван во училиштата и универзитетите во иднина.

Како пример се посочува вклучувањето во кампањата на Обама на прочуената телевизиска ѕвезда Опра Винфри, која се појави до црниот сенатор во најверојатно најважниот момент.

Сега, пред втората етапа на патот кон Белата куќа - првичните избори во државата Њу Хемпшир, Хилари Клинтон треба мајсторски да смисли и да испрати до избирачите посилна порака.

Со таа задача таа треба да се справи само за неколку дена, бидејќи изборите во таа држава се на 8 јануари, додава „Гардијан“.

Барак Обама ја доби поддршката на огромно и ентузијастичко мнозинство во Ајова со пораката за надеж и за промена, пишува британскиот весник „Тајмс“.

Неговата конкурентка Хилари Клинтон тврдеше дека тој нема искуство и оти таа е покомпетентен кандидат, но се покажа дека во Ајова тоа нема значење. Младоста и оптимизмот на Обама му помогнаа да стане победник на денот, додава британскиот весник.

Рекорден број гласачи се изјаснија за Барак Обама во државата Ајова, отфрлајќи ги критиките за него дека нема доволно искуство, пишува американскиот весник „Њујорк тајмс“.

Победата на Обама всушност претставува значителен пораз за поранешната прва дама Хилари Клинтон, која до пред неколку месеци беше на чело на натпреварот за претседателската кандидатура на демократите, додава весникот.

Сличен пораз имаше и во таборот на републиканците, каде доста скапата кампања на Мит Ромни не го даде очекуваниот резултат и не му помогна да го победи Мајк Хакаби, кој во трката за претседател се вклучи пред два месеци.

Весникот „Вашингтон пост“ го цитира советникот на Барак Обама, Дејвид Акселрод, според кого најизненадувачкото на гласањето во редот на демократите во Ајова е високиот процент на учесници, што ги надмина сите прогнози.

Обама победи благодарение на една важна група гласачи - младите од Ајова, кои вчера гласаа доста активно за него, додава „Вашингтон пост“.

Победата на Обама во Ајова е зашеметувачка потврда за неговата порака за надеж и доста силно предупредување за Хилари Клинтон, додава вашингтонскиот весник.

Весникот потсетува, дека коментирајќи ги резултатите од партиските собири, поранешната прва дама акцентот го става не толку на поразот, колку на тоа дека е добра вест високата избирачка активност во Ајова.

Според Клинтон тоа е добра вест, испраќајќи јасна порака дека нештата во САД ќе се променат и оти таа промена ќе биде претседател од Демократската партија во Белата куќа во 2009 година.

Победата на Обама, како и онаа на Хакаби во таборот на републиканците е значајна бидејќи покажува дека гласачите ги поддржуваат оние што се попривлечни, а не оние кои имаат поголемо политичко искуство, додава „Вашингтон пост“.

Италијанскиот „Кориере дела сера“ потсетува дека уште вчера Бил Клинтон го претчувствувал поразот на неговата сопруга во државата Ајова и го омаловажил тоа со зборовите: „Ако загуби, ништо не се менува“.

Поранешниот претседател дури потсети дека самиот тој не победувал на партиските конвенции и и на првите избори на почетокот на првата кампања за Белата куќа и оти првата победа едвај се случила во државата Џорџија.

Италијанскиот весник „Стампа“ открива интересен факт од предизборната кампања на госпоѓа Клинтон во државата Ајова.

На денот на партиската конвенција штабот на Клинтон отворил три центри за чување деца во државата Ајова. Во нив тие им биле доверени на чување на доброволци, приврзаници на поранешната прва дама, додека нивните родители учествувале на партиската конвенција.

Некои од тие доброволци имале едвај 14 години, односно не биле доволно возрасни за да можат да гласаат. Хилари сметаше дека ќе ја добие битката со помош на оние импровизирани децачувачи, но тоа не се случи, посочува весникот.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=88142
__________________

„Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија“

Гоце Делчев
vlade_18 моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
2008, Барак, кандидатурата, избори, падна, Ништо, Претседателски, САД

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks are исклучен
Pingbacks are вклучен
Refbacks are вклучен
Директно отидете до:

Повратни линкови (?)
Повратен линк до оваа тема: http://forums.vmacedonia.com/f26/pretsedatelski-izbori-vo-sad-2008-a-3923/
Прикачена од За Тип Датум
YouTube - Macedonia - Hillary Clinton Оваа тема Refback 15-04-2008 02:40
YouTube - Macedonia - Hillary Clinton Оваа тема Refback 11-02-2008 01:21

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Мавританија: Претседателски избори во најскоро време BorisVM Дневни Вести од Светот 0 07-08-2008 13:20
Избори 2008 - прегласување и одговорност Jakov Вести и Политика од Македонија 797 02-07-2008 18:20
Историски претседателски избори во Парагвај BorisVM Дневни Вести 0 21-04-2008 21:00
Претседателски избори во Србија – Николиќ и Тадиќ во вториот круг BorisVM Дневни Вести 0 21-01-2008 18:50
Претседателски избори во Црна Гора на 6 април BorisVM Дневни Вести 0 18-01-2008 05:50


Времето е според зоната GMT +2. Моментално часот е 09:57.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68