Роберт Мондави, творецот на најуспешните калифорниски вина и човекот што ги издигнал американските вина рамо до рамо со најпрочуените европски вина, починал на својот имот во долината Напа, Калифорнија на 94- годишна возраст.
Упорното практикување на иновативни методи во ферментирање на виното и студиозната грижа при одгледувањето на винската лоза ги одделиле неговите вина од остатокот калифорниски и американски вина кои дотогаш биле ефтини, наливни и анонимни. Негова иновација меѓу многу други е пробањето на вино со заврзани очи. Првата таква проба тој ја понудил на заинтересирани за споредба на калифорниските со француските вина...
Последнава деценија токму вината од Калифорнија освојуваат награди за квалитет
на престижните светски вински манифестации. Со тоа вината на Мондави го отвораат патот до врвот и за не- европските вина, од амбициозните винарии од Австралија, Јужна Африка, Чиле, Аргентина...
Почина Роберт Мондави