Насилството врз жените во Франција е во пораст Насилството врз жените е во пораст во Франција, покажува студијата на Националниот центар за следење на деликвенцијата, објавена денеска во Париз. Вкупно 47.573 случаи на насилство врз жените од страна на нивните мажи или партнери се регистрирани во 2007 година, што претставува четвртина од вкупниот број на случаи на насилство, се наведуваат податоците.
Жените се помалку сакаат да ги пријават своите насилни партнери во полиција, со што се објаснува порастот од 31% забележани случаи во однос на 2004 година.
Според студијата, на ова влијаело зголемената кампања против насилството во домовите и построги закони кон сторителите.
Насилството од поранешен партнер е на исто ниво како и насилничкото однесување на актуелниот партнер, се додава во студијата.
Истражувањето востановило дека случаи на насилство на жени врз мажи, исто така, не се за занемарување, иако ретко завршуваат со кривични пријави.
Извор А1 Телевизија.
__________________ Виртуелна Македонија |