Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести од Светот

Важни забелешки

Вести од Светот Вести и дискусии за настаните во Светот.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 03-06-2008, 20:56   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
H.Potter
 
Аватарот на Magical Storm
 
Регистриран: Feb 2008
Локација: Hogworts
Знак: Шкорпија
Мислења: 3.336
Блог записи: 16
Популарност: Magical Storm Новодојденец
Испратете порака преку MSN до Magical Storm
Стандардно Најбогати луѓе според FORBES

Њујорк, 27 мај (МИА) - Списанието „Форбс“ ги претстави младите милијардери, како и богатите наследници на деловни империи.

Многумина од нив имале среќа да наследат голема сума пари. Таков е случајот со најбогатата Кинеска Јанг Хујан, која наследи 7,4 милијарди долари од својот татко Јанг Квок Кенга.

Ќерката на покојниот либански премиер Рафик ал Хариј, Хинд (24) наследи огромно богатство. Бидејќи стекна диплома од Либанско-американскиот универзитет во Бејрут, Хинд Харири своето внимание го насочи кон париските модни кругови.

Според Форбсовата листа, помеѓу оние кои сами заработиле астрономски суми се наоѓа најмладиот милијардер од Украина Костјантин Жеваго. Тој имаше само 19 години кога беше поставен за финансиски директор на една банка, а сега е сопственик и е „тежок“ 3,4 милијарди.

Кинезот Ксијаофенг Пенг (33) направи „бум“ на полето на соларната енергија во својата компанија „ЛДК Солар“, додека Американецот Џон Арнолд, по напуштањето на нафтената компанија „Енрон“, основаше сопствен инвестиционен фонд и сега неговото богатство изнесува милион ипол долари.



Најбогатите и веројатно најпознатите помеѓу младите, според листата на „Форбс“, се коосновачите на Интернет пребарувачот „Гугл“ Сегеј Брин и Лери Пејџ. Тие се запознале на Универзитетот Стенфорд, по што го основале пребарувачот, а сега се „тешки“ 18 милијарди долари по човек.

Додека тие работат, според „Форбс“, други милијардери опуштено го трошат своето богатство. Таков е случајот со германскиот принц Алберт вон Турн унд Таксис, кој на 18 години наследи големо богатство.

Тој сега има 24 години и поседува 75.000 хектари шума, живее во замок, а во слободно време вози брзи автомобили.
__________________

Everything there is , or was begin with a dream
My WEB
Magical Storm моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
луѓе, forbes, најбогати, според

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Колку сте богати Дејан Вицотека и Линкови 2 12-06-2008 11:45
Најчудните закони според ТАЈМС Magical Storm Македонски Забавник и Занимливости 0 09-06-2008 23:37
Се зголемува бројот на најбогати Руси BorisVM Дневни Вести од Светот 0 18-04-2008 16:30
Секс според расположение MaCkiCa` Љубов и Секс 14 03-04-2008 12:36
In Pictures: Europe's Most Scenic Drives - Macedonia - Forbes Magazine BorisVM Денес над Македонија 0 04-02-2008 18:52


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 04:33.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68