Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести од Светот

Важни забелешки

Вести од Светот Вести и дискусии за настаните во Светот.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 04-03-2007, 05:27   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Администратор
 
Аватарот на Aleksandra
 
Регистриран: Feb 2006
Локација: Los Angeles, California, USA.
Возраст: 31
Знак: Лав
Мислења: 7.090
Популарност: Aleksandra Новодојденец
Стандардно Македонија најнепосакувана дестинација

СПОРЕД ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ТУРИЗАМ НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ
Македонија најнепосакувана дестинација


Македонија, од вкупно 124 земји, е рангирана на 83. место на листата на најатрактивни дестинации за патувања и развој на туризмот во извештајот за конкурентноста во патувањата и туризмот за 2007 на Светскиот економски форум. Пред нас е Казахстан, а веднаш зад нас Гамбија.

Од земјите во регионот најдобро котира Грција на 24. место, а потоа се Хрватска на 38. место, Турција на 52. и Бугарија на 54. место. Србија и Црна Гора се на 61. место, а Романија на 76. место. Послабо рангирани од Македонија се само Албанија и Босна и Херецговина.
Од Министерството за економија вчера не сакаа да го коментираат извештајот, а според Асоцијацијата на туристички агенции на Македонија (АТАМ), главниот виновник што Македонија е лошо рангирана е самата држава која изминатите 16 години не сторила ништо за да го презентира квалитетно македонскиот туризам.
"Последното резилење беше на саемите за туризам во Турција и во Бугарија кои се одржаа изминатите два месеца. Во Турција Македонија ја презентиравме со брошури испечатени на холандски јазик, а во Софија минатата недела материјалот што го делевме беше напишан на француски јазик. Од Министерството за економија побаравме да се испечатат нови брошури, но оттаму ни рекоа дека не можат да ги обезбедат оти требало да се распишуваат тендери ", вели Миле Спировски, претседател на АТАМ.
Според извештајот, најпривлечни земји за одмор се Швајцарија, Австрија и Германија. Листата е направена врз основа на новововедениот Индекс на конкурентност за патувања и туризам (ТТЦИ), според кој земјите се оценуваа по 13 категории, вклучувајќи ги политичката состојба, правните регулативи, безбедноста, здравството и хигиената. (И.С.)

ВЕСТ
Aleksandra моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
дестинација, Македонија, најнепосакувана

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Омилена туристичка дестинација Aleksandra Патување и Туризам 22 24-07-2008 21:04
Дестинација на која никогаш не би отишле Magical Storm Патување и Туризам 24 21-06-2008 04:59
Музејот на Македонија утревечер гостува во Словенија со изложбата „Неолитска уметност од Македонија“ BorisVM Дневни Вести 0 27-05-2008 16:10
Македонија е добра бизнис дестинација barba Вести и Политика од Македонија 1 27-09-2007 08:49


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 03:21.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68