Избрани нови седум светски чуда Големиот кинески ѕид, римскиот амфитеатар Колосеум, палатата Таџ Махал во Индија, светиот град на Инките Мачу Пикчу во Перу, големата статуа на Исус во Бразил, напуштениот антички град Петра во Јордан и пирамидите на древните Маи во Мексико се новите седум светски чуда.
„Околу сто милиони луѓе ширум светот новите седум светски чуда ги избра по пат на гласање преку интернет или смс пораки“, соопштија организаторите на кампањата доцна синоќа во Лисабон, Португалија.
Меѓу останатите номинирани беа и Ајфеловата кула, Кипот на слободата, Акрополот, Кремљ, операта во Сиднеј, црквата Аја Софија, Стоунхенџ и други.
„Никогаш досега толку многу луѓе не учествувале во глобално одлучување“, изјави актерката Хилари Свонк при презентацијата на резултатите од гласањето.
Од седумте светски чуда на античкиот свет, кои што пред две илјади години ги избрал градителот Филон, до денес опстојале само пирамидите во Гиза.
„Нашата цел беше да создадеме седум нови симболи на единство на целиот свет“, изјави иницијаторот на кампањата, швајцарскиот уметник и музеолог Бернард Вебер. Тој, идејата за ибор на новите чуда ја покрена во 2001 година |