Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести од Светот

Важни забелешки

Вести од Светот Вести и дискусии за настаните во Светот.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 09-10-2008, 15:24   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Јосиф Сталин
 
Аватарот на WondeR
 
Регистриран: Sep 2007
Локација: Штип, Македонија
Знак: Близнак
Мислења: 4.066
Блог записи: 2
Популарност: WondeR Новодојденец
Стандардно Исланд во колапс

Вулканскиот остров Исланд, кој исклучително брзо се искачи меѓу најбогатите на светот е на прагот да стане првата земја што прогласува национален банкрот.
Домот на 320.000 жители во близината на арктичкиот круг имаше еден од највисоките БДП по жител во светот. Исланд сега се соочува со невидена криза, која го урна берзанскиот пазар, а националната валута - кронур сега ја дели судбината на валутите на Зимбабве и Туркменистан и за неколку месеци загуби речиси половина од својата вредност.
Жителите на Исланд сега само беспомошно гледаат како нивната економија имплодира - губи половина од својата вредност и нивните високо изложени банки пропаѓаат.
Целосниот пропаст на финансискиот систем во Исланд ќе се почувствува и низ Европа бидејќи нејзините финансиери доаѓаат токму од овој малечок остров.
Исланд е пред колапс, луѓето стојат во редици за маслиново масло и тестенини, пишува лондонски Обзервер, додавајќи дека луѓето во петокот во колони чекаа пред банките и ги префрлаат заштедите на „посигурни“ сметки. Во сабота супермаркетите соопштија дека можат да плаќаат увоз на храна во странски валути, што предизвика редици за „странска“ храна.
Од друга страна евтината работна сила на Исланд, составена пред се од Полјаци и Литванци, почна масовно да заминува, бидејќи нема смисла дома да се праќа валута, чија вредност секојдневно паѓа.
Едно евро во мај се менуваше за 112 исландски кронури, а до крајот на септември скокна на 162 кроунри за евро. Берзата во Рејкјавик крахираше. Индексот ОМЏ 15 лани изнесуваше околу 9000 поени, а минатата недела се спушти на три илјади.
Владата се свести и почна да интервенира, донесувајќи закон според кој државата може да ги национализира банките и да ги отпушти директорите. Исто така им наложи на банките и пензиските фондови да ги продадат своите инвестиции во странство
Големото задолжување на Исланд, кое овозможи енормен растеж, сега поттикнато од финансиската криза во светот, почна да ги наплатува сметките
__________________
The diplomacy is the best thing to solve a conflict.


WondeR моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Колапс, ИСЛАНД

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
ОИ Ракомет: Исланд ја совлада Русија BorisVM Дневни Вести 0 10-08-2008 20:50
Ракометарите подготвени за реванш со Исланд BorisVM Дневни Вести 0 12-06-2008 19:50
Одбојкарките го совладаа Исланд BorisVM Дневни Вести 0 10-05-2008 01:01
Колапс на електроенергетскиот систем во Албанија BorisVM Дневни Вести 0 17-01-2008 05:40
ИСЛАНД - низ слики Mara Патување и Туризам 4 31-05-2006 17:37


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 03:11.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68