Груевски меѓу најмладите лидери во светот Македонскиот премиер Никола Груевски е меѓу десетте најмлади лидери на светот. На листата на американскиот магазин „Форин полиси“ на најмлади лидери на светот, македонскиот премиер Никола Груевски, роден на 31 август 1970 година, е на четврто место.
Пред него се сместени кралот на Бутан (21 февруари 1980), премиерот на Доминиканската република Рузвелт Скерит (8 јуни 1972) и претседателот на Демократска република Конго Џозеф Кабила (4 јуни 1971).
Постари од македонскиот премиер, кој е присутен во политиката од 1998 година, на листата на „Форин полиси“ се претседателот на Науру, Маркус Стивен (1 октомври 1969), кралот на Свазиланд, Мсвати III (19 април 1968), претседателот на Грузија, Микаил Саакшвили (21 декември 1967) и претседателот на Того (6 јуни 1966).
На последните две места на листата се бугарскиот премиер Сергеј Станишев (5 мај 1966) и лидерот на Русија, Дмитриј Медведев (14 септември 1965).
Извор А1 Телевизија.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |