Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести од Светот

Важни забелешки

Вести од Светот Вести и дискусии за настаните во Светот.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 23-04-2008, 10:37   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
...
 
Аватарот на reader55
 
Регистриран: Apr 2008
Мислења: 979
Популарност: reader55 Новодојденец
Стандардно Грција доби критики за односот спрема азилантите

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7...9ECB7D31E5C96B


Според високиот комесар на ОН за бегалци, имигрантите често пати не може да побараат азил
АТИНА - Високиот комесар на ОН за бегалци ја критикуваше Грција за справувањето со азилантите. Високото тело на ОН истакна дека најчувствителната категорија луѓе често пати не се во можност да побараат азил, а на други не им е гарантирана фер процена на нивните барања. Финска одговори дека ќе прекине да ги враќа мигрантите во Грција доколку не вети фер третман. Меѓутоа, Грција рече дека обвинувањата на ОН се невистинити и дека се обидува да биде фер во справувањето со големиот пораст на миграцијата.

Шефот на грчката полиција за азил, Николас Ставракакис, рече: „Во 2006 година имавме приближно 12.500 апликанти, а следната година нивниот број беше повеќе од двојно поголем“. Во извештајот на УНХЦР минатата недела се наведува дека од 25.113 азиланти регистрирани во Грција во 2007 година, на осуммина им бил даден статус на бегалец во почетокот на процесот, а други 138 лица добиле статус по поднесена жалба. Во извештајот, исто така, се посветува внимание на големиот број заостанати барања за азил кај кои периодот на чекање трае до четири години. „Во целата земја се обидуваме да ги провериме реалните луѓе од оние кои доаѓаат од економски причини“, рече Ставракакис. „Имаме голем притисок и треба да се биде внимателен за да се биде фер во овој процес. Поради тоа имаме многу одложувања. Сите тие обвиненија се невистинити“.

Многу од мигрантите кои доаѓаат во Грција пристигнуваат преку Турција, во обид да побараат азил во ЕУ. Во почетокот на овој месец 190 илегални мигранти беа притворени во серија операции во Турција. Притоа, 56 од нив беа приведени на егејското крајбрежје во Сеферихисар. Станува збор за кусо патување со брод од турското копно до грчките острови Хиос и

Самос, а во декември минатата година најмалку 40 лица загинаа кога нивниот преполн брод се преврте на турското крајбрежје.

За оние кои успеваат да стигнат до Грција барањата за азил треба да се решат во Грција, согласно со правилата на ЕУ. Според регулативата „Даблин 2“, барањата на азилантите генерално треба да бидат обработени од првата земја-членка на ЕУ во која пристигнуваат. Многу од оние кои доаѓаат во Грција се преселуваат на други места, но ги враќаат назад бидејќи нивните барања не се обработени. Финска соопшти дека ќе го прекине враќањето на бегалците во Грција доколку нема писмени гаранции дека ќе бидат решени нивните апликации за азил. (Би-Би-Си)
reader55 моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
азилантите, доби, Грција, критики, односот, спрема

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Канада ќе го преиспитува односот кон Индијанците BorisVM Дневни Вести од Светот 0 29-05-2008 23:50
Омраза спрема нас странците eva2marija Македонска Дијаспора 31 19-05-2008 12:50
Македонија во Минхен доби поддршка за НАТО, но не и надеж дека Грција може да не стави вето BorisVM Дневни Вести 0 10-02-2008 22:10
Нема дискриминација во односот на ЕУ кон Македонија, тврди Фуере BorisVM Дневни Вести 0 30-01-2008 20:30


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 04:32.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68