Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести од Светот

Важни забелешки

Вести од Светот Вести и дискусии за настаните во Светот.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 26-04-2008, 21:04   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Јосиф Сталин
 
Аватарот на WondeR
 
Регистриран: Sep 2007
Локација: Штип, Македонија
Знак: Близнак
Мислења: 4.066
Блог записи: 2
Популарност: WondeR Новодојденец
Стандардно Грција да ги укине диксриминаторските закони за македонците и нивните имоти

Герт Ламберт е пратеник во белгискиот сенат и член на парламентарното собрание на советот на Европа, организација со седиште во Стразбур, чија основна грижа се човековите права. Ламберт како Белгиец има силно развиен сензибилитет за малцинските прашања, па затоа се обратил во повеќе наврати со прецизни прашања до надлежните во советот на Европа за имотите на Македонците во Северна Грција.

“Зошто во Грција се уште постојат закони со кои им се забранува на Македонците кои се вратиле во Грција да си ги повратат имотите што им биле некогаш конфискувани. Ова не е нормално, живееме во нова Европа и старите спорови помеѓу земјите треба да се веќе решени.“ – вели Герт Ламберт.

На прашањето Ламберт не добил одговор, но тој не се откажува. Ламберт смета дека со постојан притисок врз Грција, работите ќе почнат да се менуваат.

“За Грција ова е малку непријатно прашање поради кое се чувствуваат незгодно, тие знаат дека не се во право по ова прашање и треба да знаат дека треба да го сменат законот.“ – рече Ламберт.

Осврнувајќи се на проблемот со името, блокадата во НАТО и заканите за вето во ЕУ од страна на Атина, Ламберт предупредува дека Грција постепено ја влошува својата репутација во очите на меѓународната заедница

“Ова (ветото) значи нешто за репутацијата на Грција, која е лулката на нашите демократии. Затоа јас навистина би ја замолил грчката влада да ја преиспита својата позиција, се разбира со оглед на нивните историски гледишта. Јас разбирам дека постојат историски аргументи зад нивниот проблем (со името), но ние мораме да го надминеме ова, да ја преиспитаме таа позиција. Денеска европската констелација е друга, ние во неа сме Унија и се бориме за соработка.“ – вели Ламберт.

Интеграцијата на МКД кон западните структури мора да биде приоритет, вели пратеникот, дури иако тоа треба да значи нов Кипар во Европа.

“Секогаш постои решение, иако не можеме да го најдеме во рамките на меѓународните форуми, имаме и замрзнати конфликти, спорови околу кои се согласуваме да не се согласиме. Ако е тоа единственото решение, нека биде така. Да се согласиме да не се согласиме. Но во меѓувреме нашите животи треба да продолжат. И да им овозможиме на луѓето од тие земји да ги уживаат предностите на членството во Европската Унија.“

“Значи Македонија би можела да стане уште еден Кипар?“

“Да, на пример. Дури и таму успеаја да ги надминат проблемите.“


За крај Ламберт повика на политичка храброст во регионот, по примерот на ЕУ

“Би било добро за владите во овој регион да успеат да преговараат меѓусебно и да создадат еден вид соработка помеѓу земјите кои делат заедничка историја. Тоа може да значи дека тие земји се свесни дека не можат да живеат едни без други. И знам дека тоа значи дека треба да се вклучи некое копче, тој чекор треба да се направи. Но за тоа се потребни храбри политичари.“


Белгиецот во Советот на Европа побарал објаснување и за проблемите со кои се соочуваат Македонците во Бугарија, и постојаното одбивање на Софија да ја регистрира партијата Омо Илинден Пирин. Ламберт и припаѓа на фламанската прогресивна партија, која е член ан ЕСА, каде членуваат и ОМО Илинден Пирин и Виножито.
__________________
The diplomacy is the best thing to solve a conflict.


WondeR моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
диксриминаторските, Грција, закони, имоти, Македонците, нивните, укине

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Грција да ги укине диксриминаторските закони за македонците и нивните имоти BorisVM Дневни Вести 0 27-04-2008 10:00
Продолжуваат притисоците врз Македонците во Грција WondeR Дневни Вести 0 14-04-2008 21:49
Стејт Департментот- Македонците во Грција обесправени achtung_panzer Вести и Политика од Македонија 10 01-04-2008 19:12
ГРЦИЈА ги признала МАКЕДОНЦИТЕ Makedonski Вести и Политика од Македонија 28 27-07-2007 17:25
Македонците во Грција го славеа Илинден wolf_pack Вести и Политика од Македонија 6 24-07-2007 06:00


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 05:39.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68