ЕПИДЕМИЈА НА СВИНСКА ЧУМА ВО БУГАРИЈА Во североисточниот дел на Бугарија е регистрирана епидемија на свинска чума, соопштија денеска бугарското Министерството за земјоделство.
- Лабораториските анализи потврдија свинска чума на две свински фарми во селото Златар на североистокот на земјата, соопшти Министерството, додавајќи дека во тек е уништување на 285 свињи со цел да се спречи ширењето на заразата.
На двете фарми минатата седмица починале 18 свињи.
Министерството додава дека болеста се проширила во почетокот на годината од една блиска фарма во градот Смијадово.
Бугарија и Романија се приклучија кон ЕУ на 1 јануари 2007 година, но зачестените епидемии на свинска чума во двете земји ги принудија европските ветеринарни власти да ги стават под засилен мониторинг. На двете балкански држави во моментот им е забрането да извезуваат живи свињи, свинско месо, како и други свински производи во земјите на ЕУ. |