Сите чудни и интересни вести тука ;)
♥Си забил 2008 игли во глава♥
Веи Шенг овој потег го направил во чест на претстојната Олимпијада во Пекинг
Кинезот Веи Шенг си забил 2008 иглички во главата за да ја одбележи и поздрави претстојната Олимпијада во Пекинг, пишува британски Телеграф. Во бизарната претстава за јавноста докторот Шенг си забил иглички уште и во рацете и на градите. Иглите биле декорирани со украси во петте олимписки бои. Самиот Шенг изјавил дека претставува “вистински патриот кој детално се подготвува и и се радува на олимпијадата“. Тој и порано си го украсувал телото на чуден начин. Во 2004 година си обезбедил место во Гинисовата книга на рекорди откако на својата глава поставил 1790 шпенадли. Еден друг Кинез пак, го украсил своето тело со тетоважи на маскотата на Олимпијадата на своето чело, вратот и градите. За да биде поинтересен на своето тело додал тетоважи на змејови, па дури го истетовирал и кинескиот ѕид.