Би-Би-Си: Русија одговорна за убиството на Литвиненко Постојат „многу силни индиции“ дека поранешниот руски агент Александар Литвиненко е убиен со поддршка на руската држава, јави денеска британскиот сервис Би-Би-Си. „Имаме силни причини да веруваме дека руската држава е вмешана во случајот Литвиненко“, изјавил за Би-Би-Си неименуван претставник на британските служби за безбедност.
Ова е прв пат некој висок британски претставник отворено да ги обвинува руските власти за убиството на рускиот агент.
Литвиненко, остар критичар на поранешниот руски претседател Владимир Путин, беше отруен во Лондон во 2006 година. Британските истражители го сомничат поранешниот агент на руската служба КГБ Андреј Луговој, но тој негира каква било вмешаност.
Британската разузнавачка служба (МИ5), неодамна обелодени дека во Лондон има голем број на руски агенти, како и во времето на поранешниот Советски сојуз.
Извор А1 Телевизија.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |