Индијанците од племето Лакота се отцепија од САД
МИА
21.12.2007 15:43
Потомците на американските индијански главатари, Бикот кој Седи и Лудиот Коњ, прогласија независност и отцепување од САД, соопштувајќи дека се повлекуваат од спогодбите потпишани со федералната влада во Вашингтон од пред 150 години, открива лондонски „Дејли телеграф“.
Лакота Индијанците, на чија територија влегуваат делови од сегашните сојузни држави Небраска, Северна и Јужна Дакота, Монтана и Вајоминг, испратиле и делегација во Стејт Департментот во Вашингтон, која ќе ги извести американските власти за отцепувањето.
„Ние не сме повеќе граѓани на САД“, изјави Расел Минс, активист за правата на Индијанците.
Племенските старешини велат дека еднострано се повлекле од повеќе спогодби кои, како што тврдат, за нив претставуваат „безвредни документи“, забележувајќи им на федералните власти дека не прават ништо за да ја заштитат индијанската култура, нивната земја и можноста да го живеат својот начин на живот.
Расел Минс објаснува дека „новата земја“ ќе издава свои пасоши и возачки дозволи, а нејзините граѓаните нема да плаќаат даноци.
A1
Овие пак ќе го папаат...