Јувентус и Рома ќе се менуваат Јувентус и Рома се подготвуваат на крајот од оваа сезона да направат размена на фудбалери во која ќе бидат вклучени Винченцо Јакинта и Амантино Мансини. Со тоа ќе ги решат внатрешните проблеми бидејќи двајцата фудбалери одамна имаат намера да ги напуштат своите клубови и среќата да ја побараат на друга страна.
Јакинта дојде во Јувентус пред почетокот на оваа сезона, но и покрај тоа што се покажа како големо засилување за тимот на Раниери, остана како трета опција во нападот зад Давид Трезеге и Алеандро дел Пјеро што може да го чини настап на Европското првенство. Од друга страна, Мансини е во Рома од 2003 година, неговиот договор истекува идното лето, но преговорите за негово продолжување со раководството на клубот засега не дадоа конкретни резултати. Во меѓувреме имаше шпекулации дека Мансини ќе си замина во Лион, но тоа не се случи, па ако до лето на потпише нов договор Бразилецот, најверојатно, ќе си оди од Олимпико.
Рома би требало да добие и пари за размената и со нив Спалети планира да го ангажира Антонио ди Натале.
__________________ Intel Indside,Idiot Outside |