Роналдињо: Oстанувам во Бaрселона до 2010 Играчот на Барселона, Бразилецот Роналдињо изјави дека планира да остане во клубот до крајот на договорот, односно до 2010 година, но дека неговата иднина во редовите на каталонскиот тим ја "знае само Господ".
"Задоволен сум од статусот во Барселона и сакам да останам во клубот до крајот на договорот. Што се однесува до иднината, таа му припаѓа само на Господ", изјави Роналдињо.
Најголемиот ас на шпанскиот клуб изјави дека во продолжението од кариерата во редовите на Барселона би сакал да игра во сите 90 минути и додаде дека не му е сеедно кога седи на клупата.
"Улогата на резерва секако не ме воодушевува. Сакам да играм и да давам максимален придонес на теренот", изјави Роналдињо, кој оваа сезона поради слабата форма често влегуваше во игра како замена.
__________________ If you give voice to everyone it will come to chaos. |