Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Спорт > Фудбал

Важни забелешки

Фудбал Се околу бубамарата.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 27-04-2008, 14:47   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Berber
 
Аватарот на a-pin-dim
 
Регистриран: Apr 2002
Локација: stip, Macedonia.
Возраст: 26
Знак: Бик
Мислења: 5.344
Популарност: a-pin-dim Новодојденец
Стандардно Работнички К носител во првиот круг

МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН МЕЃУ ПРИВИЛЕГИРАНИТЕ НА СТАРТОТ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
Работнички К носител во првиот круг
* Меѓу можните противници на нашиот претставник во квалификациите од Лигата на шампионите се белорускиот Бате Борисов, Левадија, Пјуник...

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите, согласно коефициентот, ќе биде носител во првото квалификациско коло.

Со оглед на фактот да Работнички К е без малку сигурен освојувач на домашната фудбалска круна, според својот УЕФА коефициент, кој е 3.090, ќе биде меѓу привилегираните на стартот од квалификациите.

Меѓу носителите во првото квалификациско коло, кои секако не може да бидат противници на нашиот претставник се и шампионите на Хрватска, Динамо Загреб, па Гетеборг (Шведска), Анортозис (Кипар), Тампере (Финска), Вентспилс (Летонија), шампионот на Словачка, шампионот на Словенија, првакот на БиХ, Каунас од Литванија првакот на Молдавија, Дрогеда (Ирска), Валур (Исланд) и шампионот на Грузија.

Сите овие клубови како и нашиот Работнички Кометал за противници во првото квалификациско коло ќе ги имаат следните екипи кои се на листата аутсајдери: Бате Борисов (Белорусија), Левадија (Естонија), шампионот на Азербејџан, Пјуник (Ерменија), Актобе (Казахстан), шампионот на Северна Ирска, Ланели (Велс), Рунавик (Фарски Острови), Дуделанж (Луксембург), како и шампионите на Малта, Андора, Ц. Гора и С. Марино.

Според квалитетите и рејтингот, "романтичарите" би требало да ја минат оваа фаза од квалификациите во Лигата на шампионите. Затоа во второто квалификациско коло, според коефициентот, ќе бидат на листата аутсајдери и против себе ќе имаат пореномиран противник од оние на стартот. Работнички К во второто квалификациско коло (29/30 јули - 5/6 август) за ривали би можел да ги има Динамо Загреб (ако ја мине првата фаза), Висла (Полска), Бран (Норвешка), а меѓу останатите и второпласираните екипи од Шкотска, Грција, Украина итн.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ

1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

НОСИТЕЛИ

Динамо З (Хрв) 17.836

Гетеборг (Шве) 4.518

Анортозис (Кип) 4.327

Тампере (Фин) 4.176

Шампионот на Словачка 4.070

Вентспилс (Лет) 3.915

Шампионот на Словенија 3.272

РАБОТНИЧКИ К (МКД) 3.070

Шампионот на БиХ 2.805

Каунас (Лит) 2.640

Шампионот на Молдавија 2.475

Дрогеда (Р. Ирс) 2.420

Валур (Исл) 1.980

Шампионот на Грузија 1.925

АУТСАЈДЕРИ

Бате Борисов (Блр) 1.760

Левадија (Ест) 1.430

Шампионот на Азербејџан 1.265

Шампионот на Албанија 1.210

Пјуник (Ерм) 1.210

Актобе (Кзх) 0.852

Шампионот на С. Ирска 0.770

Ланели (Велс) 0.770

Рунавик (Ф.Ост) 0.605

Дуделанж (Лух) 0.495

Шампионот на Малта 0.275

Санта Колома (Анд) 0.165

Шампионот на Ц.Гора 0.165

Шампионот на С. Марино 0.082
Првите натпревари, на 15 јули

Првите натпревари од првото коло во квалифициите од Лигата на шампионите ќе се играат на 15/ 16 јули, додека реваншите се на 22/23 јули.

Според шемата на УЕФА во првото коло од квалификациите во Лигата на шампионите ќе се натпреваруваат вкупно 28 екипи, а исто толку ќе бидат и во втората квалификациска рунда.

Аутсајдери во Купот на УЕФА

Нашите претставници, пак, во натпреварите од Јужномедитеранската група во Купот на УЕФА уште и во првото, и единствено квалификациско коло, ќе бидат на страна на аутсајдерите.

Без разлика дали ќе н$ претставуваат Милано, Вардар или Пелистер, кои било од овие екипи за противници на стартот ќе имаат екипи од Србија, Бугарија, Хрватска, Израел или Словенија.
__________________
Љубовта е птица им треба крилја, Љубовта е болка за неја треба сила, Љубовта е крилја зошто си ми толку мила, Љубовта е таа што те прави ЕДИНСТВЕНА.
a-pin-dim моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
круг, носител, Првиот, Работнички

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Живот во маѓепсан круг BorisVM Дневни Вести 0 18-06-2008 21:10
Се трча последниот круг BorisVM Дневни Вести 0 26-05-2008 16:00
Црнецот Џими од К-15 ќе биде носител на листа BorisVM Дневни Вести 2 06-05-2008 00:50
Лејкерси и Орландо во вториот круг BorisVM Дневни Вести 0 29-04-2008 10:30
Одбојка: Работнички е првиот финалист во купот BorisVM Дневни Вести 0 06-04-2008 06:21


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 17:24.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74