Тренерот на шпанскиот прволигаш Барселона, Франк Рајкард изјавил денеска дека мисли оти Роналдињо „го одиграл своето во каталонскиот клуб“.
„За жал, мислам дека се ближи крајот на ерата на Роналдињо во Барселона. Сигурен сум дека на крајот на сезоната тој ќе го напушти клубот. Се надевам дека во друга средина ќе се снајде најдобро и ќе им покаже на сите дека и понатаму може да игра на највисоко фудбалско ниво“, рекол Рајкард.
Тој нагласил дека има голем респект кон бразилскиот ас и дека во Барселона не смеат да заборават на трофеите кои што тој ги донел.
„Роналдињо направи големи работи за нашиот клуб и тоа мораме да го почитуваме. Тој е неверојатен фудбалер и никогаш не правеше проблеми. Се надевам дека наредната сезона ќе ја одигра како што знае и умее и повторно ќе биде еден од најдобрите светски фудбалери“, заклучил холандскиот стручњак.
Извор:
Нетпрес