Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Спорт > Фудбал

Важни забелешки

Фудбал Се околу бубамарата.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 31-05-2008, 22:40   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Berber
 
Аватарот на a-pin-dim
 
Регистриран: Apr 2002
Локација: stip, Macedonia.
Возраст: 26
Знак: Бик
Мислења: 5.344
Популарност: a-pin-dim Новодојденец
Стандардно Нови деца - нови победи

Нови деца - нови победи
* Георгиев, Петров и Георгиевски со убави голови ја украсија добрата игра на нашите млади надежи
Од Беране

В. Фотиновски

Г. Бошев


ЦРНА ГОРА - МАКЕДОНИЈА 0:3 (0:1)

Стадион во Беране. Гледачи: 1.000. Главен судија: Вељко Бошковиќ. Помошници: Недељко Грубовиќ и Драгиша Дрљевиќ (Ц. Гора). Делегат: Ранко Стијовиќ (Ц. Гора). Стрелци: Георгиев 45', Петров 59', Георгиевски 90'(М).

Ж. картони: Лакичевиќ (Ц.Г.) - Исмаили, Ибраими (М).

ЦРНА ГОРА: Алексиќ 1,5 (46' Булатовиќ 1.5), Божовиќ 2 (60' Голубовиќ 1.5), Лакичевиќ 1.5, Бојовиќ 2, Новаковиќ 2 (46' Дошљак 1.5) , Болјевиќ 1.5, Џуриќ 2 (46' Вранеш 1.5), Нериќ 1,5 (46' Богдановиќ 1.5), Касалица 2 (46' Крстовиќ 2), Видовиќ 2, Николиќ 1.5.

МАКЕДОНИЈА: Наумовски 2.5 (65' Ников2.5 ), Георгиевски 2.5, Лазевски 3, Исмаили 2.5 (52' Сиљановски 2.5), Реџепи 2.5, Стојковски 2.5 (46' Петров 3), Велковски 2.5 (46' Блажевски 2.5), Симовски 2.5 (46' Гафури 3), Фазли 2.5 (46' Главевски 2.5), Ибраими 2.5 , Георгиев 3 (46' Лазаревски 2.5)
Нашата млада селекција со радост се враќа од гостувањето во Беране против селекцијата на Црна Гора. Експериментот со уфрлање на многу дебитанти во составот на "жолто-црвените" даде плод. Токму тие, токму дебитантите, Георгиев во првиот дел и Петров во вториот, & ја донесоа победата на Македонија.

Во првото полувреме нашите млади надежи одиграа организирано, добро ја контролираа топката и не им дозволија на Црногорците да развијат игра. Агресивно му се спротивставивме на противникот, со многу трчање не им дозволивме ниту еднаш посериозно да се заканат по нашиот гол. Како резултат на тоа дојде и шансата на Георгиев кога во паника Црногорците спасуваа од самата гол линија. Се закани и Ибраими, но не го погоди голот. И пред последниот свиреж на судијата Георгиев направи "спринт" од левата страна, им избега на противниците, влезе во шеснаесетникот и со прецизен удар ја тресе мрежата.
Во вториот дел кога се очекуваше домашните да нападнат, Македонија беше таа која играше на теренот и покрај тоа што Јонуз направи многу измени давајќи им шанса на многу дебитанти. Но тие изгинаа на теренот, создадоа неколку шанси, а најдобрата ја имаше Главевски, кој не успеа да погоди иако беше сам пред Булатовиќ. Но затоа му успева на Петров, кој по една одлична акција излезе сам пред голот на Црна Гора, и со прекрасен лоб удар по вторпат го натера противникот да ја вади топката од мрежата. До крајот на мечот свесно & ја препуштивме иницијативата на селекцијата на Црна Гора, но тие не успеаја да ја пробијат нашата одбраната која на крајот овој меч го заврши без примен гол. Со ситни прекини на средината на теренот ги спречивме поопасно да се заканат по голот на Наумовски, а потоа и на Ников. Пред последниот свиреж Гоергиевски носи убедливо водство од три разлика откако не му беше тешко одбиената топка од голманот Булатовиќ да ја смести во мрежата.

Кога с$ ќе се собере, бевме подобри на теренот во Беране и сосема заслужено победивме иако можевме да бидеме и поефикасни. Ова беше втора поведа во вториот дуел со Црна Гора кога пред неколку месеци ги поразивме во Скопје, но тогаш со минимални 1:0.
Костов и Јонуз "фаци" во Беране

Селекторот на нашата млада репрезентација, Мирсад Јонуз, и неговиот асистент Влатко Костов на завчерашниот тренинг и пред средбата беа препознати од ветераните на фудбалскиот клуб Иванград сега ФК Беране. Мирсад Јонуз во дресот на Тетекс и Победа и Влатко Костов во дресот на штипска Брегалница оставија трага на стадионот во Иванград. Влатко Костов на Иванград им забил гол со кој Брегалница се вратила со полн погодок во Штип.
Савичевиќ дополнителен мотив

Вчерашната средба во Беране ја следеше престедателот на Фудбалската федерација на Црна Гора, Дејан Савичевиќ. Неговото присуство беше дополнителен мотив за младите фудбалери на двете репрезентации кои имаа уште една прична да се претстават во добро издание.
ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ

Мирсад Јонуз


"Ова е прв натпревар на оваа генерација, и сигурно сме задоволни од изданието. Сите добија шанса и сосема ја оправдаат, меѓутоа овој резултат ништо не значи за понатака затоа што во иднина ќе бараме посилни противници за да се провери вистинската слика на оваа генерација фудбалери. Во секој случај мотивите и желбата нашите фудбалери заслужено ги претворија во убедлив триумф кој ќе внесе дополнителен позитивен импулс за следните квалификациски дуели", истакна по средбата селекторот на нашата репрезентација.
Душан Влаисављевиќ

"Македонија има добра селекција. Мојата екипа како да немаше желба да игра прикажувајќи се под очекувањата. Во првото полувреме колку толку париравме на противникот меѓутоа во второто комплетно потфрливме", рече селекторот на Црна Гора.
__________________
Љубовта е птица им треба крилја, Љубовта е болка за неја треба сила, Љубовта е крилја зошто си ми толку мила, Љубовта е таа што те прави ЕДИНСТВЕНА.
a-pin-dim моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
дете, победи, Нови

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Моби Хелп Magical Storm Аудио и Видео Техника 11 11-11-2008 22:00
Нови Теории за Канцер otkacalkaMK Здравје 34 29-06-2008 20:55
Без нови изненадувања на Вимблдон BorisVM Дневни Вести 0 28-06-2008 22:50
Нови Поговорки Mara Вицотека и Линкови 10 14-01-2008 15:42


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 18:17.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74