Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Спорт > Фудбал

Важни забелешки

Фудбал Се околу бубамарата.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 06-05-2008, 03:28   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Berber
 
Аватарот на a-pin-dim
 
Регистриран: Apr 2002
Локација: stip, Macedonia.
Возраст: 26
Знак: Бик
Мислења: 5.344
Популарност: a-pin-dim Новодојденец
Стандардно Мурињо ја одбил Барса, Лаудруп прв "пик"

ТЕЖОК ПЕРИОД ВО КАТАЛОНСКИОТ ГИГАНТ
Мурињо ја одбил Барса, Лаудруп прв "пик"
Трофејниот португалски стручњак Хозе Мурињо ја одбил понудата на Барселона идната сезона да го предводи каталонскиот клуб, тврди угледниот спортски весник Марка. Поранешниот тренер на Челзи и Порто наводно не прифатил да ја предводи Барса со образложение дека не сака тој да биде главниот виновник ако работите во клубот тргнат во несакана насока и на понудата гледа како маневар на раководството на крајот од уште една катастрофална сезона, а не како вистинска потреба за соработка.

Неофицијално, на Мурињо му било понудено тренерското место со тоа што негов помошник би бил некогашната играчка легенда на Барселона, Пеп Гвардиола. Токму тоа бил потегот на раководството на клубот што го премислило Мурињо, кој пред неколкку месеци сериозно размислувал да се пресели на Ноу Камп. Засега нема официјален коментар на оваа тема ниту од Мурињо ниту од Барселона, но се претпоставува дека Бразилецот е многу поблиску до преземање на Интер.

Затоа Барселона веднаш беше поврзана со актуелниот тренер на Гетафе, Михаел Лаудруп, кој би можел да го замени Франк Рајкард на крајот од оваа сезона. Тоа го потврди и претседателот на "малиот" мадридски клуб, Ангел Торес, кој за неколку шпански медиуми изјави дека 44-годишниот Данец, најверојатно, ќе се пресели во Барселона.

"Голема штета е што Лаудруп ќе н$ напушти на крајот од оваа сезона, но и тоа што нема да остане со нас барем две сезони. Во секој случај, ако тој навистина замине во Барселона, би требало да биде горд на својата работа и да продолжи на истиот начин", изјави Торес, кој е особено задоволен што и претходните тренери на Гетафе, Кике Санчез Флорес и Бернд Шустер, заминаа во големи клубови како Валенсија и Реал Мадрид.

Лаудруп нема големо тренерско искуство, досега ги водел само Брондби четири сезони и Гетафе една, но имаше одлична кампања со мадридскиот клуб во Купот на УЕФА иако с$ уште не му е обезбеден опстанокот во Примера. Тој е еден од ретките фудбалери кои настапувале во двата најголеми шпански клубови, Реал Мадрид и Барселона, но може да се каже дека е легенда на "каталонците" бидејќи таму одигра 167 натпревари, освои четири едноподруго шампионски титули во Примера во периодот од 1991-1994 година, а во 1992 година беше и европски првак.
Ван дер Варт најголема желба

Паралелно со потрагата по нов тренер, во Барселона се крои списокот на фудбалери кои би биле ангажирани за идната сезона, како и оние кои ќе си заминат од Ноу Камп. Прв на листата желби сега е плејмејкерот на Хамбургер, Рафаел ван дер Варт, кој има одлична сезона во германскиот прволигаш, а уште одамна изрази желба да си замине оттаму. Со оглед на тоа што Хамбургер е далеку од пласман во Лигата на шампионите, Ван дер Варт, најверојатно, сега ќе успее во својата намера, а Барса внимателно ја следи ситуацијата. За трансферот на Ван дер Варт, Барса е подготвена да плати 20 милиони евра, сума која, веројатно, ќе ги задоволи апетитите и на раководството на Хамбургер.

Втора цел на каталонскиот клуб е фудбалерот на Аресенал, Цеск Фабрегас за кого Барса би го ослободила Тиери Анри. Многу блиску до заминување е и Ерик Абидал за кого во последно време с$ повеќе се интересира и Ливерпул.

Кога станува збор за фудбалерите на Барселона, сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, објави дека ќе понуди 100 милиони евра за младата "ѕвезда" на каталонскиот тим, Лионел Меси.

Роналдињо се забавува

Бразилскиот репрезентативец Роналдињо уште еднаш се најде на удар на шпанската фудбалска јавност откако беше објавено дека тој имал луда забава во пресрет на клучниот натпревар на Барселона против Ливерпул во Лигата на шампионите. Роналдињо не отпатува во Англија, па тоа го искористи за прошетка во неколку ноќни клубови каде и порано бил неколкупати.

Вечерта почнала околу полноќ во вторникот навечер, а завршила во пет часот при што, според очевидци, Роналдињо испил големи количини пиво, вино, коктели и слично, а во еден период дури се качил полугол на подиумот во еден ноќен клуб и пеел и играл со своите пријатели.
__________________
Љубовта е птица им треба крилја, Љубовта е болка за неја треба сила, Љубовта е крилја зошто си ми толку мила, Љубовта е таа што те прави ЕДИНСТВЕНА.
a-pin-dim моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Барса, Лаудруп, одбил, Оли, Мурињо, прв

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Новиот "Македонец" ЏЕРЕМАЈА МЕЈСИ ПРЕД НОВИНАРИТЕ, ТРОФЕЈ "МАКЕДОНИЈА" barba Останати Спортови 7 20-08-2008 20:15
Commentary Defines "Ideological" Nature of Macedonian-Greek Name Dispute BorisVM Дневни Вести 0 31-07-2008 22:22
Ахмети со лажгото Бејта и "партизанството" наметнува коалиција вмро-сдсм barba Вести и Политика од Македонија 3 21-07-2008 02:54
"Скакулци" и "Тврдоглави" ana^^ Општо 2 07-04-2008 21:26
"Resident Evil," "War" split video spoils (Reuters) BorisVM Македонски Забавник и Занимливости 0 10-01-2008 07:53


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 16:09.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74