![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Фудбал Се околу бубамарата. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Berber | НИКОЛА ПЕТКОВСКИ, НОВАТА РАСТЕЧКА ЅВЕЗДА НА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ Македонија има суперталент од Малме *"За мене Македонија е единствената земја за која би настапувал и чиј дрес со гордост би го носел", е ставот на 16-годишниот Петковски Македонскиот фудбал има нова своја растечка ѕвезда во името на 16-годишниот член на шведски Малме, Никола Петковски. Како ретко кој млад фудбалер последниов период Петковски го привлекува вниманието на шведската фудбалска јавност дополнително засилувајќи ги и нашите погледи кон неговите извонредни индивидуални квалитети. Македонецот е веќе три години убедливо најдобриот играч и стрелец во кадетска конкуренција, поради што неодамна потпиша и тригодишен професионален договор со првиот тим на Малме, тимот од кој потекнуваат и Горан Славковски и Златан Ибрахимовиќ. "Одлична техника, феноменална завршница, беспрекорна игра еден на еден. Фудбалер кој ја разбира и чувствува играта", се дел од опишаните перформанси на Никола Петковски од страна на тренерите во неговата фудбалска академија. 16-годишниот Македонец е дел и од регионалната младинска селекција на Јужна Шведска, меѓутоа, како што самиот истакнува, за него постои само една земја и една репрезентација за која би настапувал доколку му се укаже шанса. "За мене Македонија е единствената земја за која би настапувал и чиј дрес со гордост би го носел. Не постои ниту една друга земја без разлика што растам во Шведска", е ставот на 16-годишниот Никола, кој ни го пренесува неговиот татко Орде Петковски дополнувајќи дека неговиот син без никаков проблем би се одзвал на кој било повик од националните селекции. Меѓу признанијата кои засега "наѕираат" покрај името на Никола Петковски е и изборот во најдобриот тим на интернационалниот младински турнир "Белариа Марина 2006" во Италија. Согласно неговите амбиции, признание дефинитивно не и последно во неговата кариера... В.Булатовиќ Ливерпул го посакува Петковски Англискиот премиерлигаш Ливерпул е силно заинтересиран за услугите на младиот македонски фудбалер. Петковски заедно со уште еден наш фудбалер кој сега е во кадетскиот тим на Ливерпул, Александар Качаниклиќ пред една година беа дел од кампот на Ливерпул по што веднаш произлегол интересот, меѓутоа Малме, сепак, не дозволил заминување и на Петковски. "Никола е цврст, агресивен напаѓач кој шутира подеднакво со двете нозе. Му претстои извонредна иднина, но сигурен сум дека сега е прерано да премине во некој поголем клуб. Треба постепено да го гради својот квалитет", вели за шведските медиуми, спортскиот директор на Малме, Стефан Тапер. ИЗВОНРЕДЕН СТРЕЛЕЦ Вкупно 223 гола за Малме Зад името на Никола Петковски, кој игра во самиот напад, досега во рамките на неговите настапи во пионерските и кадетските лиги во Шведска запишани се вкупно 223 гола на 232 натпревари. Оваа година има забележано и пет погодоци на шесте натпревари за регионалната репрезентација на Јужна Шведска. СЕЗОНА НАСТАПИ ГОЛОВИ 2002 42 30 2003 37 22 2004 44 62 2005 41 38 2006 39 31 2007 21 34 (за екипата до 15 год.) 8 6 (за екипата до 16 год.) 6 5 (за регионална репрезентација)
__________________ Љубовта е птица им треба крилја, Љубовта е болка за неја треба сила, Љубовта е крилја зошто си ми толку мила, Љубовта е таа што те прави ЕДИНСТВЕНА. |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 7 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| код, Македонија, одиме, суперталент |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Музејот на Македонија утревечер гостува во Словенија со изложбата „Неолитска уметност од Македонија“ | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 27-05-2008 16:10 |