![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Фудбал Се околу бубамарата. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Модератор | Во фудбалот сме биле сведоци на секакви интересни ситуации, а секој фудбалски фан го интересираат интересни фудбалски факти. Издвојуваме дел од нив. *Голманот на Манчестер Сити, Берт Траутман, последните 15 минути од финалето на ФА Купот ги доиграл со скршен врат. *Првите голови имале лента наместо пречка помеѓу стативите. *По победата во квалификациите за Светското Првенство против Боцвана, фудбалерите на Гвинеја беа наградени со парче земја и по два трактори. *Вини Џонс, кој влегол како замена во тимот Холивуд Јунајтед, бил исклучен по само 15 секунди. *Еден лут навивач на Њукасл го ставил играчот на клубот Кирон Дајер на продажба на E-Bay. *Во смрзнувачката зима во 1963 година, Блекпул пробале да користат пламенофрлач за да го одмрзнат теренот. *Се до 1970 година, во европските натпревари кои ќе завршеле нерешено, победникот се добивал со фрлање на паричка. *Поради навиката на Вејн Руни да шутира топки во публиката по прекинот на играта, Евертон мораше да плати повеќе од 3.000 фунти. За изненадување, кога премина во Манчестер Јунајтед, ја остави оваа навика зад себе. *Има само еден клуб во Британија кој ја има буквата J во името, а тоа е St. Johnstone FC. *Пеналот бил воведен во игра во 1891 година, по предлог на Вилијам Крам од Каунти Армаг. *Во натпреварот помеѓу Вест Хем и Волверхемтон во 1970, голманот Боби Мур го онесвестил судијата кога пробал да ја исфрли топката и го погодил во главата. *Штоперот на Вест Хем, Антон Фердинанд, за малце ќе се откажел од фудбал за да стане пејач. *Ѕвездата на Манчестер Јунајтед Пол Сколс отсекогаш бил голем навивач на Олдам. *При поднесување на апликација за кредитна картичка, на прашањето „Која е вашата улога во компанијата?“, играчот на Транмере Џејсон МекАтир напишал „десен бек“. *Резервниот голман на Њукасл, Стив Харпер, има играно во Премиер Лигата, Чемпионшип дивизијата, Првата дивизија, Втората дивизија, Конференс дивизијата, во Северната лига, во Лигата на Шампионите и во УЕФА Купот. *Питер Крауч носеше дрес со број 12 напред и број 21 на грбот за време на пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Уругвај во март 2006.
__________________ If you give voice to everyone it will come to chaos. |
| | |
| Тагови |
| Интересни, факти, Фудбалски |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Научни факти | WondeR | Научно докажано и недокажано, Мистериозно | 0 | 01-08-2008 18:08 |
| 5 факти за Victoria’s Secret | MaCkiCa` | Мода, Живот и Убавина | 0 | 18-06-2008 14:10 |
| Интересни факти за кучињата | Magical Storm | Мода, Живот и Убавина | 0 | 22-03-2008 13:45 |
| Некои факти | vardarce | Љубов и Секс | 16 | 23-08-2007 22:02 |