ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ВО ШКОТСКА ЗА ГОСТУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА, НО... Само 1.000 билети за шкотите
Иако квалификацискиот меч за пласман на СП 2010 година во ЈАР помеѓу Македонија и Шкотска ќе се одигра дури во септември, сепак, медиумите на Островот почнаа да пишуваат околу овој дуел. Имено, британскиот дневен весник "Дејли Рекорд" пишува дека на првиот меч на Шкотска нивните фанови нема да имаат доволно билети, поточно на "Градски" во Скопје нема да има "место" за сите оние кои сакаат да го проследат во живо овој меч.
Во текстот кој го објави овој весник е потенцирано дека УЕФА потврди дека натпреварот ќе се одигра на 6 септември и дека нема стравување дали градежните работи на стадионот во Скопје ќе бидат завршени дотогаш. Иако е тоа така, за шкотските навивачи ќе има само 1.000 билети. Како што пишува "Дејли Рекорд", надлежните во Македонија велат дека бројот на билети за фановите на Шкотска е ограничен на 1.000, поради безбедносни причини.
__________________ Љубовта е птица им треба крилја, Љубовта е болка за неја треба сила, Љубовта е крилја зошто си ми толку мила, Љубовта е таа што те прави ЕДИНСТВЕНА. |