Дрогба се поздравил со фудбалерите на Челзи Трансферот на Дидие Дрогба во Интер е веќе готова работа бидејќи, како што тврди "Кориере дело спорт", репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска веќе им кажал на своите соиграчи од Челзи дека си заминува на крајот од сезоната. Оваа информација италијанските медиуми ја објавија уште во средата, а притоа додадоа дека заедно со него на Џузепе Меаца ќе се пресели и поранешниот менаџер на Челзи, Хозе Мурињо, со кого, наводно, преговорите се во тек.
Познато е дека од заминувањето на Мурињо од Стемфорд Бриџ минатиот септември, Дрогба повеќе не е еден од привилегираните играчи на Челзи. За неговото заминување се шпекулираше и во јануарскиот преоден рок, меѓутоа најдобриот стрелец на "сините" сезонава одлучи да ја доигра сезоната, па потоа да размислува каде ќе ја продолжи кариерата. За него се заинтересираа двата милански клуба, како и Реал Мадрид и Барселона, но подоцна шпанските клубови се откажаа и во конкуренција останаа само Милан и Интер. Неофицијално, "неро-азурите" би можеле да го добијат потписот на Дрогба за отштета од 27 милиони евра, а и самиот напаѓач неодамна изјави дека би сакал да соработува со Златан Ибрахимовиќ со кого има доста слични карактеристики.
Се разбира ваквото сценарио е можно само ако на Џузепе Меаца летово пристигне Хозе Мурињо бидејќи во конкуренција за тренерската функција се уште Рафа Бенитез и Чезаре Прандели, а можно е на клупата да остане Роберто Манчини, кој има уште три години од својот договор.
__________________ Intel Indside,Idiot Outside |