Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Македонска Дијаспора

Важни забелешки

Македонска Дијаспора За Македонците надвор од Македонија.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 26-06-2007, 11:39   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Форум зависник
 
Аватарот на strich
 
Регистриран: Aug 2006
Локација: Bitola, Македонија.
Мислења: 1.000
Популарност: strich ја има оневозможено популарноста
Испратете порака преку ICQ до strich Испратете порака преку MSN до strich
Стандардно Владиката Петар обвинет за духовен терор

МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА РЕВОЛТИРАНИ ОД МИТРОПОЛИТОТ

Митрополитот деспотски, со диктатура управува со црковните општини и имоти, се жалат Македонците во Австралија.

Владиката Петар со години врши духовен тероризам врз нас и тој веќе ја доживеа својата кулминација, обвинуваат припадници на македонската заедница во Австралија. Тие се револтирани што Синодот на МПЦ досега не го отворил прашањето за проблемите во Австралиско-новозеландската епархија, ниту покажал волја да ги реши. Македонците реагираат на волунтаризмот на владиката, кој со своето однесување се' повеќе ги дистанцира иселениците од МПЦ.
- Последната жртва на владиката Петар е Дончо Јазевски, претседател на „Св. Недела“, кој со своите сонародници издигна духовен храм, а за возврат митрополитот го казни со одземање на Светата причест и го отстрани од функцијата без да се одржи собрание - вели Ицо Најдовски, уредник на македонската радиопрограма „ЗЗЗ“


Според него, повеќе од триста илјади Македонци се загрижени за постојните проблеми во Македонската австралиска православна епархија. Вели дека ни најстарите македонски жители на Австралија не паметат вакви делби во македонската заедница предизвикани од духовно лице, кое треба да ја претставува МПЦ и да ги обединува, а не разединува луѓето.

Јазевски е само еден од многуте примери на недуховно однесување на митрополитит.

- Во еден документарен филм го искажав моето незадоволство од владиката Петар, свештенството, епархијата и нејзините органи и тела. Документарецот беше прикажан во Македонија и веднаш потоа била донесена одлука без Црковен суд, без Суд на честа, без какви било информации доставени до мене, дека по наредба на владиката не смеам да земам причест - објаснува Јазевски. Тој бара прошка што со години грешел, давајќи му поддршка на митрополитот Петар, а преку него и на МПЦ.

Според нашите соговорници од црковните општини во Мелбурн, Сиднеј, Канбера... проблемите во македонската заедница почнале во 1996 година, со доаѓањето на владиката Петар, како надлежен за таа епархија.

- Откако ја презеде епархијата, тој постепено почна да се ослободува и да ги брка од црковните општини токму луѓето што го донесоа во Австралија. Оттогаш до денес направи неколку промени во статутот и во правилникот на македонските православни црковни општини. Владиката Петар планирано успеа да изгради цврст монопол со некои од свештениците. Сето тоа му даде и огромни ингеренции на деспотски начин и преку својата диктатура да управува со црковните општини и со црковните имоти - вели Најдовски.

Македонците во Австралија го сметаат за контроверзно неговото поставување за митрополит. Лично Петар ги „поучувал“ иселениците како да побараат смена на тогашниот митрополит Тимотеј. Благодарение на неговите блиски соработници од Австралија, кои му дале безрезервна поддршка, тој успеал да го добие владичкиот престол во Австралија. Меѓу нив најверни му биле Ристо Димовски и споменатиот Дончо Јазевски од Голд Кост, Боб Спасеноски од Канбера, Симе Ацевски, Јанко Георгиевски и Миле Панов од Мелбурн, Мирче Аневски и Александар Дупешоски и отец Митко Мачески од Сиднеј, како и Трае Трајановски од Њу Кастел. Во тоа време Петар имал поддршка и од други македонски лидери и активисти. Но, не ги исполнил ветувањата што ги дал пред да биде избран за митрополит, а за да не мора да даде отчет во телата и во органите на епархијата поставувал само свои луѓе, најчесто свои роднини.

Македонската заедница во Австралија денес има околу 37 црковни објекти со имотен капитал од над 60 милиони долари.

- Користејќи ја и злоупотребувајќи ја довербата на верниците, тој успеа да придобие голем дел од македонскиот народен имот во Австралија. Ако се земе предвид дека имотот вреди над 60 милиони долари, не е чудно ако владиката Петар се полакомил по имотите - велат Македонците во Австралија. Тие очекуваат Синодот на МПЦ да го повлече владиката Петар од епархијата, а за проблемите што тој ги предизвикува меѓу Македонците во Австралија ќе го известат премиерот Груевски.

strich моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Владиката, духовен, обвинет, Петар, терор

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Папата предупредува од духовен пустош BorisVM Дневни Вести 0 21-07-2008 15:40
Егзодусот од пред 60 години е неизлечива рана врз македонскиот национален и духовен организам BorisVM Дневни Вести 0 19-07-2008 15:21
Тајванскиот Претседател се извини за „белиот терор“ BorisVM Дневни Вести од Светот 0 16-07-2008 21:30
Британски дипломат во Русија обвинет за шпионажа BorisVM Дневни Вести од Светот 0 11-07-2008 20:40
Бугарски терор во Пиринско Makedonski Македонците во Бугарија 3 31-05-2008 18:56


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 21:45.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68