Околу 15.000 луѓе што влегле во Америка во периодот од 1895 до 1925 година се изјасниле како Македонци
Досиејата за раната македонска имиграција во САД во почетокот на 20 век се од најголема важност за потврдување на поддршката на македонскиот етнички идентитет. Меѓутоа, исто така, тие и' служат на друга неверојатна корисна цел: одбивање на нападите против македонскиот ентитет извршени од Грција и од Бугарија. Познавајќи ја виталната важност што овие досиеја ќе ја има врз голем број сегашни дебати и прашања во врска со македонскиот идентитет, некој може само да се прашува како е возможно такво богатство од информации да остане непознато и во основа неискористено. Со едноставен поглед на досиејата се откриваат неверојатни откритија кои би можеле да ги уништат тврдењата на противниците дека македонскиот етнички идентитет е понова креација.
Врз основа на досиејата на Американската агенција за имиграција и натурализација, околу 15.000 луѓе што влегле во САД во периодот од 1895 до 1925 година се изјасниле како Македонци, иако во тоа време не постоела државата Македонија. Постоењето одделен и посебен македонски етнички идентитет се' уште се негира од Грција и од Бугарија (две балкански земји кои се членки на ЕУ, но се' уште се наоѓаат во балканскиот етноцентризам од 19 век), кои тврдат дека македонската држава и Македонците не се резултат на долг и историски докажан процес, туку на понов акт на креација од Сталин и Тито за време на Втората светска војна. Ако овој аргумент е вистинит, тогаш се соочуваме со парадокс: како е возможно и порано релативно голем број луѓе да се изјаснуваат како Македонци ако Грција и Бугарија тврдат дека постоењето на Македонците е од понова историја?
Многу е тешко да се утврди точниот број на Македонци што имигрирале во САД од голем број причини. Главната причина е тоа што Македонија стана независна држава дури во 1991 година, по распадот на Југославија. Низ вековите, особено во модерно време, Македонија беше или дел од Турската Империја како целина или по балканските војни беше поделена меѓу Грција, Бугарија, Србија, а по 1945 година во состав на Југославија. Затоа голем број Македонци кои имигрираа ги имаа пасошите од овие земји и се идентификуваа како државјани од Грција, Бугарија или Србија, а подоцна Југославија. Способноста да се утврди точниот број Македонци-имигранти во Америка е дополнително комплицирана од фактот дека имаше недостаток на забележани и верификувани стандардизирани податоци во гореспоменатите земји за имигрантите што ги носеа тие со себе за цел на идентификација. Ако и постоеја некои такви досиеја, мала е веројатноста дека во нив ќе се забележеа информации како што се датум и место на раѓање, име и презиме, сегашно живеалиште, ентитет или националност, пол или занимање. Разбирливо е да се претпостави дека голем број македонски имигранти можеби го навеле името на својата земја на потекло како нивни етнички идентитет (без разлика која земја ја окупирала Македонија во тој одреден историски период). Исто така, постои веројатност дека Македонците како и другите етнички групи можеби не правеле разлика меѓу концептот за националност и ентитет, бидејќи и двата се релативно понови за домородното население на Македонија. Меѓутоа, многумина Македонци, и покрај сите непријатности во предвечерието на новите и жестоки обиди за задушување на нивниот етнички идентитет и националност, се изјаснуваа како Македонци при пристигнувањето во САД.
Повеќе