![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Македонска Дијаспора За Македонците надвор од Македонија. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Ogan pod Zvezdite Регистриран: Oct 2006 Локација: Skopje, Macedonia. Возраст: 31
Мислења: 4.102
Блог записи: 3 Популарност: ![]() | Младиот актер, кој се појави во хит-серии како „ЦСИ: Њујорк“, ќе се сретне со Лени Кравиц за да го запознае со својата хуманитарна акција за македонските сирачиња ![]() Деновиве Кристофер престојува во Македонија, каде што доаѓа девет години Следниотпат кога ќе ја гледате телевизиската хит-серијата „Истрага на местото на злосторството: Њујорк“, чии епизоди лани во САД беа проследени од просечно 11 милиони луѓе, побарајте го името на младиот 22-годишен актер Кристофер Масларџиевски. Младиот Американец со македонско потекло, роден во Детроит, Мичиген, во актерското портфолио има по една епизода од популарните шоуа „Бостонско право“ и „ЦСИ: Њујорк“. Иако тоа се' уште се споредни улоги, овој мотивиран и посветен млад глумец се надева дека за неколку години ќе може да се пофали со холивудски успех и дека ќе биде првиот Македонец што работел на голема филмска продукција. Деновиве Кристофер престојува во Македонија, каде што доаѓа девет години по ред и освен што ќе го посети Љубојно, родното село на татка си, ќе им помогне и на македонските сирачиња. Покрај посетите на неколку домови за деца без родители, што е соработка на неговата хуманитарна организација Splash Of Hope („Прскање надеж“) со Обединетата македонската дијаспора и нејзиниот претседател Мето Колоски, Масларџиевски ќе оствари контакт со Лени Кравиц на концертот во Охрид, за да добие поддршка од рокерот за хуманитарните проекти. Со својата акција двете организации ќе донираат средства за сирачињата во Македонија. На споменатиот проект тие соработуваат и со Лидија Павлеска-Нешковска од „Поддржете ја Македонија“. Веќе нправивме неколку контакти и ги имаме првите резултати, а контактирав и со Лени Кравиц со кого ќе се сретнам во Охрид. Сакам да направи повеќе од еден концерт во Македонија. Следниот пат кога ќе дојде или ако сега остане малку подолго, сакам да ја види ситуацијата на дечињата овде и да се обиде да им помогне. Се надевам дека ќе го убедам и Боно Вокс од „У2“ да дојде во Македонија, а и дека многу славни личности ќе се ангажираат бидејќи имаат големо влијание - вели Кристофер. СО НАДГРАДБА ДО УСПЕХ Актерската кариера на Кристофер почнала во 2003 година кога по завршувањето на средното образование во Мичиген, решил да се пресели во Лос Анџелес и да го „брка“ својот сон.Од 2003 година работам на разни проекти, а бев редовен на шоу во продукција на „Комеди централ“. Бев и во „Нераскажаните приказни на ургентниот центар“, како и во „Бостонско право“. Минатиот февруари работев на филмот 4 Squared на режисерот Енди Харанди, што беше прикажан на фестивалот „Санденс“. Во моментов работам на проектот со вдовицата на Џејмс Браун, Томи Реј Браун - вели Кристофер.Масларџиевски додава дека една од најважните работи во неговиот живот е силната поддршка што постојано ја добива од родителите. Иако е свесен дека е тешко да се успее во филмската индустрија, убеден е дека со напорна работа може се' да постигне. - Ја имам решителноста, сонот, мотивот, имам 22 години и долго време сум посветен на ова. Ако работам доволно вредно, ако ги направам вистинските контакти и ако постојано се едуцирам и надградувам, можам да станам актер од холивудската А-листа - смета Кристофер. Масларџиевски е свесен дека само со посветена работа може да се одолее на многубројните забави во Лос Анџелес и да се стане дел од малиот процент млади актери што успеваат во Холивуд. Се' додека го правам тоа што го сакам, јас сум среќен. Знам дека сум популарен кај родителите и тоа ми е доволно, а ќе бидам задоволен дури и ако мојата баба ми е обожавател број еден - вели тој на шега. ![]() Масларџиевски со Миша Бартон ВЕРБА ВО СВОЈОТ СОН Кристофер, своето македонско потекло го смета за голем плус бидејќи со презимето секогаш привлекува интерес. Вели дека тоа е одлична можност да им говори на странците за Македонија и да ги запознае со нашата историја и со богатата култура. Земјата првпат ја посетил кога имал само 14 години, а немал претстава ниту каде доаѓа ниту, пак, познавал некого, но топлиот прием и пријателствата што се' уште траат, се дел од причините што секое лето доаѓа во Македонија. Навистина му се допаѓа отпуштениот живот, но и убавите девојки. Голем љубител е на македонските филмови и вели дека омилен режисер му е Милчо Манчевски. Сум ги гледал сите македонски филмови и би сакал да работам со македонски режисер. Извесен период контактирам со Светозар Ристовски и се надевам дека ќе работиме заедно на еден проект во Мичиген. Сакам да работам и со Милчо Манчевски, се надевам дека ќе го прочита ова и верувам дека во иднина ќе имаме успешна соработка - вели Кристофер.Младиот актер сака да работи на филм во селото Љубојно, но и во другите убави македонски села и градови. Сепак, неговата амбиција е да успее во Холивуд и затоа ги следи советите од својот омилен актер Леонардо ди Каприо. Исто така, верува дека ќе соработува и со Стивен Спилберг, за кого вели дека е најдобриот режисер во Холивуд. За крај, Кристофер укажува дека би сакал македонските деца да знаат дека ги имаат сите вредности и потенцијали за успех во животот. Секој може да го прави тоа што го сака, ако е доследен и ако никогаш не се откажува. Важно е да се верува во својот сон и тогаш се' може да се постигне - завршува Кристофер. Александар Македонски кум на Пакистан Паузите меѓу снимањата, Кристофер ги користи за да се запознае со актерите со кои работи, но и да зборува за Македонија. Секогаш ја раскажува приказната за Александар Македонски и името на Пакистан, која во неговото семејство се пренесува со генерации. Според легендата што се пренесува во мојата фамилија, Александар Македонски го дал името на Пакистан. Во еден поход тој стигнал до Пакистан што тогаш носел друго име. Кога му се спротивставиле војниците замавнал со мечот и противникот паднал. Сепак, набргу повторно станал. Александар повторно замавнал, но противникот и овој пат станал. По неколку обиди, Александар го забол мечот во земјата и ја нарекол Пакистан, по војниците што паѓале и веднаш станувале - појаснува Масларџиевски. ![]() Кристофер со Хедер Греам Во друштво на познати актери Една од работите за кои смета дека се дел од неговата работа е и одењето на големите церемонии на доделување награди, како и на сите други настани на кои се појавуваат многу познати лица. Уште од 18 години одам на големите манифестации како доделувањето на наградите „Оскар“ и „Греми“ и на забавите што таму се случуваат. Таму се сите најдобри актери, а забавите по церемониите се добра можноста за нови контакти. Прекрасно е чувството да се запознае Клинт Иствуд или да се биде на забавата на Парис Хилтон, но и да се знае дека тие се само обични луѓе како сите нас - вели Кристофер.
__________________ I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!! Peace is lie, there is only a passion, Trough passion i gain strength, Trough strength i gain power, Trough power i gain victory, Trough victory my chains are broken. The Force shall set me free |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 1 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| Гугл, интерес, македонското, презиме, Холивуд |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| ВЕЛЕС КАКО ХОЛИВУД СО УЛИЦА НА ЅВЕЗДИТЕ | barba | Дневни Вести | 0 | 05-08-2008 16:31 |
| Коалицијата во Србија - брак од интерес | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 09-07-2008 13:20 |
| Холивуд заслужен за успехот на Обама? | BorisVM | Дневни Вести од Светот | 0 | 02-07-2008 18:30 |
| Рекордни 9,62 милијарди долари заработка во Холивуд | BorisVM | Македонски Забавник и Занимливости | 0 | 04-01-2008 19:00 |
| Брак од интерес | Mara | Љубов и Секс | 38 | 19-10-2007 11:15 |