Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Наука и Култура > Култура и Уметност

Важни забелешки

Култура и Уметност Културни настани и активности, Литература, Сликарство...

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 20-04-2007, 11:54   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Форум зависник
 
Регистриран: Sep 2003
Локација: Macedonia.
Мислења: 1.111
Популарност: element Новодојденец
Стандардно zastita na nasata zivotna i prirodna ubavina

Zosto bre oh be kolku ste nerazumni otrov za volci, pa dajte so puski ubijte gi Da se zabrani upotreba na vakvi otrovi bez strucno znaenje od strana na nekoi biolozi itn

kolku gi i ja zastituvame nasata zivotna sredina? Sto se pravi za da se zastiti?


петок, 20 април 2007 od Dnevnik

МАСОВЕН ПОМОР НА ЗАШТИТЕНИ ПТИЦИ ВО МАРИОВСКО

Помор на белоглави орли

Се претпоставува дека мршојадците биле затруени со забранет отров, кој бил користен за труење на волци и на друг штетен дивеч


Масовен помор на најмалку 16 белоглави орли мршојадци е откриен во близина на месноста Стредорид во атарот на мариовското село Зовиќ. Се' уште не се утврдени причините за поморот, но експертите не ја отфрлаат можноста дека птиците се отруени со забранет отров, кој овчарите недозволено го користат за уништување на штетниот дивеч. По пцовисувањето на јатото мршојадци на терен во Мариово вчера беа излезени дваесетина експерти за заштита на ретките птици, од Министерство за животна средина и други еколошки здруженија.

- Причината за смртноста не може да се утврди дури не се изврши ДНК-анализа, зашто во мртвите птици немаше мрши што ги јаделе. Во изминатиот период често се случуваше да бидат затруени од стрихнин, кој сточарите се' уште го користат за уништување волци - рече Димитар Ролевски, координатор на проектот за заштита на мршојадци на Балканот.

Според првичните сознанија, мршојадците пцовисале пред 15 дена, но подоцна ги забележал овчарот Коста Атанасовски.

- Ги пронајдов уште во петокот, но дури во вторникот успеав да го пронајдам претставникот на еколошкото друштво во Зовиќ. Од орлите беше останат само костурот. Мршите речиси беа изедени од лисици - рече овчарот.

Експертите велат дека ова е автохтона птица во изумирање, заштитена со закон, па нејзиното уништување е казниво со затворска и со парична казна. По последните процени, во Македонија се останати уште 10 пара белоглави мршојадци, односно вкупно околу 40 птици сосе подмладок.

- Со поморот во Мариово популацијата е намалена за 40 отсто. За да утврдиме колку точно се останати, веќе два дена пребројуваме гнездилишта - рече Јован Андевски, претседател на Македонското еколошко друштво.

До 80-тите години од минатиот век во Македонија летале околу 200 белоглави мршојадци. Но, нивниот број рапидно се намалил по труењата со стрихин во 1983, 2002 и во 2004 година.

- Досега успеавме да ги заштитиме само преку резерватот што го направивме на Тиквешко Езеро. Планираме да направиме уште еден таков во Демир Капија - рече Ролевски.

Оваа птица живее над 150 години и во повеќе држави е веќе истребена. Може да достигне тежина до 12 килограми, а распон на крилјата - до 2,40 метри.

Покрај белоглавиот мршојадец во Македонија се останати уште по еден примерок од египетски, брадест и од црн мршојадец.

Жанета Здравковска
element моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
nasata, prirodna, ubavina, zastita, zivotna

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
A sto e so nasata Slovenska Mitologija? Unicor777 Религија и Митологија 67 13-05-2006 19:58


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 23:47.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68