Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Наука и Култура > Култура, Уметност и Образование

Важни забелешки

Култура, Уметност и Образование Културни настани и активности, Литература, Сликарство и образование...

Одговорете
 
Линкови Алатки за темата
Старо 07-08-2008, 09:32   #51 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Безвремени годишни времиња
Во неполн час и половина ни беше и пролетно убаво и летно топло, и есенски дождливо, и зимски снежно... Вака сублиматно може само за миг да се долови прекрасната атмосфера, игра и гласовита експликација на убавината и магијата..., што ни ја пружија режисерот Иван Поповски и театарот "Елена Камбурова"

Дека театарот е сон и бајка, дека во него се сонува и детски се сака, дека таму во тој сценски свет се е можно, па и приказната за Четирите годишни времиња на Вивалди (во случајов уште и на Чајковски, Пјацола и Хајдн), иако музичка да стане театар, посведочи ансамблот на "Елена Камбурова" од Русија и фантастичиот режисер Иван Поповски. Тие не оставија без зборови, со многу растреперени чувства за што сведочеше десетминутиот аплауз и петкратниот бис... Во неполн час и половина ни беше и пролетно убаво и летно топло, и есенски дождливо, и зимски снежно... Вака сублиматно може само за миг да се долови прекрасната атмосфера, игра и гласовита експликација на убавината и магијата... За тоа, "главни виновнички" се прекрасните грации Елена Веременко, Ана Комова, Елена Пронина и Надежда Гулитскаја кои уште еднаш не уверија дека театарот не е само збор, ами игра, чувство, прекрасно искуство... Впрочем, за тоа, ВЕЧЕР пред две години ги награди со "Златна маска" во претставата на "Апсинт". Во таа постава не учествуваше само Надежда Гулитскаја.
Овозможувајќи ни уште едно вистинско уживање, актерите и осуммината музичари кои во живо ни го пружија задоволството и ни ја дополнија убавината, уште еднаш посведочија дека театарот е безвремен... Заедно со сценската техника и останатата анимација... Поповски преку играта со светла (која напати потсетуваше на "Апсинт") ја долови сета колоритна лепеза на годишните времиња... За на крај да не потсети дека не е се така розово и убаво, сликајќи го урбаниот хаос во кој се поретко се наоѓаме... Се на се, комплетен, убав и естетски чин кој долго ќе се памети.
Слики од Масин
Сите љубители на ликовната уметност, вечерва во Охрид се поканети во Центарот за култура "Григор Прличев" (20 ч.) на изложбата на академскиот сликар Мирослав Масин. Тој ќе ни го понуди својот најнов создаден свет во кој тврди дека "човекот настана од охридска пастрмка", како што и е насловена изложбата. Масин (1963 г.) е веќе две децении присутен на македонската уметничка и ликовна сцена, токму од дипломирањето на ФЛУ (1988 г.), член е на ДЛУМ од истата година, а бил и нејзин претседател во периодот 2000-2001 год.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 07-08-2008, 09:33   #52 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно Ѕвездата Инва Мула повторно ќе блесне под охридското небо

На 8 август во Античкиот театар оперски гала-концерт на Инва Мула, Борис Трајанов и Александар Стеваноски

Фестивалите се паметат по ѕвездите, а ’Охридско лето’ и оваа година донесува едно големо соѕвездие од славни уметнички имиња кои ќе блеснат под охридското небо. Така ќе биде и на 8 август кога во прекрасниот амбиент на Античкиот театар ќе настапи Инва Мула, светски познатиот сопран која одамна ги освои најпрестижните сцени во светот, а најшироката популација ја памети и како дивата Плава Лагуна во филмскиот хит ’Петтиот елемент’“. Вака селекторот на музичката програма на „Охридско лето“, Гордана Јосифова Неделковска, го најави големиот концерт кој на 8 август, со почеток во 22 часот, ќе се одржи во Античкиот театар во Охрид, а на кој покрај Инва Мула настапуваат и нашиот светски познат баритон Борис Трајанов како и младиот бас Александар Стеваноски. Музички уметници ќе бидат придружени од Македонската филхармонија, со која ќе диригира Франческо Роза, постојан соработник на Борис Трајанов, инаку диригент во театарот „Сан Карло“ во Неапол, во Италија.

На идејата за овој заеднички настап на трите уметници маестро Борис Трајанов и дава одреден судбински предзнак. Како што вели, Инва Мула ја запознал 2001 година на продукцијата на „Хофманови приказни“, во времето кога во Македонија имаше воен конфликт. Трајанов раскажува како неговите италијански колеги често го прашувале како ќе се однесува кон Мула која е со албанско потекло, но како што вели, „ние уметниците имаме поинаква перцепција за светот... Кога размислував за овој концерт сакав да ја поканам токму Инва Мула како гостин заради моите драги Албанци. Сакам да покажеме дека албанскиот и македонскиот народ имаат уметници достојни за почит“, вели маестро Трајанов.

И навистина, Инва Мула е сопран со глас дијамант, редок како по својата сила така и по својата раскошна боја и довршеност. Како да поседува некој силен и богат инструмент, со кој управува толку прецизно, а навидум без напор. Инва Мула пее јасно, интонационо чисто, со апсолутно разбирлива дикција. Но сепак нејзиниот главен адут е емоционалниот израз, драмата како одлика на оперскиот жанр, која албанската сопранистка ја обликува гласовно прецизно и совршено.

Сосем пригодно, програмата за овој концерт се состои од бисери на оперската литература: „Травијата“, „Риголето“, Набуко“, Севилскиот берберин“, „Дон Џовани“... Како што објасни Трајанов, секој од трите уметници ќе отпее по три арии, а ќе има и три дуети, две увертири и две интермеца.

Македонската публика имаше можност да ја чуе Инва Мула и пред неколку години, исто така на „Охридско лето“ кога таа беше дочекана со овации. Мула веќе долги години живее во Франција, редовно настапува во Миланската Скала и е чест партнер на познатиот Пласидо Доминго. Борис Трајанов пак досега имал над 700 настапи на најпознатите светски оперски сцени. Младиот Александар Стеваноски често настапува во Италија, Бугарија и Албанија, а неговата соработка со маестро Трајанов датира од пред три години.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 08-08-2008, 07:59   #53 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно Рецензија: „ЧЕТИРИ ГОДИШНИ ВРЕМИЊА“, ВО РЕЖИЈА НА ИВАН ПОПОВСКИ

Совршена магија, илузија, фантазија...

Публиката на Охридско лето беше почестена со светската премиера на „Четири годишни времиња“, последниот дел од трилогијата музички претстави поставени од Иван Поповски на сцената на Театарот за музика и поезија „Елена Камбурова“.Она што пријатно не' разгали во „Мечтаења“, што не' импресионираше во „Апсинт“, во „Четири годишни времиња“ буквално не' вџаши. Жанровски наречена „концерт без зборови“, може да се рече дека е и без приказна - не затоа што реално ја нема, ами зашто приказната е крајно интимно, скриено и лично доживување на секој поединечен гледач. Повикува на толкување, но пред се' на восприемање бидејќи трилогијата музички претстави на Поповски не стреми кон човековиот ум, туку кон неговите сетила. Ова е особено потенцирано во последниот нејзин дел, кој е составен од експлозии на дразби и емоции. Доминира јазикот на музиката. Совршените аранжмани на композициите на Вивалди, Чајковски, Хајдн и Пјацола направени од Олег Синкин, исвирени и испеани во живо се подлога на основната дразба упатена кон увото. На тој план изведбата воодушевува и восхитува, но она што не' остава без зборови е нејзиниот стравотен визуелен ефект. За да го постигне, режисерот се служи со најавтентичната алатка на театарот и неговиот најјак адут - илузијата.Сценографските решенија (Иван Поповски), костимите (Ирина Јутанина), дизајнот на светло (Владислав Фролов), анимациите (Јулија Михеева), куклите (Елена Трешчинскаја), се' е направено со исклучителна креативност и оригиналност, која покажува и докажува дека ограниченоста на театарот како медиум е само изговор за затскривање. Нападот врз нашите сетила е комплетиран и преку тактилноста која (иако нема ниту еден директен допир меѓу изведувачите и гледачите) е навестена преку доминантноста на дланките во еден момент, контурите на поединечни делови на телото, впереното светло кон гледалиштето чии зраци ја допираат публиката.

Создавајќи совршена магија која понекогаш опседнува со сомнежи за невозможност, режисерот може да си дозволи како контраст, некаде во средината на претставата, да ни отвори еден сосема поинаков театарски свет. Наивен, старински, со сцена - кутија и црвени завеси, растоварен од каква било потреба за техничка перфекција, во кој се ѕиркаат нозете на актерките од дното на картонското кајче, каде што се гледаат сценските работници кои фрлаат снег и лисја, прават бура и движат куклени животни. Едно духовито интермецо што уште повеќе го засилува впечатокот.И можеби ништо од ова немаше да се случи да ја немаше креативната сила на Иван Поповски, неговиот богат емотивен и фантастичен свет, но од друга страна, тој свет ќе си останеше тајна да не беа Елена Веременко, Надежда Гулитскаја, Ана Комова и Елена Пронина, четирите волшебнички што беа и актерки и пејачки, кукларки, танчарки - со еден збор, божици што ја имаа секоја нишка од претставата во свои раце и на ниту една не и' дозволија да се распара. Понекогаш дури навидум ставени во втор план за сметка на ефектот, но постојано заслужни за неговата комплетност. Толку прецизни и уверливи во тоа што го прават на сцена што самите по себе може да се третираат како инспирација.Всушност, „Четири годишни времиња“ е целосен и револуционерен театарски настан кој комплетно обзема и кој е точен показател за што е страдна македонската публика - магија, илузија, фантазија, посветеност, а пред се', автентична и искрена сценска емоција.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 11-08-2008, 12:37   #54 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно НОВИ СОЗНАНИЈА ОД ИСТРАЖУВАЊАТА НА СТАРО СКОПЈЕ

Скупи бил населен до средниот век
Како последни фази на живеење околу бедемот археолозите го посочуваат 12 век

Граѓаните на Скупи не го напуштиле својот роден град по катастрофалниот земјотрес во 518 година, што го срамнил со земја не само градот туку и околните населени места. Луѓето во Скупи не живееле само краток период по разорувачката природна катастрофа. Повторно тука пуштиле корени што траеле дури до средниот век. Ова се дел од новите научни сознанија до кои дојдоа археолозите од Музејот на град Скопје, кои речиси половина година вршат археолошки ископувања на бедемот на Скупи. Археологот Ленче Јованова, една од раководителите на археолошките ископувања, вели дека резултатите од истражувањата се разликуваат од тоа што го очекувале. Таа е презадоволна од резултатите.Археолозите годинава, освен просторот околу новооткриената базилика, го истражуваа и бедемот на градот од времето на 4 век. Една од причините е да се одредат границите на споменичната целина на Скупи, за да се одреди просторот што би било прогласен за споменик на културата. Така конечно ќе се знае кое подрачје ќе биде под строг режим на заштита, каде што нема да смее воопшто да се чепка, каде што ќе мора да се вршат заштитни археолошки ископувања за да може подоцна да се одобруваат дозволи за градби.Втората причина е стручниот и професионален предизвик. На бедемите на Скупи досега немало вистински систематски истражувања - објаснува Јованова.
ЅИДОВИ ДЕБЕЛИ 3,6 МЕТРИ
Со истражувања на бедемот на еден град, на индиректен начин се добиваат податоци за историјата на градот, за воено-политичките и општествените збиднувања во империјата во одредени периоди. Археолозите добиваат сознанија за големината на движењата на градот, урбанистичкото и инфраструктурно уредување, за неговата големина и градежните фази. Една од мистериите, која археолозите се обидуваат да ја разрешат, е постоењето на раноримскиот логор, од кој подоцна израснала римската колонија Скупи.Со годинашните истражувања на бедемот од 4 век, откриени се две полукружни кули, од кои едната не е цела зачувана. Не' изненадија ѕидовите на бедемот, кои биле дебели 3,6 метри. Ако требало да се бранат со олку масивен бедем, цивилизациските вредности во Скупи во 4 век биле на многу високо ниво. Во тоа време Скупи бил главен град на римската провинција Дарданија и бил назначен за епископско седиште. Ѕидот сигурно бил висок околу 12 метри. Требало да се издвојат многу пари за да се утврди целиот град. Тие градежни зафати ги финансирала империјата. Значи, на империјата и' било многу важно да го брани Скупи од напади. Тоа е логично, ако се земе предвид дека Скупи е на самата трансферзала на патишта и тука веројатно отседнувала војската, високи државници. Скупи не бил негуван само поради цивилизациското ниво на градот, туку и затоа што градот многу и' враќал на империјата - објаснува Јованова.
КАДЕ Е РАНОРИМСКИОТ ГРАД?
Под бедемот археолозите откриле (многу оштетена) раноримска станбена градба. Според зачуваните декоративни елементи, ѕидови украсени со фрески, делови обложени со мермер, со систем за загревање на ѕидовите, со водоотпорни подови, објектот бил многу луксузен граден, во 2 и 3 век. Овој пронајдок на археолозите им отворил нова дилема - каде се границите на Скупи од раноримскиот период?Очигледно е дека постариот град бил поголем. Раноримскиот град би требало да се шири кон исток, кон центарот на денешно Скопје - вели Јованова. Бедемот од 4 век ја изгубил основната функција кон крајот на 5 век, по жестоките разурнувања на Хуните и Остроготите. Кон крајот на 5 и почетокот на 6 век археолозите лоцирале неколку градби со повеќе градежни интервенции. Жителите на градот го искористиле постариот бедем и на него ги потпирале новите живеалишта и објекти. Археолозите откриле развиена мрежа на објекти, градени во неколку наврати низ целиот 6 век. Постарите биле посолидно градени, од мермер и делкан камен, а подоцнежните биле попримитивни. Тие биле градени по катастрофалниот земјотрес во 518 година.Како последни фази на живеење околу бедемот археолозите го посочуваат 12 век. Тие нашле 10 гроба од раниот среден век, од 10 до 12 век.Јованова вели дека луѓето не ги напуштиле огништата и продолжиле да живеат во Скупи и по големиот земјотрес. Тоа го потврдуваат истражувањата на бедемот, кој денес е прилично уништен - имало многу бројни разградувања од 6 век, во раниот среден век и во модерно време.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 11-08-2008, 12:39   #55 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно Куќата на Уранија во Охрид ќе стане центар на академиите на Балканот








ОХРИД - Куќата на Уранија е еден од најубавите примероци на старата градска архитектура во Охрид и ќе биде конструирана до крајот на идното лето. Во неа, како што вчера најавија, претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов, и потпретседателот на Владата задолжен за евроинтеграции, Ивица Боцевски, ќе се отвори клон на МАНУ и ќе се поведе иницијатива во неа да се формира центар на академиите на земјите од Балканот.
„Со отворањето на центарот на балканските академии на Охрид ќе му го вратиме сјајот на најразвиен културен и духовен центар на Балканот зошто не случајно се нарекува втор Ерусалим. Убедени сме дека оваа идеја ќе биде прифатена и тука ќе ја формираме најбогатата научна база посветена на средниот век на Балканот“, рече претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов.
Куќата на Уранија до пред неколку години ја користеше Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид, а пред две години Владата и' го врати на МАНУ. Вицепремиерот Ивица Боцевски рече дека проектот за реконструкција е готов, средствата се обезбедени и дека работите ќе бидат завршени за една година. Реконструкцијата, според директорката на Охридскиот завод и музеј, Тања Паскали Бундашевска, ќе биде специфичен зафат зошто ќе се урне делот што е над камените темели, а потоа ќе се надгради при што ќе биде задржан автентичниот изглед нешто слично што е направено со куќата на Робевци што се наоѓа во непосредна близина.
„Со МАНУ, покрај овој, договоривме уште неколку крупни проекти каде што ќе соработуваме во геостратегиските истражувања и формирањето на електронска база на податоци поврзани со проектите на МАНУ. Побаравме нивна помош и во процесите на хармонизирање на нашето со европското законодавство“, рече потпретседателот на Владата, Ивица Боцевски. Заеднички, како што рече тој, ќе покренат широка кампања за запирање на процесот на одлив на млади научни кадри кои се' почесто одат во светот. (С.И.)
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 11-08-2008, 12:40   #56 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно Почнува Меѓународниот семинар за македонски јазик во Охрид




Учесниците ќе се запознаат со преводот на „Пиреј“ од Петре М. Андреевски на руски јазик и со дела преведни на чешки
Невена Поповска
Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска во 10 часот свечено ќе биде отворено 41. издание на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Семинарот ќе се одржува од 11 до 28 август и на него ќе учествуваат 93 слушатели од 21 земја - странски слависти, македонисти, балканисти, универзитетски професори, научни работници, преведувачи, социолози, антрополози, млади истражувачи и студенти по македонистика, славистика и по балканистика од светот.
Меѓу учесниците, кои беа најавени од организаторите се споменуваат престижни имиња од славистиката, како што се: Влоѓимјеж Пјанка и Иван Доровски, професорите Волф Ошлис, Маќеј Кавка, Ирена Ставови-Кавка, преведувачката Олга Пањкина од Москва.
За слушателите се предвидени по две предавања дневно од областа на македонскиот јазик, литература, култура и историја, а наставата ќе се одржува со задолжителни лекторски вежби, курсеви по избор од македонскиот јазик, македонска литература, старословенски јазик, етнологија на Македонците, како и курс по народни ора, а годинава продолжува да работи и преведувачката работилница.
Предвидено е и претставување на преводите на македонската литература меѓу двата семинара - романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски во превод на руски од Олга Пањкина, како и богатата преведувачка продукција на семејството Доровски (Иван, Дагмар и Ивана) на чешки на дела од Оливера Николова, Цане Андреевски, Горан Стефановски.
На 25 и 26 август во рамки на Семинарот ќе се одржи и 35. Научна конференција, која работи во две секции - лингвистичка и литературна. Темите на лингвистичката секција годинава се: „Македонскиот глагол во балкански контекст“ и „Конгруенцијата во македонскиот јазик и спојност на текстот“, додека темите на литературната секција се: „Кочо Рацин како поет и публицист“ и „Македонската книжевност наспрема другите светски книжевности“.
Покрај редовните изданија од минатогодишните предавања на Семинарот и од Научната конференција, подготвен е и зборник со македонистичките трудови на академик Франтишек Вацлав Мареш, кој минатата година посмртно беше одликуван со Медал за заслуги за Република Македонија. Преку неговите компаративни истражувања на македонската фонологија и морфологија со другите словенски јазици, како и со трудовите посветени на старите македонски ракописи, тој ги истакнува посебностите на македонскиот јазик во словенското јазично семејство.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 12-08-2008, 15:48   #57 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно НА РАБОТ ОД РАЈОТ

НА РАБОТ ОД РАЈОТ
Еден од водечките европски режисери, германскиот Турчин Фатих Акин, повторно се појавува со дело кое остава длабока трага во филмските анали: "На работ од рајот", добитник на Златна палма за сценарио во Кан.
Акин, како и во "Со глава во ѕид" и "Во јули", ја следи неговата специфична филмска линија, создавајќи типично европски филм. Суптилно критичкиот поглед на социјалата, политиката, европската реалност, на актуелниот политички однос ЕУ-Турција, разликите меѓу сталежите, улогата на изгубениот поединец во општеството, шареноликите погледи и анализи на љубовта..., веќе се иманентен дел од творештвото на новиот филмски херој во Европа. Овде, новина во Акиновото филмско промислување е одвојувањето на простор за етиката, конкретно за категоријата простување, која носи неколку од поентите во филмот, како и на смртта како крај, но и како почеток.
И во овој филм, повторно е ангажиран Рајнер Клосман, (снимателот на Вернер Херцог и Оливер Хиршбигел, добитник на "Златната камера 300", во 2004 г. во Битола за "Со глава во ѕид"...), емоциите ги слика од интересни и (не)вообичаени позиции, употребувајќи повпечатливи агли на снимање за силно емоционалните сцени. Негов кинематограферски печат се и статичната камера и камерата "од рака", кои ги употребува и овде.


Музиката повторно е прекрасна мешавина на турски песни со еклектична музичка подлога, во која, покрај класичните симфониски звуци, вткаен е и прекрасно егзотичен турски мелос.
Она што најмногу воодушевува е сценариото, хиперинтелигентно пренесено на филмското платно. Акин на мудар начин се служи и со веќе видените, но сепак ефективни игри со категориите време-простор, по што кај нас е познат Милчо Манчевски. Тоа го прави преку трите приказни, пренесени преку точно одредени пунктови: смрт - љубов - простување. Тој философски прецизен спој на режијата и повеќеслојното сценарио го носи еден од најубавите европски филмови во последно време.
Заслужува да се напомене и споредната улога на еден од бардовите на германското глумиште, Хана Шигула, миленичката на култниот режисер Рајнер Вернер Фасбиндер, и актерка која ги долови незаборавните ликови во легендарните "Лили Марлен", "Горките солзи на Петра фон Кант", "Марија Браун"...
Од овој филм издвојувам две сцени. Првата е последниот, крајно "едноставен" кадар, и една од најубавите последни сцени во филм: главниот јунак седи на брегот од морето и го чека татко му, а единствено движење во неколкуминутниот статичен кадар е звукот на морето.


Ја издвојувам и сцената кога таткото, кој прележал инфаркт, место да се одмори, му вели на синот да ги наводнува патлиџните во дворот. Неа ја потенцирам поради силната психолошка слика на една традиција, како и поради огромната сличност со дел од нашиот краток филм "Ливада" од добитникот на Златна палма за краток филм, Митко Панов, каде селанецот, пред да почине, вели: "Докторе, помагај... Искоси ми ја ливадата".
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 13-08-2008, 20:26   #58 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно Eвропска дипломска школа за античка и средновековна философија „EGSAMP”



Од 21. до 27. јули 2008 година во градот Елена (Бугарија) се одржа Европската дипломска школа за античка и средновековна философија (EGSAMP), на која учествуваа триесет професори, асистенти, докторанти и магистранти од Германија, Франција, Белгија, Италија, Бугарија и Македонија. Темата на школата беше „Природата и уметноста – меѓукултурниот европски дијалог во касното средновековие“ (Natur und Kunst – der interkulturelle europäische Dialog in Spätmittelalter), при што предавања одржаа проф. Цочо Бојаџиев (Софија), проф. Георги Каприев (Софија) и проф. Андреас Шпеер (Келн).

Присутните докторанти и магистранти имаа можност во утринските работни сесии да ги презентираат своите истражувачки проекти. Од Македонија учествуваше Милан Ѓорѓевиќ (докторант на универзитетот во Келн и дипломиран богослов на богословскиот факултет во Скопје) со изложување на тема „Свети Никола Кавасила – еден пат кон синтеза на традициите“, после кое се разви плодотворна дискусија. Во рамките на летната школа беа организирани и екскурзија во трновскиот регион, како и прошетки во Трново и Софија.





Извор: http://digitalareopagus.wordpress.com/
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 15-08-2008, 13:55   #59 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно Ликовна колонија во Карпинскиот манастир

ПО ШЕСТИ ПАТ




Дваесетина ликовни ументици од Македонија, Бугарија, Србија и од Полска творат на шестата ликовна колонија "Карпино" во недопрената природа на Карпинскиот манастир.
- Работиме на зачувување, реставрирање и анимирање на манастирот во јавноста. Промоцијата ја вршиме преку организирање меѓународна ликовна колонија, презентирање стари занаети, обичаи, традиционални јадења, вели Зоран Павловки, претседател на здружението што ја организира колонијата.
Карпинскиот манастир е изграден меѓу 14 и 16 век и претставува типична градба од турски период, кога се граделе скромни цркви слични на куќите. Според податоците од Институтот за македонска литература, во манастирот во Карпино живееле над 300 калуѓери и тој важел за богат книжевен центар. Оригиналните ракописи, кои сега се наоѓаат во Москва, Софија и во Белград, сведочат за препишувачката школа и за постоење на ќелијно училиште.
За најзначајни книжевни дела се сметаат Карпинското евангелие и Апостол со ирмологиум, кои сега се наоѓаат во Москва. Постојат и документи за 11 пергаментни ракописи, но и хартиени, како што се евангелија, апостоли, псалтири. За богатата историја на манастирот е заинтересирана и Владата која најавува обнова на манастирските конаци.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 16-08-2008, 19:15   #60 (Линк до мислењето) Најгоре
smiling ....
 
Аватарот на lorista
 
Регистриран: Feb 2008
Мислења: 620
Се согласил: 0
Се согласиле 0 пати во 0 мислења
Стандардно

Иронично,колку тие што ги сакаме,тие што ги бараме,по тие што копнееме се понекогаш толку блиску до нас а така далеку......судбина !
Погледнете го.
__________________
The happines of your life depends on the quality of your thoughts.

lorista моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 18-08-2008, 17:54   #61 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Thumbs up ИСТРАЖУВАЊА НА ЛОКАЛИТЕТОТ ГРАДИШТЕ, КАЈ НЕГОТИНО

Античката кочија од Антигонеа била од сребро
Тоа покажува дека покојникот почивал во гробот имал висок општествен статус во текот на својот живот, велат археолозите од Неготино

Сребрени токи ги краселе коњите чии скелети лани беа пронајдени на археолошкиот локалитет Градиште кај Неготино. Тоа покажува дека покојникот што почивал во гробот имал висок општествен статус во текот на својот живот, велат археолозите од Неготино. Материјалите во моментот се на испитувања во Скопје, соопшти археологот Кирил Ангеловски, директор на неготинскиот музеј.
Материјалот се чисти, конзервира и се реставрира.
- Украсните токи на коњите биле од сребро. Во почетокот мислевме дека се изработени од помалку скапоцен материјал. Бидејќи беа со наслаги, не можевме да препознаеме од што се изработени. Имаше осум токи, по четири од секоја страна - вели Ангеловски. Археолозите годинава работеа во подградието на Градиште. Масивните бедеми на локалитетот, долги сто метри, на некои места подебели и од два метра, ги наведуваат археолозите да веруваат дека го истражуваат античкиот град Антигонеа, од 3 век пред новата ера. Веројатно е македонскиот град Антигонеа. Сепак во археологијата не може да нагаѓаме. Тоа не може сигурно да се потврди додека не најдеме пишани докази - вели Ангеловски.
Годинава археолозите пронашле многу наоди од метал, керамика, теракотни фигури. Монетите се од 3, 2 и 1 век пред новата ера, односно македонско-хеленистички и раноримски период. Археолозите пронашле и многу лажички, виљушки, ножиња, чија вистинска функција археолозите допрва ќе ја откриваат.- Можеби се медицински прибор, но може да се и занаетчиски алатки - вели Ангеловски.Истражувачите веќе се сигурни дека градот бил центар за изработка на керамика во регионот. Пронашле многу калапи за керамика, особено за изработка на теракотни фигури на божицата Кибела. Од земјата излегле покрупни и поситни делови од дваесетина фигури.Очигледно е дека тука се изработувала керамика, такво е подрачјето, земјата е глинеста. Тоа покажува дека жителите на градот ја користеле тулата како градежен материјал уште во класичниот период, можеби и претходно - објаснува Ангеловски.Целта на ископувањата на Градиште е Неготино да стане атрактивно за развој на културниот туризам. Музејот има голема поддршка и од локалната самоуправа во реализацијата на таа идеја. Според Ангеловски, Градиште е интересен локалитет бидејќи се наоѓал на Виа Игнација, главниот пат во античко време кој од Стоби, преку Антигонеа, Стенае водел кон Вардарски Рид. Во тоа време тоа бил еден од најфреквентните патишта.Археолозите годинава имале на располагање само 120.000 денари. Деновиве ги посетил директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Тој им ветил дополнителна поддршка и инсистирал да се интензивираат ископувањата на масивниот бедем.Разговаравме да го отвориме бедемот, да направиме конзервација на еден дел, за да биде видлив. Мислам дека ќе биде импозантно.
Но, Градиште е сложен локалитет. За да се истражи целосно, треба многу пари, време и работа. Археологијата не е работа на норма - вели Ангеловски. Ископувајќи го бедемот и околу него, археолозите наишле на три културни хоризонти - од најрана фаза, македонски период, преку хеленистичко-македонскиот до раноримски период. Се симнале 3 метри во длабочина, но се' уште не стигнале до здравица (стерилната земја во која веќе нема културни слоеви). Од поинтересните годинашни откритија, археолозите го посочуваат погребувањето во питос (голем глинен сад), од 5 и 4 век пред новата ера. Според пишаните извори, македонскиот крал Антигон Трети Досон (229-221 г. пр. н. е.) ја основал Антигонеа во 222 година пр.н.е. за да ја заштитува северната македонска граница. До тој период границата помеѓу Македонија и Пајонија веројатно била појужно.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 22-08-2008, 22:28   #62 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно Македонија ќе биде домаќин на 2.000 уметници од Европа






ЕСРА ќе организира две работилници кои ќе го навестат одржувањето на големото биенале во нашата земја
Сунчица Уневска
Македонија ја доби организацијата и честа да биде домаќин на 14. Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот BJCEM, кое ќе се одржи следната година во септември, односно од 2 до 12 септември 2009 година. За таа цел, а во рамките на подготовките на овој најголем настан во културата во нашата земја, на кој ќе учествуваат дури 2000 уметници од 46 европски и медитерански земји, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје-Париз-Њујорк ќе организира две работилници кои ќе го навестат биеналето и на кои уметниците ќе ги подготват своите настапи.
BJCEM е многу значајна и огромна манифестација посветена на младите уметници и на сцената на модерните движења во сценско-визуелниот, во театарскиот, филмски и музички домен. Нејзиниот почеток беше во Барселона во 1985 година, а потоа се одржа и во Марсеј, Лисабон, Рим, Атина, за денеска таа да биде еден вид алтернатива на големото венециско биенале, чие седиште е во Брисел, а секое издание се одржува на различно место. Македонија успеа да ја добие организацијата за нејзиното 14. издание, кое ќе се одржи следната година во септември, кога нашата земја која ќе ја посетат 2000 уметници ќе се претвори во голема европска сцена на модерната уметност. Инаку, оваа организација и официјално беше преземена во текот на одржувањето на 13. BJCEM во мај годинава во Бари, Италија, од страна на Јордан Плевнеш, деканот на ЕСРА (која е партнер во подготовката на оваа манифестација) и нашиот голем уметник, Борис Трајанов.

Првата работилница, која ја подготвува ЕСРА, ќе биде во филмско-музичкиот домен во текот на претстојниот септември. Како што ни кажа Плевнеш, заедно со организациониот одбор на Биеналето, тие ќе примат 30 млади уметници од Европа и од Медитеранот, а се разбира и од нашата земја, кои ќе можат да работат на своите идни проекти. Работилницата ќе ја водат професори од Италија и од Балканот кои работат во доменот на филмските, музички и аудиовизуелни уметности. Додека кај нас работилницата ќе ја води проф. Илија Пејовски, декан на Факултетот за применета музика.

Втората работилница ќе се одржи во текот на февруари следната година, а ќе биде посветена на документарниот филм. Во нејзини рамки планирано е да присуствуваат 30 документаристи од 11 земји, кои ќе прават документарни филмови на тема „Пет минути надеж за мене и за мојата земја“. „Западниот Балкан се' уште е третиран како проблем на европската цивилизација, иако таа всушност од него почнува, и нашата цел е да покажеме една трансформација на социјалната слика на Балканот во Европа“, ни рече Јордан Плевнеш.

А покрај овие работилници, на иницијатива на министерската за култура, Елизабета Канческа Милевска и на иницијатива на директорот на бирото на УНЕСКО во Венеција, Енгелберт Роуз, во Македонија ќе се одржи министерска конференција која ќе го иницира прашањето на соработка во пресрет на Биеналето. Универзитетот ЕСРА ќе биде носител на активностите околу промоцијата на Биеналето, но и на соработката во различни домени со повеќе институции. Како што ни рече Плевнеш, тие веќе потпишале протокол за соработка со Факултетот за медиуми и комуникација во Белград и со Филмската академија од Тирана, а се очекува кон него да се приклучат и академиите од Бугарија, Грција и Косово. „Една од целите е да бидеме носители на идејата во трансформација на аудиовизуелната комуникација. Сакаме да се воспостават повторно мостовите и да се пласираат информациите за сето она што се случува во соседните земји, за да не владее и понатаму логиката на локалната тиранија“, нагласи Плевнеш, најавувајќи дека по тој повод ќе се организира и симпозиум на кој ќе бидат поканети експерти од оваа област од различни земји.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 25-08-2008, 06:47   #63 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно Светот да нè препознава по СВП




Големиот светски поетски фестивал, Струшките вечери на поезијата, си го врати местото што му припаѓаше со децении - најголем во светот. Најголем барем според масовноста, односно според учеството на поетите: седумдесетина од светот и педесетина од нашата земја. Голем е и според интересот на публиката што дојде во Струга одблизу да слушне песна на четириесет јазици. Но, дали кризата во СВП е надмината? Учесниците тврдат дека светот се обединил и се спријателил во Струга, а поезијата ги прескокнала сите границите. На местото на кое Дрим истекува од Охридско Езеро, лауреатот Фатос Арапи повика „да бидат заборавени сеништата од минатото и да им дозволат на творците преку зборовите да предвидуваат и да креираат иднина во која ќе се размислува оптимистички, ќе се почитува другиот и ќе се зборува низ јазикот на љубовта“.
Предвидените содржини на фестивалот се одржаа, но со многу технички пропусти. Интернет-страницата на СВП е од лани, не се почитуваа утврдените термини за почеток на програмите, не беа докрај искористени можностите за афирмација на културните и природните убавини на нашата земја. Организаторите ќе речат дека имале малку време за подготовка на ова издание на фестивалот - само три месеци. Тие си имаат алиби со кое можат да се правдаат дома, но не и пред странските поети. А кај домашните писатели, ништо не се сменило. Тие, наместо СВП да ги искористат за контакти со поетите од странство, повеќе милуваа да се групираат (најмногу според припадноста на определена политичка партија) во фоајето на хотелот „Дрим“.Писателите веројатно целата работа околу афирмацијата на македонското книжевно творештво во странство го оставија на фестивалот. Дали фестивалот ја искористи шансата да создаде мостови по кои ќе се пренесуваат нови идеи за меѓукултурна соработка и за размена на креативни идеи меѓу авторите од различни култури ќе се види допрва. Но едно е сигурно. СВП не треба да има празен од, односно веднаш треба да се зафати со организација на следното издание на фестивалот и да направи многу повеќе од годинава за во иднина по поезија и по Струшките вечери да не' препознава светот.


Лауреат на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“


СТРУГА - „Фатос Арапи му втисна на меѓународниот поетски фестивал ’Струшки вечери на поезијата’ димензии на албано-македонска и македонско-албанска духовна хомогенос“, рече меѓу другото академик Гане Тодоровски во беседата посветена на годинешниот лауреат на „Златниот венец“, Фатос Арапи. Творештвото на Фатос Арапи, продолжи Тодоровски, природно се извишува над времето и над средината во која се реализира и осмислува и на која и се обраќа. Фатос Арапи е пример на поет правовремено дистанциран уште во почетните фази на својот поетски развиток, а тоа ќе значи во времето на одреденото едноумие во неговата земја од каноните на официјализираната кревка естетика, дистанциран главно поради чистотата на неговиот креативен потенцијал. Тоа е најважно. Тој е типичен пример на творец кому авторската автономија, пројавена на рамниште и статус на најприродна позиција му овозможила пеење и мислење кое го растоварила од секаква припадност кон естетички конвенции и стилски постапки. „Факел, запален пред да биде стемнето“ е финален стих од неговата песна „Премногу сум модерен“. Едноставно ќе декларирам бев зграгорен, бев мошне пријатно изненаден и подзачуден кога го прочитав овој стих. Во неа Фатос Арапи се исповеда зошто ли е премногу модерен. Речено е уште и дека „трагедијата е вистинската татковина на поетите“ и дека „а јас одамна сум влезен во идните трагедии на слободата“. Претходно бев уверен дека „поетите се чудење во светот“, дека пророчката и луцидна мисла на албанскиот современ поет Фатос Арапи, во божја 2008 година позлатен со сјајот на бесценетото струшко злато на овој новозапален поетски факел пред да биде стемнето и овде, во нашиве краишта, среде прататковинскиот центар на Европа за ова метоминиско видело кое што ја доречува светлината. Бидејќи чудотворствата на убавиот збор и во денешницава се содржат токму во тој сјај среде сјајот и бидејќи светлосните фарови и на нашата секојдневна движба низ денот се зборовите што ни ја овозможуваат комуникацијата токму тогаш кога предоволно е видливо и кога нормално се гледа се. Не копнее само мракот по грска светлина, туку и денот наш, развиделен колку за сеопшта ориентација ваби и жеднее за факел што ќе ја доречува светлината. Фатос Арапи е тука за да ги дорасветли нашиве светли простори и да го доразубави ова убаво поднебје“, заврши академик Тодоровски.

На свеченоста по повод одржувањето на поетскиот портрет на лауреатот на Златниот венец албанскиот поет Фатос Арапи која се одржа во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид и претходеа богати програмски содржини. Во амбиентот на стара Струга под мотото „Воденица на поезијата“ беа промовирани поетските книги од едицијата плејади. Во предворјето на манастирската црква „Св. Богородица“ во Калишта поетите учествуваа на традиционалното поетско матине, а Спомен-домот на браќата Миладиновци беше местото каде што се одржа поетскиот портрет на годинешниот лауреат на наградата „Браќа Миладиновци“, македонскиот поет Ристо Лазаров и претставувањето на наградената стихозбирка „Среде“. Последниот ден од Фестивалот учесниците го искористија за посета на манастирскиот комплекс „Св. Наум“ кај Охрид. На изворите на Дрим се одржа традиционалниот пикник на кој поетите пишуваа песни посветени на виното. По врачувањето на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ на годинешните добитници поетите Фатос Арапи, Ристо Лазаров и Антонија Новаковиќ и со меѓународниот поетски митинг „Мостови“ и официјално се заокружува програмата на уште едно издание на најстарата културна манифестација во земјава, поетскиот фестивал Струшки вечери на поезијата.

Од Струга денеска поетите заминуваат во Кавадарци, Кочани, Кичево и Битола каде ќе бидат дел од манифестацијата „Поезија на пат“, а Друштвото на писателите на Македонија лауреатот на Златниот венец“ денеска во 13 часот во своите простории ќе го прогласи за почесен член. Целокупните активности од 47. издание на „Струшките вечери на поезијата“ ќе се заокружат утре во Скопје со поетско матине кое ќе се одржи во црквата „Св. Андреја“ на Матка и со меѓународен поетски митинг во „Сули-ан“.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 26-08-2008, 19:43   #64 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно ПРЕГОВОРИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВОСОЧНИ ФИГУРИ НА МАКЕДОНСКИ ДЕЈЦИ

МИНИСТЕРКАТА ЕЛИЗАБЕТА КАНЧЕСКА- МИЛЕВСКА ВО ПОСЕТА НА УКРАИНА


Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, од утре до 29-ти овој месец ќе престојува во официјална посета на Киев, на покана од министерот за култура и туризам на Украина, Васил Вовкун.




Министрите за култура на двете земји ќе разговараат за продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Украина.

За време на посетата, која се совпаѓа со прославата на 17-годишнината од независноста на Украина, Канческа-Милевска ќе се сретне со дел од украинските уметници кои веќе ги изработуваат восочните фигури за проектот „Музеј на македонската борба“. Канческа-Милевска ќе се сретне и со уметници кои ќе имаат задача да направат портрети и слики за музејскиот комплекс.

Министерката за култура, како што соопшти нејзиниот кабинет, во Киев ќе има неколку медиумски гостувања, меѓу кои и на Украинската национална телевизија на која ќе зборува за македонско-украинските односи во областа на културата.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 30-08-2008, 17:32   #65 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно По успехот во Грција, Унковски се сели во Србија

ДОДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ТЕАТРИ СЕ ВО ЛЕТНА ДРЕМКА

Македонскиот режисер Слободан Унковски, по огромниот успех што го доживеа летово во Грција на фестивалот во Епидаурус, подготвува претстава кај нашиот северен сосед, во белградското Народно позориште. Пробите за проектот „Фигаровата женидба и развод“, која е прва соработка на Унковски со ансамблот на Народно позориште во Белград, треба да почнат на 8 септември. Станува збор за претстава која се состои од три дела: од делото „Фигарова женидба“ на осумнаесетвековниот француски автор Пјер Бомарш, текстот на Фон Хорват „Фигаро се разведува“, кој првпат ќе се изведе на Балканот и од либретото за Моцартовата опера „Фигаровата женидба“. Во претставата ќе има жива музика со оркестар на сцената. Соработката со белградско Народно позориште е продолжување на богатата меѓународна кариера на нашиот најуспешен режисер, кој летово во Грција беше награден со овации за претставата „Орест“, изведена во античкиот театар во Епидаурус. Во меѓувреме, додека Унковски жнее меѓународни успеси, на нашите театарски сцени ги нема неговите претстави, ниту, пак, некоја од домашните куќи го најавува за свој скорашен соработник. Во актерската екипа на проектот „Фигаровата женидба и развод“ се вклучени: Борис Комнениќ, Душанка Стојановиќ-Глид, Олга Одановиќ, Милош Ѓорѓевиќ, Игор Ѓорѓевиќ, Нада Шаргин и Наташа Нинковиќ. Гостин во претставата е Војислав Брајовиќ, а во изведбата се вклучени и четворица оперски пејачи. На проектот се ангажирани традиционалните соработници на Унковски, костимографката Ангелина Атлагиќ и сценографката Мета Хочевар. Унковски има големо искуство со српската театарска сцена, а досега најобемна е неговата соработка со Југословенско драмско позориште. И нашиот актер Никола Ристановски есенва се сели во Белград, каде што е ангажиран на проектот „Дервишот и смртта“, кој, исто така, се поставува во Народно позориште. Ристановски ќе го игра ликот на дервишот Ахмед Нурудин од големиот романот на Меша Селимовиќ.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 01-09-2008, 16:13   #66 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно

Зајакнат третман за амбасадорите на јазикот

01. 09. 2008 г. ДЕНЕС ЗАВРШУВА СОБИРОТ ПО МАКЕДОНИСТИКА

Со цел за поголема искористеност на македонистите, кои се големи амбасадори на Македонија во светот, се подготвува стратегија за нивна поддршка, преку национална програма за лекторатите, а ќе бидат издвоени и поголеми срества од буџетот на државата за наредната година. Тогаш ќе започне нејзината имплементација, најави од Охрид министерот за образование Перо Стојаноски, на отворањето на Меѓународниот македонистички собир. Имаше уште поголемо значење, бидејќи 2008 е година на македонскиот јазик.
Собирот кој завршува денес и треба да ги обедини македонистите од светските и домашните универзитети и научни центри. Тоа би го афирмирало македонскиот јазик, литература и култура како посебен идентитет во современата европска цивилизација.
Околу 60 странски македонисти од катедрите за македонистика и славистика при повеќе европски и светски универзитети, дадоа свој придонес во теоретското образложение за развојот и достигнувањата на македонистиката.
Краен продукт на овој научен собир ќе биде зборникот кој ќе ги содржи презентираните трудови од овој македонистички собир. Зборникот ќе биде дистрибуиран до сите славистички центри во светот.
Покровител на манифестацијата е претседателот на Владата, Никола Груевски.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 03-09-2008, 00:13   #67 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МКЦ


МАНИФЕСТАЦИЈА “СЕПТЕМВРИСКА КУЛТУРНА ОБНОВА”


Синедејс М, Звуците на чаршијата, Еко Вардар, Мот, Бела Ноќ се феситивалите кои се дел од манифестацијата “Септемвриска културна обнова” која месецов ќе го исполни со културни збиднувања. Овој настан е иницијатива на Македонскиот културен центар.


Со филмот “Македонски Рокенрол” во режија на Владимир Петровски Картер утревечер ќе започне филмскиот фестивал Синедејс М. На овој настан ќе учествуваат режисери цела Европа со своите филмски остварувања. Дел од нив се Хитлеровата Парада, Студените Бранови, Вокс Хумана, Живот во лупови. Најдобрите филмови ќе бидат наградени со златна статуетка наречена “Ноќен Талкач”.

Проектот е финансиран од Министерството за култура и Град Скопје. Целта на оваа иницијатива е септември да стане месец на фестивали.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 12-09-2008, 04:01   #68 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно

Славистите воодушевени од најстариот запис на македонски јазик







Кониковското евангелие потекнува од период кога првпат во писмена форма се појавува она што денес е стандарден македонски јазик
Невена Поповска

Охрид - Кониковското евангелие кое вчера беше претставено пред славистите на 14. Меѓународен славистички конгрес е најстариот запис на македонски јазик, постар и од Лексикон тетраглосон на Данаил од Москополе, кој датира од 1802 година. Текстот е напишан на егејски дијалект, поточно на воденско-ениџевардарскиот народен говор, со грчко писмо и е прв обид за популаризација на македонскиот народен јазик и отфрлање на црковнословенскиот јазик.
„Изданието го објави Финската академија на науки и уметности во Хелсинки со помош на Катедрата за македонски јазик на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ под мое водство“, вели професор Људмил Спасов, кој притоа додаде дека македонското министерство не пројавило интерес за финансирање на ова капитално дело. „Евангелието го пронајде истражувачки тим од Финска во Александриската библиотека и тоа претставува најстарото евангелие на народен македонски јазик печатено во 1852 година во Солун“, продолжи Спасов. Славистите велат дека Кониковското евангелие е напишано на народен македонски јазик и е најстар запис на долновардарскиот или егејскиот дијалект на Македонците кои живееле и живеат во Грција.
Според Виктор Фридман, кој го претстави делото „Знаењето за развојот на македонскиот јазик и идентитет во доцниот 18 и раниот 19 век“, Кониковското евангелие потекнува од период кога прв пат се појавува во писмена форма она што денеска е стандарден македонски јазик. „Дијалектот на Кониковското евангелие е од извонредно значење зашто доаѓа од регион кој по балканските војни и' припаднал на Грција и каде што потоа се населуваат бегалци кои зборуваат грчки или турски јазик. Истовремено, во овој регион се воделе најжестоките војни што резултираа со заминување на илјадници Македонци по 1948 година, така што на овој дијалект денеска зборуваат многу мал број луѓе“, вели професор Фридман.
Значењето на ова дело е огромно, бидејќи евангелието напишано на македонски јазик претставува очигледен отпор спрема грчката политика. „Кониковското евангелие е најраниот текст во кој се употребува колоквијалниот македонски јазик како пишан јазик. И додека авторот прв пат пишува на македонски јазик, Павел Бозигропски во своите исправки се обидува да го нормира тој јазик. Грчкото противење на Македонците во Грција продолжува од тоа време до денеска и покрај печатењето на Абецедарот во 1925 година во Солун, наменет како буквар за Македонците од Северна Грција“, продолжува Фридман.
Во рамките на конгресната програма, вчера се одржаа неколку секции за лингвистика, за литература, за култура, за фолклор, а беа одржани и тркалезни маси на тема: „Словенскиот свет и Европа“, „Местото на словенските јазици и состојбата на славистиката во светот“ и „Универзитетите и иднината на славистиката“. Покрај промоцијата на Кониковското евангелие, беа претставени и „Зборникот на Третиот меѓународен конгрес на славистите“, „Тајните на гробот на св. Методиј“ и „Црковнословенски превод на беседите на Гргур Велики“.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 14-09-2008, 10:08   #69 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно

Научен симпозиум: "Струмица и Струмичко: историја, култура и традиција"

Од 11 до 13 Септември под организација на Општина Струмица и Здружението на граѓани "Евро-визија" од Струмица ,а под домаќинство на Струмичката Епархија се одржа научен симпозиум "Струмица и Струмичко:историја,култура и традиција".Научниот симпозиум се одржа во конакот на манастирот на "Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици" .

Симпозиумот со благослов на Високопреосветениот Митрополит Струмички г.Наум беше отворен од страна на градоначалникот на Струмица г.Зоран Заев.

Научниот симпозиум во текот на трите дена беше поделен на сесии на кој учествуваа:
1. Вера Стојчевска Антиќ - "Христијанската традиција на Брегалничко-струмичката епархија"...
2. Илија Велев - "Црковните светителски посвети на Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици".
3. Маја Ангеловска Панова - "Монаштвото во Вељјуса-ранохристијанските импликации во средновековието".
4. Ирена Стефкоска - "Струмичката епископија во средниот век".
5. Димитар Пандев -"Струмичкиот апостол наспроти другите средновековни апостоли ".
6. Митко Б.Панов -"Струмица и Струмичката област во воено-политичката и идеолошката стратегија и Византија"(4-10век).
7. Маргарита Атанасова -"Црковната архитектура од ранохристијанскиот период до крајот на 12 и почетокот на 13 век".
8. Зоран Рујак - "Цареви кули-7.000 години култура".
9. Наталија Поповска - "Струмица и Струмичко во античките извори".
10. Драги Ѓоргиев - "Струмица и струмичко во странските патописци(15-19век)".
11. Васе Георгиев-Ликин - "Струмица во патописите на Евлија Челебија".
12. Кокан Грчев - " Аспектите на културниот развој на Струмица:Архитектурата меѓу модерното и традициите".
13. Радмила Ташева - "Црквата Св.Кирил и Методиј".
14. Живко Велковски - "Визури на градот Струмица од крајот на средниот век до првата деценија на 20 век".
15. Александар Трајановски - "Црковното двовластие во Струмичката Епархија во крајот на 19 и почетокот на 20 век".
16. Иван Котев - "Преродбенските движења во Струмица и Струмичко во втората половина на 19 век".
17. Силвана Сидоровска-Чуповска - "Просветните прилики во Струмица и Струмичко по Источната криза (1878-1903)".
18. Билјана Ристовска-Јосифовска - "Историски и етнографски белешки за Струмица во првиот историски труд на македонски јазик во 19 век".
19. Михајло Георгиевски - "Народната медицина во Струмичко прикажана во лекарственикот на Ангел Георгиевич од село Пиперево од 1870 година".
20. Лилјана Гушевска - "Јазичните особености на лекарственикот Ангел Георгиевич од село Пиперево од 1870 година".
21. Марија Пандевска - "Гоце Делчев и Струмичкиот револуционерен округ на ТМРО".
22. Ванчо Ѓорѓиев - "Новоселските афери во Струмичко (1901-1902)".
23. Марјан Димитријевски - "Делбите на Струмица и Струмичко во 20 век".
24. Надежда Цветковска и Весна Карапеева - "Социјалната и аграрната структура на Струмичката околија(според написот на населението од 31 март 1931 год.)".
25. Вера Гошева - "Економското значење на опиумот во Струмичко во периодот меѓу двете светски војни".
26. Илија Сувариев - "Занаетчиството во Струмица".
27. Тодор Чепреганов и Лилјана Пановска - "Струмица и Струмичко во британските документи(1945-1948)".
28. Васил Јотевски - "Струмичките просветни работници на служба во Пиринска Македонија 1947/48
година".
29. Љубица Јанчева -"Организација и дејност на НОО во струмичко по ослободувањето".
30. Катерина Мирчевска -"Струмица во административно -територијалните поделби на Македонија(1944-2004)".
31. Eмилија Петковска - "Благој Јанков-Мучето".
32. Науме Радически - "Критичката актива на Антон Попов во контексот на македонската книжевно-критичка мисла во 30-тите години".
33. Лорета Георгиева-Јаковлева - "Романите на Митко Маџунков".
34. Софија Грандаковска - "Карневалот во Струмица и неговата семантика на универзалност".
35. Аце Стојанов - "Спомениците на културата како туристички потенцијал за Струмичкиот регион".

Презентираните трудови ќе бидат отпечатени во зборник од Научниот симпозиум "Струмица и Струмичко:историја, култура и традиција".
Од страна на организаторите за учесниците на симпозиумот беше спроведена кратка екскурзија до манастирите "Покров на Пресвета Богородица" во Водоча и "Пресвета Богородица- Елеуса" во Вељјуса.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 19-09-2008, 17:04   #70 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно

Министерката Канческа - Милевска одржа говор пред ООН ВО ЊУЈОРК

Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска завчера одржа говор пред Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации во Њујорк, по повод завршувањето на претседавањето на Македонија со 62-то заседание на ООН.

- Погледнато низ призмата на културното наследство, РМ има длабоки корени. Таа претставува земја-музеј, земја на археолошки локалитети, цркви и манастири од почетоците на христијанството па се до 20 век, артефакти со висока историска и уметничка вредност, тврдини, чаршии, како и на стара архитектура со доволно зачувана вредност и убавина кои го одразуваат духот и уметноста и ги почитуваат и ги негуваат религиската и етничката толеранција, универзализмот и хуманизмот, рекла Канческа - Милевска, споменувајќи го и Охрид како град на УНЕСКО, еден од првите светски универзитети - Светиклиментовиот, македонските природни убавини и историски пејзажи, како и дека 2008 година е прогласена за година на македонскиот јазик.
По говорот, концерт одржал нашиот пијанист Симон Трпчески, а присутен бил и режисерот Милчо Манчевски.

Градот на конзулите ќе обновува споменици од царската историЈа


Во Битола ќе се гради дворец на Гаврил Радомир

Дворецот ќе биде поставен на место од кое се гледа како на дланка цела Пелагонија
Катедралната црква „Успение на Богородица“, во која во 1014 година бил крунисан македонскиот цар Гаврил Радомир, синот и престолонаследник на Самуил, како и неговата царска резиденција на Битолското кале ќе бидат повторно подигнати. Битолскиот градоначалник, Владимир Талески побара од археолозите и од конзерваторите на Заводот и музеј да изработат главен проект и вети дека дел од објектите кои на градот ќе му го вратат атрибутот градски ќе биде финансиран од Општината. Експертите посочуваат дека се работи за единствен објект од тоа време по својата квадратна основа со впишан крст и со централниот тип на градба, кои датираат од 13 век, а во Битола ги имало три века порано.
- Црквата била подигната уште во 10 век во чест на победата на Самуил над моќниот византиски император Василие. Ридот до скоро се викаше Кира Марица што значи господарка Марија. Во тоа време пошироко на Балканот, катедралните цркви се посветувале на Успението на Богородица - вели археологот Гордана Филиповска-Лазаровска. Во истата црква, која била епископско седиште на тогашната патријаршија, на 10 октомври 1014 година, месец дена по смртта на Самуил, за македонски цар бил крунисан неговиот син Гаврил. Од објектот денес се зачувани само темелите и делови од ѕидовите. Според остатоците се работи за градба поголема од црквата на Плаошник со димензии 23 на 19,5 метри. Објектот бил во рамките на средновековната населба, поставен на високо место од кое се гледа цела Пелагонија како на дланка. Во негова близина има остатоци од резиденцијата на царот. Надолу низ ридот се простирала цивилната населба, која зафаќала делови од сегашните градски населби на левата страна од реката Драгор со најголем број сончеви часови во Битола.
- На теренот има околен ѕид, утврден, направен од дрво, а под него ров ископан дури и до три метри како заштита. Се претпоставува дека тогашните дворци биле направени од дрво зашто кога Василие ја нападнал резиденцијата на Гаврил 1014 година историчарот Јован Скилица запишал дека успеале да ги запалат само дворците, но не да го освојат и градот - додава Филиповска-Лазаровска. Се' уште не се знае каде е гробот на македонскиот цар, за што археолозите сметаат дека се потребни се' опсежни истражувања.
- Сепак, на општинското знаме или на грбот слободно може да се постави круна затоа што ова некогаш бил царски град - вели Зоран Алтипармаков, виш конзерватор. И покрај ваквите сознанија, во изминатите години државата издвојувала малку средства за доистражување на Битолското кале. Сега за историското наследство кое може да стане културна атракција се заинтересира градоначалникот Талевски.Со децении се форсираше само еден дел од историјата на градот. Сега со главен проект ќе аплицираме до повеќе фондации, до Министерството за култура , а во првата фаза јас ќе бидам покровител. Се надевам дека за скоро време црквата и дворецот ќе ја добијат првобитната форма - вели Талевски.
За доистражување на средновековна Битола пари ќе донираат и повеќе стопанственици и фирми од градот.

МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА ЈА НАЈАВИ КОНЦЕРТНАТА СЕЗОНА 2008/2009


Новата концертна сезона 2008/2009 Македонската филхармонија ќе ја отвори на 9 октомври со изведба на Петтата симфонија на Бетовен, под диригентство на Јануш Пшибилски и со настап на пијанистот Цимон Барто од САД. Сезоната насловена „Вдахновени созвучја“ ќе има сличен концепт како и ланската, со повеќе настани, различна програма и гости.

Покрај стандардниот репертоар, Филхармонијата ќе продолжи со циклусот алтернативни и џез-концерти, како и со изведба на концерти за деца што ги воведе минатата сезона.

Директорката на Македонската филхармонија Маја Чанаќевиќ денеска на прес-конференција рече дека во претстојната сезона ќе учествуваат веќе познати диригенти кои кај публиката оставиле впечаток од заедничката работа со оркестарот, но ќе гостуваат и нови имиња, како австралиската диригентка Николет Фрајан, шеф на Австралискиот балет во Сиднеј, и Стефан Лано, уметнички директор на театарот во Буенос Аирес.

Чанаќевиќ рече дека критериум за изборот на солистите е нивниот врвен квалитет. Ќе настапат пијанистите Цимон Барто, Питер Јаблонски, Александар Мелников, мексиканскиот гитарист Морган Шимански, белгискиот виолинист Јосиф Иванов и неговите македонски колеги Ана Кондратенко и Љубиша Кировски, трубачот од Бугарија Михаил Јосифов, обоистката Тања Петрушевска и фаготистот Ванчо Стојановски од Македонија, оперските вокали Александра Цоку, Марчело Орсати, Благој Нацовски...

Диригентот Борјан Цанев информираше дека на програмата 2008/2009 ќе бидат специфични дела кои кај нас воопшто не биле или биле многу ретко изведувани, како симфонијата „Фауст“ од Франц Лист, Симфонија бр. 2 од Хачутаријан, како и дела од Малер, Прокофјев, Дебиси, Берг, Шуберт, Шостакович, Стравински. Филхармонијата ќе одржи три циклуси „Големите мајстори“. Првиот е посветен на Бетовен и ќе биде изведен на отворањето на сезоната, а потоа и циклусите со дела од Рахманинов и од Хендл. Со концерти ќе бидат одбележани и годишнини за познати композитори - 250 години од смртта на Хендл, 200 години од смртта на Хајдн и 200 години од раѓањето на Менделсон. Ќе биде изведен и концерт „Танго“ на Саша Николиќ со квинтетот „Белтанго“ од Србија.

Филхармонијата ќе продолжи и со циклусите концерти за деца кои ги воведе во минатата сезона. Александар Герасимовски од Македонската музичка младина рече дека се планирани шест концерти. Првиот е на крајот на октомври, а потоа секој месец ќе има по еден концерт. Најмладите кои ќе ги посетат сите концерти ќе учествуваат во наградна игра, а доживувањата од концертите ќе ги визуелизираат со цртежи кои потоа ќе бидат изложени. Покрај изведените „Петре и волкот“, „Карневал и животните“ и „Мојата мајка гуска“, ќе бидат изведени и нови концерти за деца. Има иницијатива тие да гостуваат и во други градови низ Македонија.

На отворањето на сезоната, на 9 октомври во Домот на АРМ, ќе биде изложено платното кое уметникот Мирослав Масин го наслика за време на концертот „А сега, уметност“, што се одржа на плоштадот во Скопје, во организација на Филхармонијата, Културно-информативниот центар и Табернакул. На официјалниот почеток на сезоната ќе биде промовирано и цеде од заедничкиот настап на „Проект Жлуст“ и Македонската филхармонија.

Блаже Конески го чуваше зборот како светлина за својот народ


Славистите во Охрид со должна почит на најмаркантната личност на македонската литературна наука


ОХРИД - Блаже Конески е најграндиозната фигура во втората половина на 20 век во Македонија, рече во своето обраќање Трајко Стаматоски на промоцијата на книгата „Мислата на Блаже Конески“, објавена од Фондацијата „Небрегово“. Тој е високо ценет не само во областите во кои твореше туку и во научните и уметничките кругови во целиот свет, продолжи Стаматоски. Нарекуван е македонскиот Вук Караџиќ, патријарх на македонската ренесанса, енциклопедија на Македонија, споменик што оди по улиците итн. За своето дело има добиено највисоки признанија и тоа: како научник е избран за член на сите академии на науките и уметностите на некогашна Југославија, како и на некои академии во светот. Исто така, избран е за почесен доктор на повеќе светски универзитети. Но, над сето ова, над сите овие признанија, потенцираше Стаматоски, се две признанија што му ги додели македонската општествена, научна и уметничка јавност: основањето на Фондацијата „Небрегово“ (според името на родното село на Блаже Конески) и именувањето на Филолошкиот факултет во Скопје со неговото име.
Учесниците на Меѓународниот конгрес на слависти кој деновиве се одржува во Охрид со промовирањето на книгата „Мислата на Блаже Конески“ од Трајко Стаматоски и уште неколку изданија на Фондацијата „Небрегово“ и' оддадоа должна почит на најмаркантната фигура на македонската литературна наука. Со големо внимание и огромна посетеност беше проследена промоцијата на книгата. Изданието го претстави Снежана Веновска-Антевска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Во својата промотивна беседа Веновска-Антевска, меѓу другото, рече: „Убедена сум дека и авторот (Стаматоски) и уредникот (Петре Андреевски) и личноста на која и' е посветена оваа книга длабоко во себе ја носеле мислата дека со зборот се' се создало и дека со него се' може да се сруши, дека моќта на јазикот е голема ако го имаш за свој сојузник и ако го чувствуваш како нешто свое, како дел од себе. Тоа се луѓето кои создавале и го граделе, го заштитувале и го чувале зборот како лек и како светлина за својот народ, а со тој збор станувале вечни и неуништливи. Ако се чита внимателно она што е напишано во оваа книга, ќе се открие и пораката дека треба да се расветлуваат деловите од нашата поблиска историја и сега уште повеќе можеме да се повикуваме на Конески, како што се повикуваше тој на претходниците, во истражувањата на македонскиот јазик“. Почитта изразена во овие текстови, продолжи Веновска-Антевска, не е само обично извршување на дадената обврска, туку тоа е чувството дека се враќа некаков долг, со зборови внимателно одбрани, со смиреноста на авторот дека со сето она што значело порано соработка, дружење, почитување, не биле лажни, туку биле восхит кон делото и кон личноста на Блаже Конески. Стаматоски, потенцираше Веновска -Антевска, со нескриена жестокост застанува во одбрана на Блаже Конески. Тој жестоко го брани македонскиот јазик и исправноста на ставовите и погледите развивани во 50-деценискиот период на самостоен развој.
Стилот на Конески го карактеризира едноставност и кроткост, концизност и строгост, елегантност и јадровитост... Мислата во неговите дела тече плавно, бидејќи материјалот е веќе добро проанализиран и судовите оформени. Она што тој го стори за јазичниот израз со кој ги создавал своите трудови ќе има уште многу да се пишува, но ова што досега го има направено за него Трајко Стаматоски навистина претставува труд кон кој треба да се гледа со почит.
Покрај оваа промоција, учесниците на славистичкиот конгрес проследија и претставување на Избраните дела во 9 книги од академик Харалампие Поленаковиќ, кои пред присутните ги претстави академик Гане Тодоровски, а беа претставени и изданијата од Годината на македонскиот јазик, чии промотори беа: Илија Велев, Катерина Велјановска и Снежана Веновска-Антевска.

Падот на...


Автор: м-р Александар Спасеновски
Историјата на државите и на нациите е преполна со настани, кои го окупираат вниманието на намерниците. Приказните за големите освојувања, за успесите и за падовите, ни укажуваат колкава е цената на државотворната независност, но особено кој сплет на настани и на постапки го осигуруваат развојот на Нациите, а кој пак, придонесува за нивно пропаѓање. Добро познати ни се епските примери за империите што се раѓаа, се развиваа и пропаѓаа, какви што се Римската, која траеше околу 800 години, Отоманската околу 600, Британската 150 или Австро-Унгарската, која траеше околу 100 години.

Постојат безброј примери кога државите ги искачуваат врвовите. Меѓутоа, ниту еден успех независно од неговите димензии, значење и ефекти, не го предизвикува вниманието колку што тоа го прави поразот, не само заради фактот што историјата ја пишуваат победниците.

Само еден пример за настанокот, развивањето и падот на една важна држава во човековата историја, која на делови од светот им ја подари писменоста, им даде непроценливи сознанија во науката и во уметноста и која ја зацврсти и рашири сопствената вера помеѓу останатите граѓани претставува најдобра лекција за предизвиците пред кои се исправени нациите низ вековите до денес. Империјата од нашиов текст се развиваше заради една причина, а пропадна заради безброј, како што впрочем тоа е случај со државите низ целата светска политичка историја.

Осврнувајќи се на причините кои доведоа до пропаста на државата од нашиот текст, како најважни кои ќе ги споменеме следниве: прво, тоа се проблемите во финансиско-економскиот систем, најмногу резултат на лошото менаџирање со средствата од буџетот, со инвестициите и со природните ресурси. Втората причина е ефективното несправување со корупцијата, која до таа мера го нагриза општеството, со што тоа пропадна заедно со оние кои го разградуваа со години. Третата причина за пропаста на империјата од нашиот текст е политичката нестабилност и конфликтноста која се појави како резултат на растечките економски проблеми. Таквите политички бури, пак, продуцираа нови економски кризи, кои циклично се повторуваа сè до самиот крај. Следната причина беа меѓуетничките конфликти, кои произлегоа од политичката нестабилност.

Етничките сегменти, напуштајќи го бродот кој почна да тоне, почнаа да се занимаваат со својот партикуларен интерес (за кој станаа свесни дури откако ги видоа соседите), отколку со интересите на државата, со која до вчера се гордееја, владееја и ја развиваа. Несреќно одбраните и лошо имплементираните реформи, со кои власта се обидуваше да ѝ стави крај на кризата која надвисна, се следната причина за пропаста на државата за која пишуваме. Власта притисната од реалностите на животот се обиде безуспешно да го реформира системот по образец на други држави без да води сметка за своите специфични особености, вредносен систем и политичкото уредување. Петтата причина за пропаста беа демографските проблеми со кои се соочуваше империјата. Ниската стапка на наталитетот, односно црните популациски точки, кои сè повеќе се зголемуваа, го цементираа падот на државата, која немаше народ да ја гради и да ја брани, а непријателите притискаа. Меѓутоа, ниту една причина толку не ја разгради државата од нашиот текст, како што тоа го направи отстапувањето од универзалните европски вредности, кои како главен супстрат на нејзиниот државен идентитет беа единствениот фактор, кој го осигуруваше нејзиниот развој и опстојност малку повеќе од едно илјадалетие.

Новите држави од поранешниот социјалистички, односно комунистички блок по дисолуцијата на големите федерации се најдоа исправени пред предизвикот да се приспособат на вредностите и на системот на новото време кон кој се стремеа. Остварувањето на напредокот, како и случајот со државата за која пишуваме претпоставуваше детектирање, соочување и надминување на проблемите, кои ги истакнавме погоре. Развојот на економијата, владеењето на правото, осигурувањето на политичката стабилност, меѓуетничката хармонија, како и поттикнувањето на наталитетот се параметрите преку кои можеме да видиме, каде се движиме и со каква брзина. Дали нашата иднина е светла или бурна. Меѓутоа, независно од сè, основниот елемент, кој го осигурува развојот на секоја држава, поучени од примерот со империјата од нашиот текст е неотстапувањето од изворните вредности врз кои се темели истата, меѓу кои најважни се зачувувањето и афирмирањето на националниот, на верскиот, на јазичниот и на културниот идентитет. Македонските вредности се дел од македонското минато, сегашност и иднина. Нив ги крунисавме на референдумот за независност, кога граѓаните се определија да живеат во независна, самостојна и суверена држава, која ќе ги надживее сите векови бидејќи елементот кој ја определува смислата на нејзиното постоење е самата таа - Македонија.
Во нашата приказна може да се смести секоја држава која отстапила од вредностите, кои ја определиле нејзината изворна смисла иако станува збор за...
...Византија.

Авторот е пратеник

Откриена погребна кочија од првиот век

19.09.2008 14:29


Во близина на селото Конче, археолозите од штипскиот и струмичкиот музеј открија остатоци од погребна кочија. „Станува збор за четвороколка, но се додека не завршат ископувањата не можеме да потврдиме дали ова било гробница на великодостојник“, вели археологот Трајче Нацев..
„Нашите претпоставки се дека датира од првиот или вториот од нашата ера“, објаснува Нацев.
„Станува збор за кочија од понов датум од погребната кочија пронајдена во Делчево, но затоа оваа е во подобра состојба“, додаде Нацев.
Погребната кочија е пронајдена случајно откако археолозите решиле да го истражат пошироко реонот од локалитетот „Манастириште" каде сега работат на друга могила, која била цел на неуспешни обиди на дивите копачи.
Ова е шеста погребна кочија откриена во Македонија.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 01-10-2008, 14:50   #71 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно

Софија Грандаковска - КАМЕНОТ И КОПНЕЖОТ








Кога организаторите на овој научен симпозиум, во рамките на Галичката книжевна колонија (август, 2008), ми ја јавија темата и мè поканија да земам учество во неа, синтагмата Каменот и копнежот ја доживеав како учество во полисемичен свет во кој - каменот и копнежот - иако амбивалентни, ги доживеав како спој на конкретното и апстрактното, од којшто треба да се вербализира едно доживување за вистината и смислата на поетското постоење како човечка задача, односно за нераскинливата врска меѓу животот и смртта. Се запрашав: што е тука каменот, а каде е тука копнежот? Дали каменот е животот или пак, каменот е можеби смртта? Дали каменот е ладен како што е студена смртта или пак, каменот е животот, како копнеж по оставање цврста трага на нашето човечко постоење? И така натаму. Конкретниот одговор како видливо сведоштво е невозможен, но е сепак достапен како напор, како копнеж по него.

Првите две асоцијации коишто ми ги предизвика оваа амбивалентна врска меѓу каменот и копнежот, се поврзани со сеќавањето на две историски личности, сосема различни по своето размислување и делување: првиот, според мене, една од најексцентричните личности на XX век, режисерот Луис Буњуел и втората личност, св. Симеон Столпник, јуродив монах од IV век. Нивната врска не е во тоа што Луис Буњуел снимил филм за Столпник (1965), ниту пак, нивната разлика е во тоа што припаѓаат на различни сфери на делување и животна философија. Нивната поврзаност ја наоѓам како антропо-семиотичка димензија на прашањето за вечноста на каменот и на копнежот, за животот и за смртта, цврсти како каменот, но во исто време апстрактни и недостижни како копнежот. Да објаснам зошто.

На врската меѓу каменот и копнежот ме навратија неколку реченици од мемоарските белешки на Луис Буњуел во Мојата лебедова песна (Mon Dernier Soupir, 1982). Тој, ја открива оваа врска како прашање за животот и за смртта: „Помислата на смртта ми е одамна блиска. Ќе умрам, а смртта за мене ќе остане тајна. Понекогаш себе си си кажувам дека би сакал да знам, но што да знам? Сепак, се прашувам како ќе умрам.“ (Beograd, 2004, 265)
Не постои живот без смрт, како што не постои смрт без живот. Сознанието за тоа е цврсто како камен. Но копнежот кој е желба, животна страст за сознание, но и како една големо жалење кога им се кажува збогум на сонцето, планините, водите (...), е човечко признание за она што останува како неосознаено – што ќе се случува после мене, после нас. Човековата неможност да го претвори копнежот во камен, во цврсто сознание - не го укинува тежнението за тоа кое е недостижно. Туку, уште повеќе поттикнува и го поздравува сознанието како камен да остане како копнеж по каменот, по трагата, по цврстината, по сигурноста, по патот и парадоксот на постоењето. Еве како Буњуел го решава каменот во копнеж и потоа копнежот во камен, како пат до својот мир, како природно измирување на антагонизмот меѓу животот и смртта, одлично режисерски, но човечки апсурдно и шегобијно: „Оваа љубопитност во врска со тоа што ќе биде после мојата смрт, порано не сум ја имал, или пак, била помалку изразена, бидејќи мојот свет не се менуваше така брзо. Морам и нешто да признаам: и покрај тоа што го мразам ширењето на информациите, би сакал да станам од мртвите на секои десет години, да отрчам до првата трафика и да купам весник. Ништо повеќе од тоа не би барал. Со весник под мишка, онака блед, би ударал по ѕидовите и би се вратил на гробишта да читам за почестите во светот. А потоа, би заспал повторно, задоволен што сум мирен и заштитен во гробот.“ (Beograd, 2004, 267)

Оваа превртена ситуација, како друга димензија на постоење, кажува за човечката сила колку е таа голема, но и трошлива во однос на носењето на животниот камен, за слабеењето на таа сила кога се станува уморен од копнежот за вечна будност. Она што особено импонира во сета оваа амбивалентост, е наоѓањето мир во сознанието дека ниту каменот е само камен, ниту цврстината е сама по себе само тоа, ниту пак копнежот е само тежнение, само сон или мечта како недофатлива категорија. Импонира менливоста на цврстината и копнежот по нејзината вечност, затоашто е природна категорија. Природата е каменот, природата е копнежот. Како што рекол Сенека1, мудар човек е оној којшто ја сфаќа менливоста на нештата и заради тоа неодминливо мора да се занимава со самиот себе. И тоа е стоичка задача. Копнежот во овој случај е каменот, цврстото правило на менливоста на нештата за кои сме мислеле дека се цврсти како камен.
1Сенека. Види Книга прва во: Писма пријатељу, (Београд: Дерета, 2003).

Метафотата за каменот и копнежот поврзана со св. Симеон Јуродив, е повеќе од илустративна: тој минува четириесет години од својот живот на врвот на еден висок камен столб во сириската пустина, во деноноќна молитва. Како јуродив монах своето мачеништво го минува како жртва Христа ради, односно во аскетски амбиент, којшто ќе го однесе во прегратките на Бога како највисока инстанца.

Каква е големината и цврстината на семиотиката на каменот за да се мине животот четириесет години на него, низ примерот на овој јуродив монах? Каква е големината на копнежот да се спои со Бога? Откриваме, кога тој на својата мајка й вели: „Не вознемирувај ме сега, мајко моја, ако се удостоиме, ќе се видиме во оној свет.“ (Пролог, 2001, 568)

Безумноста заради Христа претставува неодминливо висок квалитет за свест за животот, за вечно почитување на човековото јаство, што не е производ на интелектуален стремеж, туку на внатрешното esse, како култура на срцето. Така, мотивот за одлуката на Столпник да го прифати патот на лажното лудило, е пред сè, напор за надминување на опасноста да биде сметан за свет човек, а во нагласување на човечката понизност пред вечноста.

Секако дека современиот човек тешко дека би се согласил со јуродивиот подвиг, суров и отповеќе безумен, преку силата на божествениот повик, да го ’оди’ патот на каменот и копнежот. Но, како и во примерот со Луис Буњуел, така и овде, верувам дека ќе се согласиме, дека играњето неразумен заради Христа, импонира во носењето висока теологија на постоењето. Таа се озаконува како дијалектичка игра меѓу каменот и копнежот, меѓу животот и смртта на човекот. Напуштањето на каменот, на земјата, на тлото – ја покажува менливоста, метаморфозата на човечкиот живот, чијшто постојан придружител е копнежот како активен принцип за повторно пронаоѓање на цврстината, на тлото, на каменот, на вечното, сакралното, трансцендентното.

Дијалектичката игра на каменот и копнежот низ примерите на Буњуел и Столпник, се олицетворува во еден вид на теологија на шегувањето, но и на парадоксот, апсурдот за тоа што е конечно (кога тоа би бил каменот) и што е беснонечно (кога тоа би бил копнежот).

Затоа, земајќи ги каменот и копнежот како поетски метафори за човековото битисување, разбираме дека тие го успокојуваат тежнението, го смируваат она што се труди да се дефинира, а нема дефиниција. Оттука, и поезијата како најран човечки говор е копнеж, желба, страст по истиот тој мир, по космизацијата (на духот, умот) на Буњуел и Столпник, и не помалку на секој еден од нас. И тоа од секогаш. А, зошто поезијата? Бидејќи науката нема одговор или пак, таа сака да го стесни одговорот на она кое е неодговорливо по својата природа. Бидејќи поетските метафори се и камен и копнеж во исто време за човечкото битие, чијшто копнеж да стане цврст како камен, се измолкнува и си олеснува токму преку истиот копнеж за вечна динамика. Игра.
Затоа што, она што сега е камен, утре станува копнеж. Копнежот утре – камен. И сè така.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 04-10-2008, 01:13   #72 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно

Валтер Карваљо добитник на „Златна камера 300“ за животно дело


Скопје, 3 октомври (МИА) - Светскиот кинематограф од Бразил, Валтер Карваљо е добитник на наградата „Златна камера 300“ за животно дело која ја доделува Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Томи Салковски, директорот на фестивалот синоќа му ја додели наградата на Карваљо заради неговиот придонес во светската филмска уметност.
- Доделувањето на наградата „Златна камера 300“ за животно дело ја вреднуваме како најважен дел од нашиот фестивал, рече Салковски.
Тој потсети дека Карваљо е најмлад и трикратен победник на „Браќа Манаки“.
- Оваа награда е најзначајна награда во мојот живот и прави да се чувствувам како да почнувам со мојата работа од почеток, рече Карваљо. Според него, наградите носат многу задачи и одговорности.
Карваљо има создадено над 60 играни филмови и има освоено над 40 награди на повеќе локации во светот. Работи како сценарист, режисер, фотограф и продуцент. Добитник е на „Златната мечка“ во Берлин во 1998 година за фотографијата во филмот „Туѓа земја“, 1996 година има освоено „Сребрена камера 300“, за „Лево од таткото“ добива „Втора камера 300“...
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 10-10-2008, 21:09   #73 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно

Сто години од раѓањето на Рацин
NOVA_MK - пред: 8 часа
Свечен собир по повод стогодишнината од раѓањето на Кочо Солев Рацин (1908-1943), основоположникот на македонската современа поезија, се одржа вчера во Друштвото на писателите на Македонија.



Одбележан еден век од раѓањето на Рацин - VREME
Кочо Рацин е човек на нашата доба и на иднината - UTRINSKI
сите 8 извори
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 13-10-2008, 11:50   #74 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно

МАНУ не овозможи врачување на златен медал


СВЕТСКА АКАДЕМИЈА ЗА КАРПЕСТА УМЕТНОСТ ОБВИНУВА МАНУ не овозможи врачување на златен медал

По четири години чекање, академик проф. д-р Блага Алексова почина, а медалот е вратен во архивата на САКУ

МАНУ не овозможи врачување на уникатен златен медал со дијамантски прстен во просториите на Академијата, на академик Блага Алексова за нејзините големи заслуги за афирмација и популаризација на карпестата уметност.
Вака обвинуваат од Светската академија за карпеста уметност од каде објаснуваат дека во меѓувреме, по четири години чекање, академик проф. д-р Блага Алексова починала, а медалот е вратен во архивата на САКУ.
- МАНУ беше информирана пред четири години дека на академик Алексова и е доделен златен медал и дека треба да и биде врачен во просториите на Академијата. Иако МАНУ вети дека писмено ќе ја информира САКУ за денот на врачувањето, со писмо од 18.2.2004 потпишано од секретарот Ташко Георгиевски, тоа не го стори ниту по цели четири години чекање, нешто што резултираше со повлекување на медалот од страна на САКУ. МАНУ уште еднаш покажа дека грчевито се брани од најсветото во Македонија, карпестата уметност, велат од Светската академија за карпеста уметност.
Академијата е формирана во 2002 година на Правниот факултет во Скопје, откако, како што велат од таму, МАНУ не дозволи да се користат нејзините простории за овој голем настан за македонската наука.
Тогашниот секретар на МАНУ, Ташко Георгиевски, ни изјави дека тој бил кратко време секретар и кога ја вршел функцијата пратил допис до САКУ, но не може да каже што се случило подоцна, бидејќи не бил веќе на таа функција.
Во дописот што МАНУ го пратил до САКУ се вели: "Ве известуваме дека медалот на акад. Блага Алексова ќе можете да и го врачите при промоцијата на изданието на МАНУ 'Старохристијанската археологија на Македонија'. За терминот на промоцијата дополнително ќе Ве известиме".
Инаку, Светската академија се формираше за време на одржувањето на Светскиот конгрес за карпеста уметност (14-21 јули 2002) финансиран од УНЕСКО, Владата на Македонија, Министерството за култура и Министерството за наука.
Дејан ТРАЈКОСКИ - Вечер
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 23-10-2008, 17:12   #75 (Линк до мислењето) Најгоре
יְהֵא שְׁמֵהּ רַבָּא מְבָ
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: selo CER - Kicevsko
Возраст: 35
Мислења: 10.079
Блог записи: 6
Се согласил: 114
Се согласиле 41 пати во 40 мислења
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно

АРХЕОЛОШКА ОФАНЗИВА ВО МАКЕДОНИЈА

1000 истражувачи ќе го копаат Исар Марвинци



Досега се ископани околу 1000 гробови од дивите копачи, а пронајдоците се продадени во други земји, вели Паско Кузман

Монети од македонските кралеви, теракотни фигури, керамички садови, врвови од копја, златни апликации, бронзени апликации со претстава на коњ, 6 урни, пронајден простор каде се кремирале покојници...
Ова е само дел од најновите археолошките пронајдоци на локалитетот Исар Марвинци. Втората убава археолошка најава е дека в година на овој локалитет ќе копаат дури 1000 луѓе!
- Идната година овој проект не само што ќе се повтори, туку и ќе се мултиплицира, и се надевам дека целокупно ќе се истражат сите некрополи. Тоа значи дека ќе работат околу 1000 луѓе. Ако во Македонија нема доволно луѓе, ќе ангажираме од соседните земји, рече археологот Паско Кузман на вчерашната средба со новинарите, и додаде дека овој проект е замислен и со цел да се запре крадењето на нашето културно богатство. Тој објасни дека досега се ископани околу 1000 дупки и гробови од страна на дивите копачи, а пронајдоците се продадени во други земји.
Златко Видевски, пак, раководител на истражувањата на Исар Марвинци, објасни дека на 5000 километри квадратни откриле 400 гробови. Тој ја потенцираше и вкопаната гробница во која биле погребани шест луѓе.
- Доминантно погребување тогаш била кремацијата. Хронолошки, пронајдени се гробови од крајот на петти век до крај на царскиот период во Рим. Пронајдени се и три три бустуми, просторот каде се кремирале покојниците, рече Видевски.


На прес-конференцијата беше објаснето и дека пронајдените монети биле од македонските кралеви, за нив е користен материјал од овие простори, како и дека биле ковани тука.
Паско Кузман рече дека дел од пронајдоците (маски од различен материјал на македонскиот бог Силен - пандан на грчкиот Дионис и на римскиот Бахус) укажуваат дека во Македонија имало силно развиен култ на Дионис.
Инаку, локалитетот Исар Марвинци бил најмоќниот јужен град во времето на Пајонија, со континуитет на живеење од десетина века.
Таму беше пронајден и шлемот на воен достоинственик од војската на Александар Македонски.



(Де.Т.)- Вечер
Фото: Д. Андоновски
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Старо 24-01-2009, 21:36   #76 (Линк до мислењето) Најгоре
Форум почетник
 
Регистриран: Jul 2008
Мислења: 78
Се согласил: 0
Се согласиле 0 пати во 0 мислења
Стандардно

Reprodukcija ne originalot
Бранко Црвенковски кај папата

Претседателот Бранко Црвенковски на папата Бенедикт Шеснаесетти му подари репродукција на иконата „Исус Христос Спасител и животодавец“ од манастирот во Зрзе
geronimo моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
Одговорете


Алатки за темата

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks се исклучени
Pingbacks се вклучени
Refbacks се вклучени

Директно отидете до:


Времето е според зоната GMT +2. Моментално часот е 04:37.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47