![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Култура и Уметност Културни настани и активности, Литература, Сликарство... |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Форум почетник Регистриран: Dec 2006 Локација: .
Мислења: 2
Популарност: ![]() | РЕЖИСЕРОТ ЗЛАТКО СЛАВЕНСКИ подготвува спектакл во охрид НАСА ќе го поврзе Антички театар со вселената За претставата НАСА ќе обезбеди и снимки од познатата златна плоча испратена во вселената пред три децении, во кои е снимена најдобрата музика што човекот ја создал и звуци од природата [Фотографии на НАСА од галаксијата Вирпул снимени со телескопот Хабл] Американската национална воздухопловна и вселенска администрација (НАСА) со ексклузивни фотографии и снимки од вселената „ќе долета“ на Античкиот театар во Охрид, за претставата „Соларис“, што режисерот Златко Славенски ќе ја подготви премиерно за Охридско лето. Со лобирањето на македонскиот астрофизичар Стојан Маџунков, кој работи во НАСА, Македонија ќе има снимки кои досега не се објавени ниту на интернет-страниците. Инспириран од романот „Соларис“ на Станислав Лем и „Космос“ од Карл Саган, Славенски ќе ги отвори прашањата за дехуманизацијата на човекот преку прошетка низ вселената и низ времето. Тој е пресреќен што неговиот проект е интересен за НАСА. Претставата е во продукција на Македонскиот народен театар. - Претставата ќе се занимава со минатото, сегашноста, иднината. Ќе испратиме наша златна плоча, во која ќе ги има нашите вредности, која - кога би се погледнала во иднина - ќе покаже колку сме дехуманизирани денес. Претставата ќе биде базирана на научни факти. Дознав и дека во НАСА организираат синеастички вечери во кои прикажуваат филмови што ја третираат вселената, па откако ќе ја направам претставата, планирам да им испратиме видеоснимка. Пресреќен сум што проектот стигна дотаму и НАСА да ни помогне, зашто од дете ме интересира космосот. Нашата публика е гладна да види нешто друго, особено прашања што ја третираат нашата планета и пошироко - рече Славенски. „Соларис“ ќе биде спој на видео, музика, помалку текст, ќе учествуваат две оперски пејачки, неколку балерини, а актерската екипа ќе биде составена од десетина млади актери. НАСА ќе даде и снимки од познатата златна плоча испратена во вселената пред три децении, во кои е снимена најдобрата музика што човекот ја создал и звуци од природата. Славенски вели дека Античкиот театар, кој е стар повеќе од два милениума и е во форма на најсовршената геометриска слика, одлично ќе одговара на концептот за претставата. - Кога пред неколку денови го видов Античкиот театар, просторот ме исплаши. Луѓето пред толку време размислувале за космосот. Ќе се обидеме да го освоиме тој простор, ќе ја подигнеме сцената околу пет метри, се во служба на претставата. Тоа ќе биде метафора за човекот, кој сака да лета, да биде над нештата, кој се интересира што има над земјата. Во претставата ќе користиме и робот, изработен од „Микросам“ од Прилеп. Ме радува што добив целосна поддршка од Сашо Миленковски, кој уште кога ја слушна идејата, веднаш ја прифати - рече Славенски. Сребра Пашовска http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=82...5BB152C9796674 |
| | |
| Тагови |
| настани, Театарски |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Претставата Бегалка е победник на 43-от театарски фестивал Војдан Чернодрински | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 12-06-2008 19:50 |
| Вчера, За подобра Македонија настапи во Битола, Сонце во Гевгелија | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 18-05-2008 02:30 |
| Културните настани во 2007-ма | BorisVM | Култура и Уметност | 0 | 08-01-2008 07:30 |
| Културните настани во 2007-ма | BorisVM | Вести и Политика од Македонија | 0 | 07-01-2008 19:30 |
| Културен информатор-настани | angel | Култура и Уметност | 60 | 30-05-2006 19:29 |