Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија

Важни забелешки

Вести и Политика од Македонија Дневни случувања во Македонија.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 16-04-2007, 10:36   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Форумџија во години
 
Регистриран: Jan 2005
Локација: Струга, Macedonia.
Возраст: 34
Знак: Лав
Мислења: 2.884
Популарност: Unreal Новодојденец
Испратете порака преку MSN до Unreal Испратете порака преку Yahoo до Unreal
Стандардно Преку атлантикот за 10 ЕВРА

Доволно е да се прочита само болдираниот дел и вака јавно да прашам..Зошто ако толку се прокламира нашиот премиер дека сака да му помогне на народот, не ја донесе Рајан Ер, да му биде конкуренција на МАТ?

Преку Атлантикот за 10 евра

Мајкл О’Лири
Нискобуџетска авиокомпанија „Рајан ер“ најавува рекордно ниска цена за летање преку Атлантикот за само 10 евра. Нејзиниот сопствник Мајкл О’Лири верува дека еден билет за патување од Велика Британија до САД може да чини помалку од цената на едно возење со такси низ Лондон, јави дописникот на МИА од Лондон.

О’Лири најави дека малата цена на авионската карта ќе трае во период до три години и дека тоа ќе функционира меѓу британските и слабо фрекфентните американски аеродроми, како што се Балтимор или Провиденс на источниот брег од САД. Тој исто така се надева дека авионите ќе бидат полни со патници, најавувајќи забрзана набавка на авиони за подолги дестинации.

„Рајан ер“ е позната европска никобуџетска компанија која лета меѓу Велика Британија и Ирска и на дестинации во европскиот континент по многу ниски цени. Нејзините планови за проширување на бизнисот и кон земјите од Балканот и Југоисточна Европа не успеаја иако за тоа ја имаше и поддршката од Европската унија, затоа што државите во регионот настојуваат да ги одржуваат своите национални компании со „пумпање пари“ од државните буџети на штета на патниците кои и натаму плаќаат скапи авионски карти кон и од Европа.

Плановите на „Рајан е“ за следните три години ја поттикнаа канадската авионска компанија „Зум“ веќе од почетокот на јуни годинава да понуди авионска карта од Велика Британија до САД и до Канада за 129 фунти (околу 190 евра). Тоа е цена пониска од онаа што во моментот ја нудат „Бритиш ервејз“ и „Вирџин“ кои се најголеми авиоопревозници на трансатлантските комерцијални летови.

Претставник на „Бритиш ервејз“ изјави дека не стравува од никаква конкуренција, објаснувајќи дека „никој не може да одржува 11 лета дневно од лондонски Хитроу до Нјујорк“.

Претставник на „Вирџин“ тврди дека колку и да се наплатува цената се уште „никој не обезбедува толку висок стандард на патување“ за картата што ја продава оваа авиокомпанија.

И „Бритиш ервејс“ и „Вирџин“ последниве години мораа да ги намалат цените на авионските билети на сите дестинации, а посебно на оние кон САД, поради се поголемиот притисок од нискобуџетскте авионски компании, кои се покажаа силна конкуренција на авионскиот пазар во Европа.
Unreal моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
вера, атлантикот, преку

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
До ѕвездите преку небото BorisVM Дневни Вести 0 24-07-2008 16:10
Прилепскиот семкар Сефо направи свадба за синот вредна преку 100.000 евра BorisVM Дневни Вести 0 21-07-2008 15:40
Оштетените од ФИКОМ ќе добијат 6 милиони евра, уште 6 преку суд BorisVM Дневни Вести 0 22-03-2008 02:32
Руските бомбардери тестираат ракети во Атлантикот BorisVM Дневни Вести 0 22-01-2008 18:30


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 06:47.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68