Македонија
Името на Македонија и нејзината историја никогаш не ја интересирало владата во Грција

Името на државата Македонија и историјата на Македонија никогаш не ја интересирало владата во Грција. Таа секогаш сакала да кумува на се што се случува на Балканот, па дури сака да одлучува и како да се вика оваа држава. Вака претставниците на грчката Социјалистичка работничка партија, кои деновиве се посета на земјава, ја критикува грчката влада во книгата „Македонското прашање, кризата на Балканот“.
Во оваа книга се брани правото на нашата држава да се нарекува Република Македонија. Тезите од книгата, која во Грција била објавена во 1993 – та година, претставниците од Социјалистичка партија ги бранеа и по 15 години во Скопје.
-
Тука сме да ја презентираме книгата. Ја објавивме книгата за да одговориме на сите лаги на грчката влада која вели дека нема македонска нација и македонско малцинство во Грција – вели Јанис Сифакакис. Поради објавувањето на оваа книга во Грција во 1993 година, петмина членови на партијата биле притворени и изведени пред суд. Иако грчката влада ги обвинила дека се предавници и агенти на Македонија, тие успеале да го добијат судскиот спор, што според нив докажало дека тамошната влада игра валкани игри. И покрај сите проблеми што ги имаат со властите во Грција тие велат дека и понатаму ќе продолжат да го бранат правото на Македонија да се вика онака како што сака.
П.С. ајде сега кажете дека немаме пријатели и во грција :wink:
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.as...d=1&tabindex=0