Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија

Важни забелешки

Вести и Политика од Македонија Дневни случувања во Македонија.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 20-07-2008, 19:41   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
...
 
Аватарот на reader55
 
Регистриран: Apr 2008
Мислења: 983
Популарност: reader55 Новодојденец
Стандардно Македонското малцинство во Грција

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95491

Цитат:
По преписката со Караманлис, македонскиот премиер Никола Груевски проблемот со Грција во врска со непризнавањето на македонското малцинство и правата на бегалците го издигна на уште повисоко ниво. А1 дознава дека Груевски му испратил писмо на шефот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.

Во писмото Груевски го запознава Баросо со проблемот на македонското малцинство во Грција и со прашањето на Македонците протерани за време на Граѓанската војна.

Во писмото до шефот на Европската комисија меѓу другото стои:

„Грчките власти на Македонците веќе подолго време им го оспоруваат нивниот идентитет, што претставува директно кршење на меѓународното право. Со децении Грција води силна асимилаторска политика преку забрана за слободно декларирање на нивниот национален идентитет, проследено со систематски мерки за забрана и сурово казнување на македонските активисти“.

Генерално, констатира македонскиот Премиер, припадниците на македонското малцинство во Грција се предмет на силна дискриминаторска политика која води кон исчезнување на македонскиот идентитет во Грција.

Груевски го потсетува Баросо дека Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата ја анализира состојбата на македонската заедница во таа земја и ги охрабрува властите во Грција да продолжат со напорите за подобрување на ситуацијата на припадниците на малцинските групи, вклучително и на македонската заедница.

Натаму во писмото Груевски се задржува на проблемот на бегалците. Ја информира Европската комисија дека тие не можат да ги посетат своите родни места, да добијат грчко државјанство, ниту да ја повратат сопственоста на своите имоти. На крајот од писмото Груевски бара помош од претседателот на Европската комисија.

„Владата на Република Македонија апелира во рамките на вашите надлежности лично да се заложите за доследно почитување од страна на Грција на обврските кои произлегуваат од меѓународните инструменти за човековите права, со посебен акцент врз слободно изразување на етничкиот идентитет и сите права што произлегуваат од тоа. Нашите очекувања се Грција како членка на ЕУ и НАТО да почне дијалог што ќе доведе до исполнување на препораките на Европската комисија“.
reader55 моментално е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Грција, македонското, малцинство

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
ЕФА очекува интернационализација на проблемите на македонското малцинство во Грција BorisVM Дневни Вести 0 18-09-2008 23:30
Груевски ќе испрати писма за македонското малцинство во Грција и до Бан Ки Мун и до Јап де Хоп Шефер BorisVM Дневни Вести 0 22-07-2008 15:50
„Та неа“: Скопје бара поддршка од Еврокомисијата за македонското малцинство во Грција BorisVM Дневни Вести 0 21-07-2008 15:40
Поддршка на идентитетот, јазикот и културата на македонското малцинство во Грција BorisVM Дневни Вести 0 23-01-2008 19:10
Расправа во Европарламентот за македонското малцинство во Грција BorisVM Дневни Вести 0 18-01-2008 18:20


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 00:46.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74 75