Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија

Важни забелешки

Вести и Политика од Македонија Дневни случувања во Македонија.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 27-09-2007, 05:39   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Ogan pod Zvezdite
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: Skopje, Macedonia.
Возраст: 31
Знак: Шкорпија
Мислења: 4.146
Блог записи: 3
Популарност: barba Новодојденец
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно Македонија е добра бизнис дестинација



Цитат:
Македонија е добра бизнис дестинација, им порача македонскиот владин тим на австриските бизнисмени
--------------------------------------------------------------------------------




Виена, 26 септември (МИА) - Приказната за Македонија како успешна бизнис дестинација македонскиот владин тим предводен од заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Зоран Ставревски денеска во Виена ја презенетираше пред стотина претставници на најголемите австриски компании.

Вицепремиерот Ставревски, јави известувачот на МИА од Виена, се осврна на досегашните реформи кои ја раздвижија економијата и придонесоа за најголемиот пораст на бруто домашниот производ, за носењето поволности со проектот регулаторна гилотина и за сите поволности што им се нудат на странските инвеститори во Македонија.

- Забрзаното темпо на спроведување на економските реформи и процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО им дава јасен сигнал на странските инвеститори за постоење политичка и економска стаиблност во земјата, истакна Ставревски.

Низата поволности за инвестирање, стабилната фискална политика, рамниот данок четирите слободни економски зони кои се конкурентни на целиот регион, образованата и квалификуваната работна сила, постигнатите договори со ЦЕФТА, јакнењето на квалитетот на институциите, функционирањето на пазарната економија, се дел од причините зошто Македонија, како што рече Ставрески, е добра дестинација за инвестирање.

На презентацијата тој ги наведе и досегашните добри бизнис-релации со Австрија со надеж дека можноста за регистрирање компании за само четири часа ќе ја искористат што е можно повеќе членки на Австриската федерација за индустрија.

Министерот за финансии Трајко Славевски на австриските инвеститори им ги потврди добрите макоекономски позиции на Македонија како и порастот на странските инвестиции.

- До крајот на 2007 година макроекономските показатели остануват извонредно добри така што годинава ќе заврши со инфлација меѓу два и три проценти и со низок буџетски дефицит помал од еден процент од бруто домашниот производ со што земјата е сигурна за инвестирање, рече Славевски.

Банкарскиот систем и фискалната политика, посочи тој ќе им овозможат на странските инвеститори да се чувствуваат посигурни, бидејќи тие се компатибилни на нивните системи.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ги презентираше можностите за инвестиции во инфраструктурата како транспортните коридори, аеродромите, хотелиерството, недвижнините и телекмуникацискиот сектор.

Јанакиески посебно се задржа на запознавање на австриските бизнисмени со изградбата на Коридорите 8 и 10, како и олеснетата постапка за добивање документација за изградба, а го најави и тендерот за изградба на хотелски комплекс и трговски центар во Охрид.

- До крајот на септември и почетокот на октомври ќе биде распишан тендер за изградба на хотелски комплекс и голем тровски бизнис центар во Охрид, истакна Јанакиески, притоа повикувајќи ги австриските бизнисмени да конкурираат.

Осврнувајќи се на конкретните инвестициски можности во енергетскиот сектор министерката за економија Вера Рафајловска го посочи како грандиозен проект транс-балканскиот нафтовод АМБО меѓу Македонија, Бугарија и Албанија чија инвестициска вредност е околу 1,2 милијарди американски долари.

Рафајловска презентираше и дел од активностите на Владата на Македонија во енергетиката кои се однесуваат на проекти од областа на другите видови обновливи извори - искористување на сончевата енергија, геотермалните води, употребата на био-горивата и испитување на можностите за искористување на енергијата на ветрот.

Презентирајќи ги туристичките потенцијали на Македонија преку дваесетина слајдови, Рафајловска рече дека Македонија се гордее со 992 цркви и манастири од кои само во Охрид има 365, по една за секој ден во годината.

Таа посочи и на можноститите за развој на селскиот и планинскиот туризам, за што рече дека Австрија има огромно искуство, притоа повикувајќи ги австриските бизнисмени со своето искуство да и овозможат на Македонија да стане позната туристичка дестинација во Европа.

Обраќајќи се на потенцијалните австриски инвеститори Рафајловска им рече да ја посетат „лулката на културата - бисерот на природата“ и да ги вложат своите инвестиции во нашата земја.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо зборувајќи за конкретните можности за инвестирање во одделни сектори се фокусираше на четирите слободни економски зони објаснувајќи ги привелегиите за странските инвеститори.

Генералниот секретар на Австриската федерација на индустрија Маркус Бејрер кој ја отвори презентацијата рече дека позитивната бизнис клима треба и натаму да ги охрабри инвеститорите, а гаранција за тоа се скорешниот кандидатски статус за влез во ЕУ, како и усогласената легислатива со австриската.

По завршувањето на презентацијата на проектот „Инвестирајте во Македонија“ македонските министри ќе имаат средби со своите австриски колеги.

Инаку, вицепремиерот Зоран Ставревски во Виена даде интервјуа за дневните весници „Ди Пресе“ и „Стандап“ и за економскиот весник „Вершафтсбак“. паг/дма/14:31
barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
 

Тагови
дестинација, бизнис, добра, Македонија

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Омилена туристичка дестинација Aleksandra Патување и Туризам 22 24-07-2008 21:04
Дестинација на која никогаш не би отишле Magical Storm Патување и Туризам 24 21-06-2008 04:59
Започнување на бизнис во Македонија for dummies TrOtOaRkA Бизнис, Берзи и Економија 19 28-02-2008 10:33
Ерван Фуере: Македонија во добра стартна позиција за либерализација на визниот режим BorisVM Дневни Вести 0 20-01-2008 06:30
Македонија најнепосакувана дестинација Aleksandra Вести од Светот 25 08-04-2007 23:53


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 08:02.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69