Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија

Важни забелешки

Вести и Политика од Македонија Дневни случувања во Македонија.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 06-06-2007, 19:26   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Форум зависник
 
Аватарот на strich
 
Регистриран: Aug 2006
Локација: Bitola, Македонија.
Мислења: 1.001
Популарност: strich ја има оневозможено популарноста
Испратете порака преку ICQ до strich Испратете порака преку MSN до strich
Стандардно Лидери на Косово се криминалци и работат со Македо

ТАЈНИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА ЗА КОСОВО



Политички и воени лидери на Косово се мафијаши што ги злоупотребуваат каноните на Лек Дукаѓини и шверцуваат оружје, дрога, нафта, цигари и друго во Македонија и од Македонија, пишува во тајните документи на Централната разузнавачка служба (ЦИА) на САД.
Од мапите се гледа дека сите косовски кланови шверцуваат дрога, оружје и друго во Македонија. Документите се однесуваат на периодот од втората половина на 2002 година до првите месеци на 2004 година. Нашите извори велат дека истите податоци важат и денес, без никакви позначајни измени.
Во тајните документи се содржани мапи, сателитски снимки и исцрпни анализи.
За лидерите, политички и воени како и за Косовската полициска служба (КПС) и Косовскиот заштитен корпус (КЗК) се наведува дека се мафијаши. За ниту еден од нив нема ниту еден позитивен збор, со исклучок на косовскиот премиер Агим Чеку.
„Повеќето од членовите и лидерите на организираниот криминал биле членови на УЧК. Клановите се и територијално меѓусебе силно поврзани. Силните врски со локалните политичари, со припадници на КПС и на КЗК како и со цариници, им овозможува на овие кланови да развијат силна внатрешна дисциплина. Неслушањето наредби се казнува со смрт, според каноните на Лек Дукаѓини. Законите, буквално не постојат за нив. Било каков вид оружје им е достапно. Имаат силно развиено чувство за самозаштита кое меѓу другото се базира и на тивката поддршка на локалното население“, пишува во анализата на ЦИА во која се заклучува: „Парите владеат, но крвта доаѓа на прво место“.
Според мапата на клановите, западниот дел од протекторатот го држи приватната војска на браќата Рамуш и Даут Харадинај, северниот дел и припаѓа на т.н. група од Дреница. Источниот дел и територијално најголемиот го контролира Рустем Мустафа со фамилијата. Помали територии во централниот и јужниот дел на Косово, но особено значајни поради големиот шверц на дрога и оружје, го држат мафиите на Буја и Сума. Контролата на рогот, делот од Шар Планина што се граничи со Македонија го контролира група наречена „Окото на орелот“.
На мапата на која се прикажани рутите по кои се шверцува оружје и дрога од и во Македонија се гледа дека почнувајќи од запад кон исток шверцерските линии за оружје почнуваат од тетовско Камењане, Шипковица и Слатино. Дрога се шверцува и кај Вратница. Кај месноста Влаин Гроб, односно северно од скопската општина Чучер Сандево се шверцува дрога и оружје. На три места кај областа Рамно се шверцува дрога, а на едно место оружје. Тука, покрај дрогата и оружјето е и кумановското село Лојане, кое е шверцерски центар за овој дел, каде што се носат многу производи што завршуваат на скопските пазари. Линии за шверц на дрога и оружје има и во близина на Табановце и липковскиот крај.
Во досието се сместени и две сателитски снимки на кои се гледа шверц на дрога со маски.


Терористичките групи се уште се активни

ЦИА наведува дека терористичките групи за создавање на Голема Албанија се уште се активни, а најголема е „Албанската национална армија“ (АНА).
Како други позначајни се наведуваат: „Црни орли“, „Црна рака“ и „Леопарди“. Се наведуваат и ОНА и ОВПМБ, но овие формации денес не постојат или делови од нив се дел од погореспоменатите.
Во анализата за АНА се вели дека е поделена во пет оперативни зони. Првата е сместена во Албанија со штаб во близина на Тирана, втората е во Косово надвор од Приштина, третата зона е во Македонија, во близина на Скопје, четвртата е сместена близу Улцињ, Црна Гора и петтата зона која требало да се приклучи на Голема Албанија е сместена кај градот Превеза во Епир, Северна Грција или Чамерија, како што Албанците го нарекуваат овој дел на нашиот јужен сосед.
strich моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Лидери, Косово, криминалци, Македо, работат

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Криминалци ја помагаат ДПА во изборната кампања BorisVM Дневни Вести 0 27-05-2008 04:01
Стокхолм: Мазете ги работниците да работат подобро BorisVM Дневни Вести од Светот 0 08-05-2008 07:40
Спасувачките екипи неуморно работат BorisVM Дневни Вести 0 16-03-2008 22:30
Македонските работници во странство работат нелегално BorisVM Дневни Вести 0 13-03-2008 21:40
Слики од различни OS кој паралелно работат на Mac Satanico Pandemonium UNIX/Linux 2 11-05-2006 09:28


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 08:10.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69