Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија

Важни забелешки

Вести и Политика од Македонија Дневни случувања во Македонија.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 21-12-2007, 14:45   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Форумџија
 
Регистриран: Apr 2007
Локација: Македонија
Мислења: 954
Популарност: Hristo Новодојденец
Испратете порака преку Yahoo до Hristo
Стандардно Крсте Мисирков

По повод промоција на Крсте Мисирков низ Македонија во оорганизација на фондацијата ,Рамковски, чиј претседател е новинарот на ШПИЦ Георги Барбаровски, помеѓу него и Зоран Димитриевски-новинар на ФОКУС се разви инетересна полемика за Крсте Мисирков. Во денешен ШПИЦ се јави и Зоран Тодоровски како спомнат во таа полемика.
„Професионалната етика“ на Барба

Проф.д-р Зоран Тодоровски

(Повод: „Какво национално помирување спречува Мисирков?“ од Георги Барбаровски, „Шпиц“, 19.12.2007)

Осврнувајќи се на пишувањата на „Фокус“ и полемизирајќи со новинарот Зоран Димитриевски, Георги Барбаровски, од само нему познати причини, изгледа да си ја дополни приказната и филмот што си го замислил, тенденциозно, неодговорно и лажно ме интерпретира.
Со цел да си даде значење на „мисијата“ што ја врши, како претседател на фондацијата „Рамковски“, во една егзалтирана еуфорија пишува дека наводно јас сум бил „вториот незадоволник“ во промовирањето на Мисирков низ Македонија. Најпрвин, господине Барбаровски, кој ти дава за право и со која моја изјава ме ставаш во категоријата на „незадоволници“. Значи, не само што измислуваш, туку понатаму во текстот и не го пренесуваш вистинскиот дијалог од нашата средба на овогодишниот Саем на книгата во Скопје. Да те потсетам, бидејќи тоа ти е слаба страна, а може би и така ти одговара? Бидејќи, како што велиш, имавме коректни односи, бев слободен да ти се обратам со зборовите: „Ќе шетате ли кога ќе го објавиме Дневникот на Мисирков?“ (мислев на Државниот архив). А ти дрско ми одговори: „Ако ти напишеш, ќе шетаме!“. На тоа јас ти одговорив: „Не јас што ќе напишам, туку самиот Мисирков што пишува!“.
Искрено, господине Барбаровски, не ти замерувам за некоректното и лажно пренесување на нашиот разговор, бидејќи со објавувањето на две анонимни писма против мене во твојот весник „Време“ се уверив во твојата „професионална“ етика на новинар.
И уште нешто господине Барбаровски. Новопронајдениот Дневник на Мисирков не е „некаков дневник“, туку досега најголем и најзначаен ракопис што потекнува од перото на Мисирков. Значи, господине Барбаровски, ти го признаваш само твојот Мисирков, а не вистинскиот Мисирков со сите свои доблести и лутања. А со констатацијата дека „Државниот архив на Република Македонија со буџетски пари, со парите што ги плаќаат граѓаните на Македонија, објавува мемоари со кои настојува да докаже оти Мисирков се потпишувал како Бугарин и како Србин“, ги повторуваш само отровните пароли на кутрите портпароли-апартчици на СДСМ, Станковиќ и Чеботарев. А дали за тебе, господине Барбаровски, Зборникот на МАНУ „Делото на Крсте Мисирков“, том 1 од Меѓународниот собир по повод стогодишнината од излегувањето на книгата „За Македонцките работи“ (Скопје 2005), каде што во рефератот на д-р Растислав Терзиоски „За некои ставови на К. П. Мисирков за македонското прашање (дилеми и толкувања) Крсте Мисирков се потпишува како „македонски Бугарин“ и Писмата на Крсте Мисирков, повторно од д-р Растислав Терзиоски, а со вовед на проф. д-р Атанас Вангелов, во издание на Државниот архив, требаше да се објават со „буџетски пари, со парите што ги плаќаат граѓаните на Македонија?“. Зошто тогаш, господине Барбаровски, како совесен и доблесен новинар, хроничар и чувар на македонската национална свест, не реагираше?
Е тука, господине Барбаровски, јавно Ве повикувам пред македонската јавност, како претседател на фондацијата „Рамковски“, заедно со госодинот Рамковски и академик Блаже Ристовски (и покрај тоа што досега немавте храброст и доблест да дојдете во Државниот архив да го видите Дневникот на Мисирков и евентуално да ме „подучите“ што да правам со него) доколку ви е до делото и вистината на Мисирков, да го финансирате објавувањето на неговиот Дневник. Покрај заедничкото објавување со Државната агенција „Архиви“ на Република Бугарија, планираме Дневникот посебно да го објавиме во оригинал на руски јазик или, поточно, како што вели академик Блаже Ристовски во Предговорот од првиот том од Собраните дела на Мисирков (Ману, Скопје, 2005): „Македонската наука и го должи тоа на македонската и на странската заинтересирана јавност, а македонскиот народ треба да ја знае полната историска вистина и за Мисирков и за себе“. Јас, господине Брабаровски, целосно се согласувам и го поддржувам вашиот лауреат, академик Ристовски, а ти?
И уште нешто, сосема на крај. Што би направил ти, господине Барбаровски, кога ќе дознаеш дека е пронајден Дневникот на најзначајната личност во македонската историја? Дали како искусен новинар и поет ќе пројавиш интерес тој да се објави, или како поранешен новинар на единствениот весник „Нова Македонија“ ќе го селектираш ракописот и ќе чекаш партиска цензура?

Авторот е директор на Државниот архив на РМ

Hristo моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
 

Тагови
Крсте, Мисирков

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Мисирков побугарчен Makedonski Македонска Историја 97 09-06-2008 22:05
Во Москва промовиран зборникот посветен на Крсте Мисирков BorisVM Дневни Вести од Светот 0 27-05-2008 23:00
КРСТЕ МИСИРКОВ Hristo Вести и Политика од Македонија 0 21-12-2007 14:34
81 година од смртта на Крсте Петков Мисирков slasa Вести и Политика од Македонија 6 04-08-2007 18:56
Крсте Мисирков slasa Македонска Историја 6 22-07-2007 00:13


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 09:08.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69