Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија

Важни забелешки

Вести и Политика од Македонија Дневни случувања во Македонија.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 28-05-2008, 21:10   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
mixm
 
Аватарот на vardarce
 
Регистриран: Jun 2005
Локација: Buenos Aires
Мислења: 9.006
Блог записи: 34
Слики: 11
Популарност: vardarce ја има оневозможено популарноста
Испратете порака преку MSN до vardarce
Стандардно Кодот на Македонците

Во што верува овој народ?

Ќе земам еден пример, пред 20-30 години во Македонската кинематографија се снимени најдобрите филмови и серии кои до ден денес неможе да бидат надминати. "Волшебното самарче", "Булки покрај шините", "Викенд на мртовци", "Македонски Народни Приказни", "Среќна Нова '49", "Тетовирање" и многу други. Како споредба земете го новиот филм на Манчевски, "Сенки", дали некој ќе се сеќава на овој филм после 10 години, кој од вас запамти барем една реплика која ќе се зборува секаде, колку од вас мислат дека актерите се одлични како оние стари актери што повеќе не ни глумат?

Зошто го земав овој пример со нашите филмови и серии. Затоа што тогаш имало еден систем на верување и убедување каде се што се правело било корисно за овој народ. Се што е направено тогаш е квалитетно и корисно денес, се што е направено денес не чини. Вметнат код во самите нас кој не терал да бидеме попродуктивни и покорисни, корисни за тогашните генерации но и за идните генерации.

Денес, што имаме денес? Никој повеќе не верува во ништо, нема институција, нема човек, нема моќ што може нешто да наметне и тоа што ќе го наметне да биде ефикасно. Народот нема повеќе национален идентитет, секој е продадена душа, секој гледа да му забоде на комшијата нож во грб. Затоа имаме толку многу бугарофили, србомани, албанофоби и ред други предавници што слободно прават што сакаат и никој не презема ништо во врска со тоа.

Едно мене не ми е јасно, сите политичари секојдневно не бомбардираат со информациите за влез во "ЕУ", "НАТО", "ЕУ", "НАТО"... , а никој од тие не почнува да не бомбардира со информациите дека ние за една година ќе зeмаме во просек по 1000 евра плата. Неможе влезот во некоја институција да не пали и жари толку многу, а никој од нас да нема леб за јадење. Каде се екомонските програми и идеи? "ЕУ" не носи помош, "ЕУ" бара ние сами да го направиме тоа за да бидеме дел од таа институција, ние сме дел од Европа, а они треба да дојдат кај нас.

Него како се стигнува до тие 1000 евра плата? Кога некој ќе биде доволно моќен и квалитетен ќе преземе драстични чекори кои сите нас има да ги следиме, сите лебот ќе го плаќаме по 50 денари, сите фирми има на први да плаќаат данок, сите има да преминуваме на пешачки, а не 10 метри пред него и нема ни "а" да кажеме во врска со тоа.

Се додека некој асален не преземе нешто секој ќе се подјебава со нас како стаса. Не сме комплетно ние криви, криви ни се гените што го немаме кодот вметнат од раѓање. Добро е што надежта последна умира, ама к*р не е така, пак јас нема, а и сите ние да одиме на одмор ова лето како луѓе.
__________________
Never say never.
3, 2, 1 ... bauuu!
vardarce моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
код, код на македонците

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Себичноста на Македонците, ви се има случено? bibe05 Македонска Дијаспора 13 23-08-2008 14:55
Традиционална средба на Македонците од Егејска Македонија со Македонците од Бугарија и Албанија BorisVM Дневни Вести 0 28-07-2008 04:40
Microsoft ќе го отвори кодот WondeR Софтвер 0 03-03-2008 17:00
ГРЦИЈА ги признала МАКЕДОНЦИТЕ Makedonski Вести и Политика од Македонија 28 27-07-2007 17:25


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 00:45.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74 75