![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Вести и Политика од Македонија Дневни случувања во Македонија. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Администратор Регистриран: Nov 2005 Локација: .
Мислења: 2.745
Популарност: ![]() | Забниот кариес пречка за влез во ЕУ ![]() 12.09.2008 17:23 Со 16 расипани заби кај секој возрасен и седум кај децата, за Македонците вратата за влез во ЕУ е затворена. Катастрофалната состојба со оралното здравје бара брзо решавање на проблемот бидејќи освен името, ова е еден од условите кои Европа ги бара од нас.„Да се намали индексот на кариес, на саканите резултати под три, којшто фактички е и услов за примање на нашата земја во ЕУ“, изјави Бранко Милошевски, раководител на сектор стоматологија во Министерство за здравство. Истражувањата покажале дека само за првите две години од животот, три од четирите трајни шестки кај децата се веќе расипани. Епидемиолошките податоци се поразителни. Додека во Европа има тренд на намалување на кариесот, кај нас децата имаат и по седум расипани заби во устата. „На граѓаните ќе им порачаме, со оглед на тоа што секојдневно се во стоматологијата, да водат сметка за оралното здравје, за здравјето на забите на своите деца затоа што ќе дојде време кога тие ќе ги осудуваат своите родители затоа што денеска тие услуги се бесплатни и достапни“, рече проф. д-р Миле Царчев, национален координатор за превенција. На првачињата годинава ќе им бидат заштитени трајните шестки, со што можноста од кариес ќе биде намалена за 50 проценти. Ова е дел од стратегијата што Македонија веќе започна да ја спроведува. Целта ќе се постигне кога децата до 12 години ќе имаат до три расипани заби. Додека во Данска децата воопшто немаат расипани заби, кај нас тие не одат на стоматолог поради страв или негрижа на родителите. „Ретко одам на забар, нема зошто да одам, немам потреба“, вели десетгодишниот Петар од скопската населба Лисиче. Најстрашно е во руралните средини. Тимовите кои се поделени во осум региони, веќе започнале со агресивна кампања за едукација на родителите и децата. „Доколку едно дете има расипани заби, тоа нема да може да јаде, на тој начин опаѓа имунитетот и заостанува во растот, се среќава со бројни проблеми од типот на забоболка, на отоци, за кои е неопходна терапија“, вели д-р Биљана Гетова, Здравствен дом Валандово. Воочувајќи ја сериозноста од проблемот, министерот Бујар Османи вети дополнителни 50.000 евра, колку што недостасуваат да се реализира проектот. |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 15 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| критериум, hов, прием |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Прием по повод 7-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 13-08-2008 21:10 |
| Апел за прием на Македонија во НАТО | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 20-05-2008 02:50 |
| Заклетвата на ВМРО за прием на нови членови | Bozho | Македонска Историја | 43 | 11-04-2008 03:12 |
| Македонија заслужува прием во НАТО | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 14-03-2008 22:00 |
| Ало вонземјани, прием... | achtung_panzer | Вести од Светот | 0 | 13-10-2007 06:27 |